Надворешна политика
Вељаноски оствари средба со новоименуваниот холандски амбасадор Ваутер Пломп
Собранискиот спикер Трајко Вељаноски во средата оствари протоколарна средба со новоименуваниот амбасадор на Холандија, Вилем Ваутер Пломп, при што двајцата соговорници изразија надеж дека успешната соработка која Собранието ја имаше со претходните амбасадори ќе продолжи и понатаму.
Собранискиот спикер Трајко Вељаноски во средата оствари протоколарна средба со новоименуваниот амбасадор на Холандија, Вилем Ваутер Пломп, при што двајцата соговорници изразија надеж дека успешната соработка која Собранието ја имаше со претходните амбасадори ќе продолжи и понатаму.
Амбасадорот Пломп се заблагодари за можноста да се сретне со претседателот Вељаноски и истакна дека Амбасадата на Холандија е подготвена за натамошна поддршка за интеграција на Македонија во членството во ЕУ и НАТО, како и на парламентарна соработка меѓу двете земји, како на ниво на претседатли на парламенти, така и на ниво на пратеници и групи за соработка.
Пломп ги поздрави двата големи чекори за Македонија, враќањето на пратениците од опозицијата во Собранието на Република Македонија и договорот за Специјалниот јавен обвинител.
Вељаноски истакна дека Македонија и Холандија имаат одлична билатерална соработка и дека Македонија е благодарна на поддршката која ја добива во однос на предизвиците со кои се соочува на патот на евроинтеграциите. Двајцата соговорници се согласија дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан е од особено значење не само за регионот туку и за Европа во целина.
На средбата се разговараше и за тековните активности во Собранието и моменталната политичка ситуација во Република Македонија. Исто така, се разговараше и за големиот наплив на мигранти од Блискиот Исток со кои се соочува Република Македонија и како таа состојба да се надмине во скоро време. Претседателот Вељаноски истакна дека Република Македонија прави големи напори и ги почитува сите меѓународни протоколи за овие кризни состојби.
На крај на средбата, Вељаноски ја потенцираше отвореноста на Собранието на Република Македонија и Кабинетот на претседателот за сите нови идеи за соработка и континуирана комуникација со амбасадата на Холандија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.