Црна хроника
Велосипедистка тешко повредена по судир со возач на електричен тротинет

Во пладневните часови на 27 април на улицата 11 Октомври во Скопје се случил судир помеѓу тротинет, управуван од Г. С. (36), и велосипед, управуван од 48-годишната Б. Н.
Во незгодата велосипедистката добила тешки повреди, констатирани во Градската општата болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на незгодата увид извршила екипа од скопската полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Малолетник тешко повреден откако возејќи мотоцикл се судри со ауди

Вчера во 18.20 часот во полициската станица Гевгелија било пријавено дека на улицата „Маршал Тито“ во село Стојаково, општина Богданци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди А4“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(47) од Гевгелија и мотоцикл марка „педа“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 17 годишен малолетник, исто така од Гевгелија.
Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Гевгелија. Запознаен е надлежен ЈО, а увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Гевгелија.
Црна хроника
Почина возач, со автомобил излетал од патот

Вчера во 15.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Кочани – Штип, на влез во село Крупиште, општина Карбинци, В.М.Р. (60) од село Крупиште управувајќи патничко возило „форд“ со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од патот.
Возачот од здобиените повреди во несреќата починал на местото на настанот, а смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош – Штип.
Известен е надлежен ЈО, а увид извршила увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Приведени две лица сторители на 14 тешки кражби во Радовиш

Полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш во Радовиш ги лишија од слобода лицата С.Р.(32) и С.А.(28) и двајцата од Радовиш.
Како што информира МВР, лицата се осомничат дека во текот февруари, март и април годинава извршиле 14 кривични дела „тешка кражба“ во колонијални продавници и маркети во населени места на подрачје на Струмица. Констатирано е и дека извршиле три кривични дела – „одземање на моторно возило“, од кои две во Радовиш и едно на подрачје на Штип.
На 2 мај 2025 година врз основа на судски наредби биле извршени претреси во домовите на лицата, при што биле пронајдени предмети кои што ги одзеле при вршење на тешките кражби, како и делови од облеката што ја носеле при вршење на делата. Со лицата биле извршени службени разговори, при што С.А. признал дека учествувал во дел од извршените кривични дела.
Лицата се задржани во полициска станица и бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По преземените мерки С.Р. врз основа на судска наредба на Основен суд Радовиш бил спроведен во Затвор Струмица за издржување казна затвор за кривични дела кои ги имал сторено претходно.
По целосно документирање на случаите против лицата ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство.