Македонија
(Видео) Андоновска: Филипче не обезбеди вакцини, а сега казнува лекари затоа што му дале лек на пациент

Во период на корона-епидемија Филипче и Фондот за здравствено осигурување ги казнуваат матичните лекари, истакна Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Министре, знаете ли дека во овој период ниту еднаш не ги посетивте матичните лекари и не поразговаравте со нив за нивните потреби и услови во кои работат, без никаква помош и поткрепа од вас. И покрај тоа што се преоптоварени и изморени од работа, матичните лекари продолжуваат да работат сѐ со цел да им помогнат на што повеќе граѓани што лутаат низ хаотичниот здравствен систем што вие го создадовте“, рече Андоновска.
Таа го праша министерот Филипче дали заслужиле докторите да бидат казнувани од него и од Фондот за технички работи.
„За некои, пак, има и по повеќе казни. Оттука, казните се движат од 15 илјади денари до 25 илјади денари. За некои ординации достигнуваат дури и до 75 илјади денари. А зошто овие казни? Повеќето се за препорака за лек, неуредна евиденција или запишан во картон, а не и електронски или, пак, обратно – внесен е прегледот во систем, а не е запишан во картон. Министре, и вие сте лекар! Зарем медицински лица се казнуваат во период на епидемија за вакви работи? Зарем вие ако имате можност да препишете некој лек, нема да му го препишете на пациентот, ќе го оставите да чека неколку дена или неколку недели?“, праша Андоновска.
Таа нагласи дека здравствениот систем не функционира, а специјалистички прегледи речиси и да нема и не се достапни. Андоновска вели дека наместо награди за докторите и матичните лекари, Филипче и Фондот за здравство на повеќе од 800 лекари веќе им испратиле известувања и рок за плаќање на казната.
„Вакцини не обезбедивте навреме, здравството го колабиравте, луѓето ги оставивте на милост и немилост, а сега како лекар, наместо да му препишувате лек на пациентот, вие го казнувате. На крајот, вие ќе бидете казнети за овие постапки што ги спроведувате, и тоа од народот“, заклучи Андоновска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ за одлуката за плаќање ДДВ за пратки под 22 евра од странство: До евтините пратки ли и дојде на власта?

Власта донела одлука од 1 ноември, граѓаните да мора да плаќаат ДДВ и за најмалите порачки од странство и тоа за пратки под 22 евра. Па до евтините пратки кои луѓето ги нарачуваат и ги плаќаат скромно ли и дојде на власта?, прашуваат од СДСМ.
„Наместо да ги заштитат интересите на обичниот човек, на младите и семејствата кои преку интернет нарачуваат евтино, Мицкоски и неговата влада избраа да им го олеснат џебот дополнително. Мора ли оваа власт да го дере народот, кај ќе стигне за се и сешто? Зошто се удира по џебот на граѓаните и се ускратува можностада купуваат поевтино онлај? Или Мицкоски до толку е седнат во скутот на олигарсите па удира по народот за да им обезбеди профити по секоја цена?“, прашуваат од СДСМ.
Според партијата, уште еднаш се потврдува дека за Мицкоски и ДПМНЕ профитот на неколкумина моќници и олигарси е поважен од стандардот на народот.
„Ова е уште еден удар врз граѓаните во време кога цените растат, платите мируваат, а економијата е во пад. Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја претвора Македонија во земја каде што богатите стануваат побогати, а обичниот човек плаќа за нивниот луксуз додека не може да врзе крај со крај“, велат од СДСМ.
Македонија
Управниот суд ја отфрли тужбата на Левица против АВМУ

Управниот Суд, на седницата одржана на 6 октомври, донесе Решение со кое ја отфрли тужбата на политичката партија Левица за поништување на Упатството за радиодифузерите за локалните избори 2025 година, донесено од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, соошшти АВМУ.
„Во образложението на Решението на Управниот суд, меѓу другото е наведено дека Агенцијата „во согласност со своите надлежности како јавен орган донела Упатство со кое го пропишува начинот на постапување во извршувањето на одделни одредби од Изборниот законик“. Имено, со донесеното Упатство се појаснува начинот на примена на одредбите од Изборниот законик за распределба на времето за платено политичко рекламирање, распределба на времето во вестите кај Јавниот радиодифузен сервис, бесплатното политичко претставување на Собранискиот канал и за обезбедување пристапност на содржините за изборниот процес“, се наведува во соопштението.
Со ова, велат од АВМУ, како и со претходно донесеното Решение на Основниот граѓански суд – со кое како неоснован се одбива предлогот на политичката партија Левица за издавање привремена мерка за забрана на доставување на Упатството до комерцијалните медиуми, како и за доставување на извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање до ДИК, само уште еднаш се потврдува дека Агенцијата постапува согласно законските прописи и професионално ги спроведува законските решенија.
Македонија
Обвинение за омраза кон директорот на Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија: Извикувал нацистички поздрави и пцуел на германски јазик

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за кривично дело предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз основа на национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.
Во спроведената претходна постапка, јавниот обвинител обезбеди докази со кои се потврдува основаноста на сомненијата дека обвинетиот го извршил делото кон припадник на еврејската заедница – директор на Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија.
На 26.12.2024 година, пред просториите на Фондот на улицата „11-ти Март“ во Скопје, додека оштетениот ги извршувал своите работни задачи, пред влезот поминал обвинетиот кој бил агресивен. Тој со гнев и омраза го свртел погледот кон оштетениот и започнал да гестикулира и да извикува нацистички поздрави, да пцуе и да упатува навредливи зборови на германски јазик.
Потоа се обидел да замине, но оштетениот веднаш пристапил кон полициското возило во близина и го пријавил. Кога полициските службеници му пристапиле на обвинетиот 59-годишник за да го легитимираат, тој продолжил да се заканува, па оштетениот почувствувал загрозување, несигурност и страв и се повлекол во просториите на музејот.