Македонија
Во болниците се лекуваат 1.334 пациенти поради компликации од Ковид-19

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците во земјата е 1.334 и има околу 580 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 53 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 566 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие на интерните и на хируршките клиники имало 20 приеми.
Во ковид-центарот во ГОБ “8 Септември“ имало 17 примени пациенти и 13 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не билe примени болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за детски болести. На Институтот за физикална медицина е примен еден нов пациент.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 63 оздравени пациенти.
Во моментот во ковид-центрите на интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 224 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 131 болен, на Клиниката за инфективни болести лежат 144 пациенти, а на Иститутот за белодробни заболувања кај децата во Козле има 22 пациенти. На Клиниката за детски болести има 7 деца и 4 мајки позитивни на коронавирусот, а на ГАК има 5 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 30 болни.
Вкупно 566 пациенти потврдени и сомнителни на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите е на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминатите денови е стабилен и, утрово, до 8 часот, имало 160 слободни места, а се очекува во текот на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и може да згрижат пациенти што имат потреба од кислородна поддршка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Голем пожар до Струмица

Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица меѓу Градските гробишта и селото Баница и зафати огромна површина и со голема брзина се шири кон месноста Софилар и куќите во тој дел на градот.
Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, се работи за пожар од големи размери, кој засега го гаснат 30 пожарникари и 10 возила, а побарана е помош од пожарникарите од Валандово и вклучување на хеликоптер.
Од СВР Струмица попладнево упатија апел до граѓаните да не се движат во делот зафатен со пожар, а лицата кои се затекнати таму веднаш да го напуштат подрачјето.
Македонија
Револуционерна здравствена апликација најавена од министерот Алиу

Пациентите наскоро ќе можат полесно и побрзо да комуницираат со своите лекари преку нова апликација што ја најави министерот за здравство Азир Алиу. Новото софтверско решение е дел од стратегијата за дигитализација на здравствениот систем и ќе овозможи секој пациент во секое време да внесе здравствени параметри – како притисок, шеќер или други индикатори – на кои докторот ќе може веднаш да реагира.
Тој нагласи дека оваа апликација е само дел од поширокиот процес на дигитална трансформација, кој вклучува и усогласување на 12 закони со цел поголема транспарентност и ефикасност во здравството.
Министерот објави и новина во онколошката грижа – третманот на пациенти со карцином веќе нема да биде ограничен само на Скопје. Онколошките услуги ќе бидат дисперзирани и во болниците во Штип, Тетово, Битола и ГОБ „8 Септември“.
– Во завршна фаза сме со изработка на протоколите. Почетно, лекувањето ќе се врши со асистенција преку телемедицина од Скопје, а наскоро очекуваме во овие центри да се воспостават и ЦТ симулатори. Така пациентите ќе добијат квалитетен третман поблиску до своите домови – додаде министерот.
Македонија
Бугарски Несебар ќе го одржува чист Стариот град со електрична машина од ГМ на Брако

Општина Несебар, еден од најпознатите туристички центри во Бугарија, избра да ја одржува чистотата во старото градско јадро со целосно електричната машина GM400ze од брендот Green Machines.
Оваа компактна машина, произведена од компанијата БРАКО, работи без никакви штетни емисии и е идеално решение за чувствителни урбани средини. Благодарение на иновативниот REX систем за рециклирање на воздухот, GM400ze овозможува чистење без подигање прашина, што е особено важно во историски подрачја како што е стариот Несебар, кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО.
Операторите веќе поминаа техничка обука спроведена од овластени претставници на Green Machines во Бугарија и се целосно подготвени за користење на машината. Со својата тивка и прецизна работа, GM400ze е совршено решение за тесни улички, пешачки зони и зони со висока туристичка фрекфенција.
Оваа испорака следи по набавката на моделот GM636 во бугарскиот град Поморие, што уште еднаш ја потврдува присутноста на Green Machines на овој пазар.