Спорт
Алeгри се враќа во Јувентус, Роналдо си оди

Експериментот на Андреа Ањели, Фабио Паратичи и Павел Недвед, со Андреа Пирло како тренер на Јувентус не успеа. „Страта дама“, не само што нема да ја одбрани титулата туку е прашање дали ќе избори пласман во Лигата на шампионите.
Пирло, во наредните недели, или по завршувањето на сезоната ќе добие отказ. Во Јувентус, ќе се врати Масимилијано Алегри, човек кој освои пет титули во Серија А и два пати стигна до финалето во Лигата на шампионите.
Алегри, две години е без работа, откако изненадувачки во 2019 година доби отказ, а на неговото место дојде Маурисио Сари.
Една од причините поради за отказот е и мислењето на Алегри дека Кристијано Роналдо не му е потребен на Јувентус.
Јасно е дека доколку се врати Алегри дека Португалецот ќе замине, а ќе заминат и Адриен Рабио и Арон Рамзи.
Редот за врска, кај Алегри би го формирале Артур, Родриго Бентакур и веројатно некое засилување.
Во клубот сметале дека под палка на Алегри добро би се развивале младите фудбалери: Матијас Де Лихт, Дејан Кулушевски и Федерико Кијеза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ренџерс добија засилување од Борнмут

Глазгов Ренџерс добија нов десен бек. На едно годишна позајмица од Борнмут во Глазгов пристигна 25-годишниот Макс Аронс.
Аронс ја помина претходната полусезона во Валенсија, каде што одигра само четири настапи.
Поранешниот млад репрезентативец на Англија се наметна во дресот на Норич, со кој двапати избори промоција во Премиер лигата. Потоа, во 2023 година, потпиша за Борнмут во трансфер вреден седум милиони фунти.
Во првата сезона, тој одигра 20 натпревари за „црешите“, но во наредната сезона одигра само три натпревари.
Спорт
Ал Наср го отпушти Сетфано Пиоли

Италијанецот Стефано Пиоли повеќе не е тренер на саудискиот фудбалски клуб Ал Наср.
„Пиоли и неговите соработници повеќе не се во тренерскиот штаб на првиот тим“, се вели во соопштението на Ал Наср.
Италијанските медиуми шпекулираат дека Пиоли ќе се врати во Италија и ќе ја преземе Фиорентина.
Тој ја водеше Фиорентина две сезони, до 2019 година, а потоа пет години го водеше Милан, со кого ја освои титулата во Серија А. Тој го напушти Милан на крајот од сезоната 2023/24 и го презеде Ал Наср неколку месеци подоцна, кога Луис Кастро беше отпуштен.
Договорот на играчот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, со клубот истекува во понеделник, но јасно е дека Португалецот ќе ја продолжи соработката.
Ал Наср не бил шампион од 2019 година, а откако Роналдо пристигна пред две и пол години, клубот смени три тренери.
Тимот го освои третото место во првенството оваа сезона и ќе игра во Азиската Лига на шампиони.
Спорт
Хендерсон се договорил со Нотингем Форест

Џордан Хендерсон ќе биде првото засилување на Нотингем Форест во летниот преоден рок.
Поранешниот англиски репрезентативец и легенда на Ливерпул постигна принципиелен договор со „шумарите“. Наскоро ќе потпише двегодишен договор.
Хендерсон се враќа во Премиер лигата по три години. Претходно играше за Ал Етифак во Саудиска Арабија и Ајакс.