Македонија
Регистрирани 67 новозаболени и 31 починат од Ковид-19
Во последните 24 часа направени се 1.169 тестирања, а регистрирани се 67 нови случаи на Ковид-19, и тоа во:
Скопе – 28, Куманово – 8, Гостивар и Охрид – по 4, Прилеп, Тетово, Битола, Кавадарци и Штип – по 3, Струга, Кичево и Ресен – по 2, Свети Николе и Кратово – по 1.
Регистрирани се 782 оздравени пациенти, и тоа во: Скопје – 267, Струмица – 151, Кавадарци – 54, Прилеп – 43, Битола – 40, Куманово -29, Валандово – 23, Штип – 22, Неготино – 15, Велес и Охрид – по 14, Кочани – 13, Крива Паланка – 12, Виница – 11, Тетово и Гевгелија – по 9, Свети Николе и Делчево – по 8, Гостивар – 7, Кичево и Пробиштип – по 5, Демир Капија – 4, Радовиш, Крушево и Македонска Каменица – по 3, Богданци и Кратово – по 2, Струга, Ресен, Берово, Македонски Брод, Пехчево и Дојран – по 1.
Пријавени се вкупно 31 починато лице: 9 од Скопје (42, 64, 68, 68, 72, 73, 77, 77, 86), 4 починати лица од Тетово (66, 73г,75, 78), 3 починати лица од Велес (64, 72, 73), по 2 починати лица од Битола (43, 68), Охрид (45, 87), Струга (54, 64) и Берово (43, 82) и по 1 починато лице од Куманово (59), Прилеп (70), Кавадарци (82), Кочани (63), Радовиш(60), Виница (67) и Пробиштип (71). Од починатите, 28 се во болнички, а 3 во домашни услови.
Направени се 1.169 теста преку: ИЈЗ – 76, ЦЈЗ Скопје – 0, ЦЈЗ Битола – 19, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8 „Септември“ – 34, Институт за микробиологија – 0, МАНУ – 53, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 160, „Авицена“ – 0, „Биотек“ – 207, „Систина“ – 143, лабораторија „Лаор“ – 0, „Синлаб“ – 7, „Ремедика“ – 0, „Плодност“ – 32, „Генеа“ – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 438.
Досега во земјата се направени вкупно 726.409 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.814, бројката на оздравени пациенти е 134.653, на починати е 4.992, а бројот на активни случаи изнесува 13.169.
Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 67.516, активни 6.124
Куманово 8.572, активни 968
Прилеп 8.191, активни 586
Тетово 7.125, активни 521
Битола 6.170, активни 829
Велес 5.411, активни 457
Гостивар 5.124, активни 327
Кавадарци 5.121, активни 313
Охрид 4.922, активни 444
Штип 4.903, активни 312
Струмица 4.021, активни 319
Струга 2.946, активни 155
Кочани 2.728, активни 169
Кичево 2.478, активни 246
Гевгелија 2.178, активни 206
Неготино 2.159, активни 169
Свети Николе 1.494, активни 101
Ресен 1.210, активни 187
Крива Паланка 1.208, активни 48
Радовиш 1.091, активни 91
Берово 1.015, активни 31
Делчево 952, активни 76
Дебар 931, активни 32
Виница 825, активни 117
Пробиштип 773, активни 20
Валандово 660, активни 30
Богданци 491, активни 55
Крушево 481, активни 95
Демир Капија 394, активни 20
Демир Хисар 388, активни 66
Македонски Брод 355, активни 17
Кратово 354, активни 5
Пехчево 262, активни 15
Македонска Каменица 233, активни 13
Дојран 132, активни 5
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка
Утрово најстудено на Попова Шапка каде што се измерени -7 степени, -4 било во Берово и Mаврови Анови, -3 во Kрушево, -2 во Крива Паланка, -1 во Тетово, Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, 1 во Охрид, Претор, Битола, Велес, Кавадарци, 2 Демир Капија, Струмица, 3 Гевгелија.
Количина на врнежи за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
26 Гевгелија, 20 Демир Капија, 17 Струмица, Mаврови Анови, 15 Kрушево, 13 Скопје-Петровец, Попова Шапка, 12 Кавадарци, Пожаране, 10 Берово, Велес, Ѓуриште, 9 Тетово, Битола, 6 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 5 Виница, 3 Претор, Прилеп, Тополчани, 2 Крива Паланка, Пожар-Радовиш, 1 Охрид.
Висина на снежна покривка до 07 часот во (cm)
50 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 5 Берово, 2 Ѓуриште.
Времето денеска
Променливо облачно со повремен локален дожд и снег со слаб интензитет, претежно во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

