Контакт

Надворешна политика

Преку посилно граѓанско општество до целосна интеграцијата на Балканот во ЕУ

Објавено пред

Решавањето на билатералните прашања, миграцијата, климатските промени, младинската соработка и демократското владеење беа централните теми на кои се дискутираше на Форумот на граѓанското општество кој се оддржа во понеделникот во Париз, организиран паралелно со Третиот самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес.

dobivaj vesti na viber

Од Париз за Макфакс, Бојан Стојковски

 

Учесниците на Форумот формулираа и препораки во однос на темите на кои беше разговарано, а кои потоа беа предадени до австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц и францускиот државен секретар за европски прашања, Харлем Десир. Во рамките на работилницата за билатерални прашања, на која учествуваше и Макфакс, беа формулирани повеќе препораки во однос на тоа како да се помогне овие прашања да бидат решени што поскоро, се со цел повеќе да нема блокади на патот кон ЕУ.

„Сметаме дека улогата на граѓанското општество е поддржувачка, тоа може да понуди експертизи, да создаде позитивна атмосфера и средина каде што може да се постигне помирување помеѓу општествата во решавањето на прашањата. Практично, сметаме дека форматот на Западен Балкан треба да биде проширен и со уште неколку земји членки за да се забрза решавањето на билатерланите прашања, односно земји како што се Грција, Бугарија, Романија. Второ, го поддржуваме создавањето на Фондот за Западен Балкан, кој доколку би бил формиран би понудил средства и услуги за организациите од граѓанското општество кои се вклучени во решавањето на билатералните прашања. Потоа имаме и предлог до ЕУ да назначи специјален координатор за решавањето на билатералните прашања“, изјави Сенада Сабиќ, координатор на работилницата и аналитичар во Институтот за развој и меѓународни односи.

Во дебатата учествуваа и европарламентарците Ричард Ховит, Тања Фајон, Алојз Петерле и Улрика Луначек, а според кои повеќе од јасно е дека граѓанското општество има силна улога во евроинтеграциите на Западен Балкан.

„Верувам дека неопходно треба да го засилиме граѓанското општество особено во регионот,  поради тоа што таму има слаби парламенти и слаби демократии, и мора граѓаните да се мобилизираат многу повеќе отколку претходно. По Брексит, мораме да бидеме искрени за реалноста, ЕУ не е иста како што беше порано. Живееме во период на несигурност и неопходна е трансформација, исто така и во поглед на проширувањето на ЕУ. Едно нешто е сигурно, а тоа е дека проширувањето и треба на Унијата“, изјави словенечката европратеничка Тања Фајон.

Според британскиот европратеник и поранешен известувач за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит, кога се работи за билатералните прашања, многу е важно тие да не бидат и мултилатерални  прашања, односно земјите кандидати да не бидат заложници на ваквите спорови.

„Делумно се работи за историјата наспроти иднината, бидејќи историјата е особено силна мотивација во политиката, но нормално е препрека за одењето напред. Поместувањето на историјата од минатото во иднината е важен начин за да се помести контекстот во кој ќе се решат овие прашања. Второ, билатералните прашања се билатерални, а не мултилатерални, и затоа тие треба да бидат надвор од процесот за проширувањето, со што ниедна земја не би била заложник на овие прашања. Во поглед на посредувањето, сметам дека е добра идеја, но постојат проблеми во поглед на ресурсите и политичката волја бидејќи некои од билатералните прашања вклучуваат и земји членки така што на претставниците од ЕУ им е тешко да им зборуваат на членките дека се виновни за тоа. Можеби е потребна некаква независна улога, постои голема потреба за ова. Постојат и начини за да се зголеми мотивацијата за решавањето на овие прашања, како на пример отворањето повеќе поглавја. Како политичари понекогаш треба да бидете доста цврсти, а понекогаш да покажете лидерство и да направите избори, а граѓанското општество може да помогне во ова, да создадат средина  каде што на политичарите ќе им биде полесно да ги донесат овие одлуки“, порача Ховит.

Европската унија не се наоѓа во моменталната состојба поради проширувањето, постојат многу други прашања за тоа, смета словенечкиот европратеник  Алојз Петерле.

„Многумина од моите колеги не сакаат повеќе да го користат терминот „проширување“, сакаат да се промени терминологијата, но за мене е битно да не заврши перспективата и процесот, не ја менувајте терминологијата, менувајте ја динамиката. Исто така не треба да се дозволи две асиметрични слики, бидејќи статусот на земјите од Западен Балкан е различен, така што имате една земја која веќе 10 години е целосно блокирана, други две се во ветувачка состојба и сметам дека овие асиметрични слики не се добри за земјите членки но и за иднината на регионот. Проширувањето е само одложен дел од историското проширување кое настана во 2004-та година. Сметам дека во овој период релевантоста на Западен Балкан е уште поважна. Проблемите со кои ЕУ се соочува сега не беа предизивкани од проширувањето, постојат други причини за тоа а проширувањето во многу аспекти имаше лековит ефект врз Унијата“, вели Петерле.

За австриската европратеничка и потпретседател на Европскиот парламент, Улрике Луначек, вклученоста на граѓанското општество во решавањето на билатералните прашања ќе се добие и гаранција за спроведувањето на сите евентуални решенија на овие проблеми.

„Доколку сакате да одите напред не можете минатото едноставно да го оставите назад, но исто така важно е да се помирите со тоа што се случило. Сметаме дека има потреба да се решат билатералните прашања, а доколку во процесот навремено е вклучено и граѓанското општество, тогаш тоа ќе биде гарант дека решенијата ќе биде спроведени од страна на сите.

