Спорт
Клоп им порача на Невил и Карагер да не предизвикуваат бунтови

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, вели дека минатонеделните протести пред „Олд Трафорд“, кои го одложија дербито со Манчестер јунајтед, ја поминале границата со насилството и им порача на Гери Невил, Џејми Карагер и другите ТВ-коментатори и експерти да не ја вжештуваат ситуацијата.
„Дали сум изненаден од работите? Не, целосно верувам во демократија и луѓето треба да го кажат своето мислење. Но, во вакви ситуации често настрадува нешто. Затоа и една недела претходно кажував дека кога овие стручњаци бараат протести, треба да ги смируваат луѓето. Не знам што точно се случи, но слушнав дека еден полицаец е повреден и тоа не смее да се случува. Кога нешто ќе стане насилно, престанува да биде право“, вели Клоп.
Гери Линекер веднаш му одговори на „Твитер“.
„Неколку газди се обидуваат да го уништат нашиот спорт и можеби ќе се обидат да го направат тоа повторно, а ни кажуваат да се смириме и да одиме напред. Голем почитувач сум на Клоп, но тука спектакуларно потфрли. Без навивачи, нашиот прекрасен спорт ќе биде полош“, напиша Линекер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лаутаро до соиграчите: Ако не сакате да бидете овде, заминете

Интер го заврши својот настап на Светското клупско првенство во осминафиналето. Вчера, во Шарлот, Флуминензе го победи Интер со 2:0.
По натпреварот, најгласен во микс зоната беше капитенот Лаутаро Мартинез, чија изјава веднаш ги преплави италијанските медиуми и социјалните мрежи.
Аргентинецот ги повика поединците во соблекувалната за, како што тврди, недостаток на мотивација и желба да се борат за грбот на Интер.
„Кој сака да остане, нека остане. Кој не сака, нека си оди. Овој дрес треба да се почитува и ние мора да се бориме за цели достојни за историјата на клубот“, започна Мартинез.
Мартинез објасни дека го боли начинот на кој тимот влегол во натпреварот и рече дека некои работи што ги видел на теренот и околу него не се прифатливи.
„Мора да сакате да бидете овде. Оние кои сакаат да останат, нека останат, оние кои не сакаат, нека си одат. Видов работи што не ми се допаднаа“, рече тој, а потоа ја презеде одговорноста:
„Јас сум првиот одговорен како капитен. Им се извинувам на навивачите, уште еден пораз многу боли. Сега мора да се одмориме и да почнеме одново со целата енергија што ја имаме.“
Италијанските коментатори оценија дека речениците за „оние кои сакаат да играат за Интер“ се директна порака до раководството, или за брзо чистење на соблекувалната, или за појасно дефинирање на амбициите на тимот.
Медиумските анализи наведуваат дека Интер ја завршува оваа сезона без трофеј за прв пат од 2020 година, и дека испаѓањето во осминафиналето ќе го чини клубот десет милиони евра премии.
Спорт
Баџо призна: Во САД сакав да се самоубијам

Легендарнуот Италијанец Роберто Баџо зборуваше за промашениот пенал во финалето на Светското првенство во САД во 1994 година.
По промашениот пенал на Баџо, Бразил ја освои титулата светски шампион, додека Италијанците мораа да се задоволат со второто место.
„Да имав нож во тој момент, ќе се самоубиев“, призна тој. „Да имав пиштол, ќе се самоубиев. Во тој момент сакав да умрам“.
„Целото Светско првенство, не само нашите натпревари, се играше под екстремно високи температури“, додаде тој.
„Моравме да работиме исклучително напорно, далеку над човечките можности, за да можеме да играме. Но, и покрај сè, бевме водени од страста и желбата да постигнеме резултати, а многу Италијанци кои живееја таму беа горди на нас. Го чувствувавме тоа како тим. Тоа беше дополнителна сила за нас да ги надминеме пречките.“
Спорт
Денвер го размени Портер јуниор и го врати Брус Браун

Денвер Нагетс направија важен трејд. Тие го испратија крилото Мајкл Портер јуниор и незаштитениот пик од првата рунда во 2032 година во Бруклин Нетс за крилото Камерон Џонсон.
Со овој трансфер, Нагетс успеаја да се ослободат од договорот на Портер, кој вреди 38,3 милиони долари за следната сезона и 40,8 милиони долари во сезоната 2026/2027.
Џонсон ќе заработи 21 милион долари следната сезона, а 23 милиони во сезоната 2026/2027. Ова е воедно и првиот голем потег на новото раководство на Нагетс, кое го сочинуваат Бен Тенцер и Џон Волас. Со овој потег, Денвер излегува од зоната на „данок на луксуз“ и си дава поголема можност за маневрирање при составувањето тим за следната сезона.
По размената, Нагетс потпишаа и со слободниот агент Брус Браун, кој се согласи на едногодишен договор за ветерански минимум. Браун беше важен играч во тимот на Денвер кој ја освои титулата во НБА во 2023 година.
Браун беше омилен во соблекувалната на Денвер и одигра значајна улога во походот на титулата.
Во сезоната 2022/2023, тој имаше просек од 11,5 поени, 4,1 скока и 3,4 асистенции по натпревар. Минатата сезона, играјќи за Торонто Репторс и Њу Орлеанс Пеликанс, тој имаше просек од 8,3 поени и 4 скока.
Џонсон, исто така, се чини како потенцијално добро дополнување за Нагетс. Крилниот играч ја одигра најдобрата сезона во кариерата, со просек од 18,8 поени, 4,3 скока и 39% шут за три поени.
Портер ја помина целата своја шестгодишна НБА кариера во Денвер, каде што имаше просек од 18,2 поени и седум скока во 77 натпревари минатата сезона.