Црна хроника
Кривична пријава за екс директорката на Клиниката за радиотерапија и онкологија
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување поднесе во понеделник Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, против 44 годишната С.Ц., поранешен директор на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија-Скопје.
Таа во текот на 2011 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување со непочитување на одредбите наведени во договорот за набавка на лекови, како и со наведување на лекови во спецификацијата за набавка, кои според дозата и јачината не се на позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување на Р. Македонија, предизвикала штета на Фондот во износ од 6.372.691,60 денари и Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија во износ од 15.173.399,00 денари или вкупно во износ од 21.546.080,60 денари.
Имено во текот на 2011 година била донесена Одлука врз основа на која е спроведена постапка на јавна набавка на услуги за потребите на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија за 2011/2012 која се однесувала на набавка на лекови кои се на товар на ФЗОМ.
Покрај другото како дел од тендерската документација била приложена и спецификацијата на лекови меѓу кои и лекот-цитостатик со генеричко име Docetaxel od 20mg/0,5ml и Docetaxel od 80mg/2ml. Со цел да се одбере најповолна понуда била спроведена електронска аукција, пришто како најповолен понудувач на лекот-цитостатик бил избран „Алкалоид Конс“ кој за Docetaxel od 20mg/0,5ml понудил цена од 733,95 денари, а пак, за Docetaxel od 80mg/2ml цена од 1.815,45 денари, по што директорката С.Ц. со „Алклалоид Конс“на 29.07.2011 година склучила договор за набавка на лекови за потребите на клиниката за 2011/2012 година.
Меѓутоа еден ден пред потпишувањето на овој договор, тогашната директорка на Клиниката за радиотерапија и онкологија од добавувачите „Алкалоид Конс“ и „Др. Пановски“ извршила набавка на лековите-цитостатици (по 120 ампули од цитостатикот-Docetaxel од двете дозежни форми, 80mg/2ml и 20mg/0,5ml), иако знаела дека во Клиничката аптека има залиха од наведените лекови, (која согласно динамиката на трошење во претходниот период би се задоволиле потребите на клиниката за наредните два до четири месеци), а исто така цената на лекот била драстично поголема, согласно договорот од 2010/2011 година.
Имено, цената на лекот Docetaxel od 20mg/0,5ml, согласно договорот од 2010/2011 изнесувала 11.446,28 денари, а согласно договорот од 2011/2012 изнесува 733.95 денари, а пак за лекот Docetaxel od 80mg/2ml согласно договорот од 2010/2011 цената изнесува 44.208,80 денари, а согласно договорот од 2011/2012 е 1.815,45 денари и на овој начин го оштетила ФЗОМ за износ од 6.372.681,60 денари.
Исто така, С.Ц. без консултација со стручниот колегиум на клиниката, изготвила спецификација на лекови (составен дел од документацијата за јавната набавка) и во истата специфицирала лекови со дозажна форма и јачина кои не се на позитивната листа на ФЗОМ, потоа за истите склучила договори со најповолните понудувачи и вршела набавка на лекови согласно овие договори, пришто предизвикала штета на Клиниката за износ од 15.173.399,00 денари. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
(Видео) Уапсен скопјанец, при преглед кај него и престрес на дом пронајдени околу два килограми марихуана
Вчера од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје по претходно добиени оперативни сознанија на улицата „Христо Татарчев“ извршено е легитимирање и преглед на С.М. од Скопје.
При извршениот преглед пронајдена е марихуана, дигитална вага и поголема сума на пари, а при преглед на патничкото возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.М. пронајдена е поголелема количина марихуана.
По претходно добиена наредба извршен е и претрес на дом каде што престојувал С.М. при што во помошната подрумска просторија од станот пронајдена е голема количина на марихуана и две дигитални ваги.
С.М. е лишен од слобода известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Почината жена пронајдена во куќа во Струга
Вчера во 17:20 часот во ОВР Струга, од Итната медицинска помош Струга е пријавено дека во куќа на ул.„15-ти Корпус“ во Струга, сопственост на Р.М.(55) од Струга, пронајдена е почината Б.В.(56) од Струга.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга, информира полицијата.
Црна хроника
Тетовец извршил обљуба врз малолетно девојче
Татко пријавил во полиција дека маж од Тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
Имено на 10.11.2025 во 15:00 часот во ОВР Дебар, 41-годишен маж од дебарско пријавил дека лице од тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