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц, пак, ги повтори заложбите на неговата земја за европската перспектива на регионот, потенцирајќи ја улогата на граѓанското општество.

„Јасно е дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ, нема сомневања за ова и резултатите од Brexit треба да претставуваат предупредување за сите нас да ги имплементираме неопходни реформи на европско ниво, и нема да ги промени нашата посветеност кон европската перспектива на Западен Балкан. Граѓанското општество има силна улога во ова, за да се постигне напредок во понекогаш тешките реформи и во одбраната на демократијата и човековите права“, порача Курц.

Францускиот министер Десир, пак, потенцираше дека за интеграцијата на Балканот во Унијата е потребно и силно граѓанско општество, а пак безбедноста на ЕУ ја поврза со соработката со балканските држави, бидејќи „ЕУ никогаш нема да биде комплетна без целосната интеграцијата на Западниот Балкан“./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет21 минута

Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб „Џет Сет“ се искачи на 184

Бројот на загинати во уривањето на покривот во ноќниот клуб „Џет Сет“ во Санто Доминго се искачи на најмалку 184,...

Свет53 минути

Кина со години се подготвува за царините на Трамп, вели уредник на „Економист“

Кина внимателно и долгорочно се подготвуваше за царините од Вашингтон и има низа краткорочни и долгорочни контрамерки, тврди Дејвид Рени,...

Свет1 час

Трамп: Ако пропаднат преговорите со Иран, ќе следи воена акција

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли можноста за исклучување воена интервенција против Иран, додека високи американски претставници се подготвуваат за...

Свет1 час

Америка тврди дека го почитува суверенитетот на Панама во Панамскиот канал

Соединетите Држави го почитуваат суверенитетот на Панама во Панамскиот канал, изјавија панамскиот министер Френк Абрего и американскиот министер Пит Хегсет...

Свет1 час

Трамп: Кси е еден од најпаметните луѓе во светот, тој точно знае што треба да направи

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе паузира некои од своите нови царини на 90 дена и дека дополнително...

Свет1 час

Макрон: Франција би можела да ја признае Палестина

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Париз може да ја признае палестинската држава во јуни, додавајќи дека за возврат некои...

Свет10 часа

Трамп зборуваше за одлуката да ги стопира царините три месеци: „Луѓето стануваа малку нервозни“

Претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека последниве денови го следел пазарот на обврзници и укажа дека тоа било еден...

Свет13 часа

Трамп ги стопира царините на 90 дена за сите освен за Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп штотуку објави дека ги суспендира царините на 90 дена за сите, освен за Кина. „Врз основа...

Свет14 часа

Германија го укинува забрзаното доделување државјанства, го ограничува и бројот на работници од Западен Балкан

Денес формираната владејачк црно-црвена коалиција на конзервативните демохристијани и социјалдемократите на Германија се согласила во коалицискиот договор да го откаже...

Македонија18 часа

(Видео) Кажале дека бараат часовник што го изгубил затвореник додека си играл со кучката Цеца, а барале кокаин и марихуана во топка, кривични за штипски затворски полицајци

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, поднесе кривични пријави против неколкумина затворски полицајци од затворот во Штип...

Македонија18 часа

Определен 30 дена притвор за директорот на Геријатрија

Судот им определи 30 дена притвор на директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин...

Македонија20 часа

ССМ на состанок во Владата: Дојдовме да им кажеме на функционерите дека треба да живеат на минималец ако не ги зголемат платите

Делегација од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) точно напладне влезе на состанок со претставници од Владата. Претседателот на ССМ,...

Македонија22 часа

Четворица од повредените лица во пожарот во Кочани денеска се враќаат од странство

Министерството за здравство информира дека денеска се враќаат четворица од повредените лица во пожарот во Кочани, кои се лекуваа во...

Македонија22 часа

„Трошки за работниците наместо вистинско зголемување на платите, Владата ги извиси граѓаните“, велат од СДСМ

„Наместо вистинско и реално зголемување на платите, владата ги извиси работниците. Власта им фрла трошки на работниците со покачување од...

Македонија22 часа

„Десетици нови дестинации од двата домашни аеродрома и преговори за десетина нови авиолинии“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување нови авиокомпании и нови авиолинии. Во фокусот е развој на авиосообраќајот и зголемување...

Македонија23 часа

(Видео) Мециновиќ побара да не се носи закон за медиуми без дискусија со медиумите

„Јас барам точката седумнаесет, а тоа е предлог на Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за медиумите во прво...

Македонија24 часа

ДУИ: Изјавите на Изет Меџити се шокантни и длабоко вознемирувачки

„Изјавите дадени вчера од Изет Меџити, еден од раководителите на една мала партија во рамки на владината коалиција, се шокантни...

Македонија24 часа

Состојбата на другите четворица пациенти од пожарот во Кочани во „Пирогов“ и понатаму е сериозна, но стабилна, изјави Аргирова

Состојбата на другите четворица пациенти во „Пирогов“ сѐ уште е сериозна, но стабилна. Ова во „Денот почнува“ го изјави раководителот на...

Свет1 ден

„Сам нека си ги одгледува кокошките“: кинеските социјални мрежи преполни со пораки против Трамп

Додека Кина се подготвува за царини од 104 отсто на голем дел од извозот во Америка, на кинеските социјални мрежи...

Свет1 ден

(Видео) Се урна покрив на ноќен клуб во Доминиканската Република, загинаа најмалку 79 лица

Според последните извештаи, најмалку 79 луѓе загинале, а 155 се повредени при уривање на покрив на ноќен клуб во главниот...