Спорт
За Нејмар ова неговата „најсреќна“ сезона, блиску е до нов договор со ПСЖ
Неполна година откако јавно изјавуваше дека сака да се врати во Барселона, Нејмар вели дека е среќен во Пари Сен-Жермен и дека преговорите за нов договор се при крај. Бразилецот има договор со „светците“ до јуни 2022 година, но вели дека нема грижи за трансфер.
„Разговараме со ПСЖ, нема никаков притисок. Работите се речиси средени. Се чувствувам добро и многу среќно тука во ПСЖ. Едвај ги чекам и фановите, да ги поздравиме на стадионот. Се надевам дека ќе ја имаме нивната поддршка“, вели Нејмар.
Тој стана најскапиот фудбалер на светот во 2017 година, кога Пари Сен-Жермен платија 222 милиони евра да го откупат неговиот договор од Барселона, и оттогаш има 84 гола во 109 меча, освојувајќи три француски титули во низа, а оваа година заостануваат само еден поен зад лидерот Лил.
Главната цел на сите во Париз, секако е трофејот од Лигата на шампионите, откако лани загубија во финалето од Баерн Минхен, а оваа година се во полуфиналето против Манчестер сити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Обрадовиќ до јуни ќе биде одмор
Жељко Обрадовиќ пред две недели замина од кошаркарскиот клуб Партизан. Девет кратниот европски клупски првак, поднесе оставка на функцијата по серијата лоши резултати.
По заминувањето од Партизан, Обрадовиќ го поврзаа со уште еден „црно-бел“ клуб, ПАОК од Солун. Грчкиот клуб има големи амбиции, а најавени се и сериозни финансиски вложувања.
Обрадовиќ овие шпекулации ги коментираше за грчките медиуми.
„Во моментов немам ништо друго на ум, освен моето семејство.“
До крајот на јуни сигурно нема да работам во ниту еден клуб. Во тој период немам намера да разгледувам никакви понуди за ангажман, без оглед од каде доаѓаат“, рече Обрадовиќ.
Да ве потсетиме дека Обрадовиќ го водеше Партизан четири и пол сезони, а претходно направи едногодишна пауза откако го напушти Фенербахче.
Исто беше и во 2012 година, кога го напушти Панатинаикос, а потоа чекаше една година за да го преземе следниот клуб, што беше токму Фенер.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) ПСЖ го плати 20 милиони за да биде резерва, вчера Сафонов им го донесе Интерконтинеталниот куп
Фудбалерите на ПСЖ се победници на Интерконтиненталниот куп на ФИФА. Во финалето одиграно во Катар, тие победија против Фламенго по подобро изведување на пенали. По регуларните 90 минути и продолженијата, резултатот беше 1:1, а головите ги постигнаа Кваратц за ПСЖ и Жоржињо од пенал за Фламенго.
Во пенал рулетот, во херој се претвори голманот Матвеј Сафонов, кој одбрани дури четири пенали, по што неговите соиграчи го носеа низ теренот на стадионот Катар како херој.
Тој ги одбрани ударите на Саул Нигез, Педро, Лео Переира и Луис Араухо и со тоа ја спречи сензационалната победа на Бразилците над европските шампиони од Париз.
What a penalty shootout from Matvey Safonov ‼️🧤
PARIS SAINT-GERMAIN ARE THE #FIFAIntercontinentalCup CHAMPIONS 🔴🔵🏆 pic.twitter.com/vnwacvVsqb
— DAZN Football (@DAZNFootball) December 17, 2025
Матвеј Сафонов е 26-годишен голман од Краснодар, неговиот роден град и клубот со исто име каде што ги направи своите први фудбалски чекори и стана професионалец. По 175 настапи за сениорскиот тим на Краснодар, Парижаните го доведоа во 2024 година за 20 милиони евра и го претворија во резервен голман.
Минатата сезона, како замена за Џанлуиџи Донарума, тој одигра 17 натпревари, прими 13 гола, на седум натпревари успеа да го одбрани својот гол.
Иако Донарума го напушти ПСЖ ова лето, статусот на Сафонов не се промени и тој сè уште е резерва, сега на Лукас Шевалие (24), за кого ПСЖ, на Лил му плати 40 милиони евра.
Натпреварот со Фламенго беше негов четврти оваа сезона, а во него, со четири одбрани во пенал-серијата, тој стана првиот голман што го сторил тоа во 21 век.
Неговиот договор со ПСЖ важи до 2029 година, а „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 15 милиони евра, што го прави еден од најевтините играчи на ПСЖ.
Спорт
Убиени еквадорски фудбалер и неговата сопруга
Поранешниот репрезентативец на Еквадор и фудбалер на Барселона од Гвајакил, Марио Пинеида (33), им подлегна на повредите по нападот на локалните банди.
Полицијата ја потврди смртта на Пинеида без да даде многу детали. Објавено е дека 33-годишниот дефанзивец на Барселона е убиен. Уште едно лице, чиј идентитет полицијата не го откри, исто така е убиено во инцидентот, а трето е рането. Медиумите наведуваат дека станува збор за неговата сопруга и мајка.
Еквадорските медиуми објавија дека нападот се случил во регионот Саманес на северниот врв на Гвајакил, кој се наоѓа 265 километри југозападно од главниот град Кито.
Пинеида не е првиот фудбалер убиен од куршум. Четири играчи беа убиени оваа година. Со години, државата се бори против криминалните организации кои ги проширија своите операции на територијата на Еквадор во врска со меѓународните нарко-картели.
Terrible.!!
Se confirma la muerte del jugador de Barcelona Mario Pineida en un ataque armado afuera de una carnicería en Samanes 4.
El fútbol ecuatoriano está de luto pic.twitter.com/4rvebawAYO— Emergencias Ec (@EmergenciasEc) December 17, 2025
Марио Пинеида ја започна својата професионална кариера во Индепендиенте дел Вале, каде што играше од 2010 до 2015 година. Потоа, во 2016 година, се пресели во Барселона, со која двапати беше шампион на Еквадор. Исто така, кратко играше во Бразил, за тимот на Флуминенсе (2022), како и за Насионал од Кито (2024).
Одигра девет натпревари за репрезентацијата на Еквадор од 2015 до 2021 година.

