Спорт
Мурињо во Италија пак ќе се судри со стариот непријател Конте
Жозе Мурињо се врати во италијанскиот фудбал како нов тренер на Рома од следната сезона и сега повторно ќе има шанса да се сретне со својот стар непријател Антонио Конте, кој ќе биде на чело на неговиот поранешен клуб, сега нов шампион на Италија, Интер.
Двајцата првпат се сретнаа во 2009 година кога Конте беше тренер на Аталанта и одиграа 1:1 во Бергамо. Но, вистинскиот конфликт почна во октомври 2016 година кога Специјалниот беше навреден од прославата на Конте во последните минути од мечот Челси – Манчестер јунајтед.
Челси го победи Јунајтед со 4:0 на „Стемфорд бриџ“ и фрустрацијата на Мурињо беше јасна кога му кажа на Конте: „Не прославуваш така на 4:0, туку на 1:0, инаку е срамота“.
Во март 2017 Челси и Јунајтед повторно се сретнаа во ФА-купот во меч во кој Андер Ерера доби црвен картон, а по жалењето на Мурињо, Конте одговори со напаѓањето на тактиката на Португалецот. На крајот на сезоната тој удри уште еднаш по Мурињо.
„Пред две години Челси беше на 10. место. Не смееме да дозволиме сезона како под Мурињо повторно“, изјави тогаш Конте.
Мурињо, пак, удри: „Би можел да одговорам на многу начини, но нема да си ја губам косата зборувајќи за Антонио Конте“, јасно посочувајќи на трансплантацијата на коса на Италијанецот.
Во октомври 2017 година Мурињо повторно го коментира Конте: „Никогаш не зборувам за повреди. Други менаџери само плачат, плачат“. Конте беше лут: „Нека си го гледа својот тим, а не мојот. Мурињо сака да знае што се случува во Челси“.
Во 2018 година нова контроверзија кога Португалецот го нарече Конте кловн.
„Ако не се однесувам како кловн на линијата, не значи дека сум ја загубил страста. Се однесувам многу позрело, многу подобро за мене и за мојот тим. Не треба да се однесуваш како лудак за да имаш страст“, изјави Мурињо.
Конте одговори уште поостро обвинувајќи го Мурињо за сенилност.
„Нека се види што правеше тој во минатото, можеби зборуваше за тоа. Можеби понекогаш ги заборава работите што ги кажувал и ги правел во минатото“, изјави Италијанецот.
Ова не беше крај. Мурињо одговори со споменувањето на суспензијата за местење мечеви на Конте од 2012 кога Италијанската федерација го обвини Конте дека не ги известил за обид за местење додека беше тренер на Сиена.
„Јас никогаш не сум бил суспендиран за местење мечеви. Тоа нема да се случи“, изјави Мурињо.
Како и да е, ќе биде интересно.
Совршена шега: Мурињо потпиша дрес со Антонио Конте на грбот
Конте ќе си ги „изеде“ зборовите од јули: Да избегнеме „Мурињо сезона“ со Челси!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Италијанско дерби во осминафиналето во Лига Европа
Во седиштето на УЕФА, во Нион, беа извлечени двојките за осминафинаето во Лига Европа Оваа фаза од ова натпреварување на УЕФА ќе го обелижи италијанската пресметка меѓу Болоња и Рома, а внимание секако привлекува и германско-портигалската пресметка Ѓтитгарт-Порто.
Осминафинални двојки:
Генк – Фрајбург
Болоња – Рома
Ференцварош – Брага
Штутгарт – Порто
Панатинаикос – Бетис
Селта – Лион
Нотинген Форест – Митјиланд
Лил – Астон Вила
Датуми на преостанатите фази од ЛШ
Осминафинале: 12 и 19 март
Четвртфинале: 9 и 16 април
Полуфинале: 30 април и 7 мај
Финале: 20.мај 2026 година (Истанбул)
Спорт
Сити повторно против Реал, ПСЖ оди на Челзи
Во седиштето на УЕФА, во Нион, беа извлечени двојките за осминафинаето во Лигата на шампионите. Две средби ќе привлечат најфголемо внимание во оваа фаза, актуелниот првак ПСЖ ќе игра против Челзи, а ждрепката повторно ги спои Манчестер Сити и Реал Мадрид.
Осминафинални двојки:
Манчестер Сити – Реал Мадрид
Боде/Глимт – Спортинг Лисабон
ПСЖ – Челзи
Њукасл – Барселона
Галтасарај – Ливерпул
Атлетико Мадрид – Тотенхем
Аталанта – Баерн Минхен
Ваер Леверкузен – Арсенал
Датуми на преостанатите фази од ЛШ
Осминафинале: 10/11 и 17/18. март
Четвртфинале: 7/8 и 14/15 април
Полуфинале: 28/29. април и 5/6 мај
Финале: 30.мај 2026 година (Будимпешта)
Патот до финалето:

Спорт
Македонија апсолутен фаворит против Луксембург
Вечерва (18.00 часот), во салата во „Градски парк“ во Скопје, нашите најдобри кошаркари бараат и трета победа по ред во „А“ групата од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 година, два бода со кои ќе бидеме многу поблиску до целта – премин во следниот натпреварувачки круг.
По многу годин, поточно од 9.септември, 2006 година, Македонија ќе биде во улога на домаќин во салата во „Градски парк“, комплетно реновирана во изминатиот период, и подготвена да ги прими сите заинтересирани за вечерашниот дуел, во кој на теренот „црвено-жолтите“ уште еднаш ќе ги поведе Војдан Стојановски.
Капитенот на Македонија е запознат со квалитетите на вечерашниот противник:
„Играме против Луксембург, една добра репрезентација во која шутираат сите кои што се во моментот на теренот. Селекција која игра без класичен центар, што говори дека форсираат брза игра за која треба да најдеме соодветен одговор“ – смета Стојановски.
Предводникот на нашиот национален тим вели дека енергетскито момент е еден од оние кои ќе го донесат веројтно и клучниот дел од дуелот во „Градски парк“. Заедно со добра дефанзива која црвено-жолтите“ треба да ја презентиираат во дуелот со селекциката која исто така има две победи во првите две кола од претквалификациите.
„Наше е да дадеме се од себе, да го потрошиме и оној последен атом од нас. Да имаме добра енергија и тоа како потребна за ваков вид на натпревари. И со една добра игра во одбраната да стигнеме до победата“ – потенцира Стојановски.
Извор и Фото/ mkd.basketball

