Црна хроника
Се тепале средношколци, а потоа професори истепале ученици
Ученичка била нападната во средното хемиско училиште „Марија Кири – Склодовска“, а потоа професори истепале двајца ученици во ова училиште, соопшти МВР.
Во среда околу 15.30 часот пред влезната врата на училиштето ученик удрил ученичка во рамото и десниот образ.
По ова, средношколката му се пожалила на дваесет и четиригодишен професор по хемија кој повикал медицинска помош. Девојчето било пренесено во Градската болница, каде била задржана на понатамошни испитувања.
Професорот по хемија лут бидејќи ученичката била нападната истепал петнаесетгодишен ученик, го влечел за десното уво, а потоа го удрил со тупаница во десното рамо.
Интервенирало обезбедувањето на училиштето и го спречиле професорот да го тепа средношколецот.
Професор по англиски јазик на дваесет и осумгодишна возраст без причина го влечел за десната рака и го турнал по скалите ученикот М.И. ( 16) од Скопје.
Во понатамошниот напад бил спречен од помошник директорот .
Во првиот случај полицијата презема мерки за расчистување на физичкиот напад , а против двајцата професори ќе бидат поднесени прекршочни пријави за извршен физички напад./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадец влегол преку незаклучена врата: ѝ го украл накитот на скопјанка, ја турнал и побегнал
Ноќеска во 22:50 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од скопско пријавила дека на 25.10.2025 околу 19:00 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар, едно лице влегло преку незаклучена врата.
Откако влегло лицето и одзело личен накит, а откако пријавителката го затекнала, лицето ја турнало и се дало во бегство.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Прегазена 76-годишна скопјанка
Вчера околу 09:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„16 Македонска бригада“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(26) од Скопје, удрило во 76-годишната М.Г. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Измамен скопјанец: лажно му се претставил дека е полицаец и го ограбил
Вчера во 11:10 часот во СВР Скопје, М.А.(61) од Скопје пријави дека ноќта околу 00:30 часот на подрачјето на Гази Баба, додека бил во своето патничко возило, едно лице кое му се претставило дека наводно е полициски службеник, му одзело документи од возилото.
Потоа, според пријавеното, му рекол на М.А. да влезе во друго возило и му одзел пари и платежна картичка и подоцна го симнал на подрачјето на општина Аеродром.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

