Црна хроника
Двајца обвинети во „Детонатор“ имаат меѓусебен судски спор
Првообвинетиот Игор Горански и второобвинетиот Жан Железарски во судскиот процес „Детонатор“ имале меѓусебен судски спор и нивните односи биле нарушени, потврдија и двајцата во исказот пред судот.
Второобвинетиот Железарски тврди дека не учествувал и не ги организирал обидите за убиство против Драганчо Стојменов, иако судот го товари дека заедно со дел од обвинетите дека трипати се обиделе да го убијат Стојменов. „Со Драганчо бевме другари, тој беше пријател на мојот покен татко“, рече Железарски. Тој тврди дека не само што не учествувал во злосторничкото здружение со другите обвинети, туку дека со дел од нив бил скаран и се случувало и да се тепаат. Според неговите тврдења, тој учествувал во тепачка во Виница во која заедно со Драганчо се тепал против Горански и дел од другите обвинети. Во среда почна судскиот процес за полициската акција „Детонатор“ во која им се суди на 16 лица од Кочани, Штип и Виница. Двајца од нив се во бегство, а дел од обвинетите се товарат дека трипати се обиделе да го убијат Драганчо Стојменов, двапати со подметнување експлозив под неговиот автомобил, а третиот пат дека првообвинетиот Игор Горански се обидел да го убие со пушка. Обвинителството ги товари и за лихварство, односно дека давале позајмици со високи камати, за поседување нелегална коцкарница, и дека преку нивна агенција за обезбедување „Титан груп“ приморувале сопственици на објекти да им плаќаат месечен надомест за обезбедување, иако не ги обезбедувале нивните објекти. Судењето продолжува со сослушување на останатите обвинети./крај/мф/фф
Второобвинетиот Железарски тврди дека не учествувал и не ги организирал обидите за убиство против Драганчо Стојменов, иако судот го товари дека заедно со дел од обвинетите дека трипати се обиделе да го убијат Стојменов.
„Со Драганчо бевме другари, тој беше пријател на мојот покен татко“, рече Железарски.
Тој тврди дека не само што не учествувал во злосторничкото здружение со другите обвинети, туку дека со дел од нив бил скаран и се случувало и да се тепаат.
Според неговите тврдења, тој учествувал во тепачка во Виница во која заедно со Драганчо се тепал против Горански и дел од другите обвинети.
Во среда почна судскиот процес за полициската акција „Детонатор“ во која им се суди на 16 лица од Кочани, Штип и Виница.
Двајца од нив се во бегство, а дел од обвинетите се товарат дека трипати се обиделе да го убијат Драганчо Стојменов, двапати со подметнување експлозив под неговиот автомобил, а третиот пат дека првообвинетиот Игор Горански се обидел да го убие со пушка.
Обвинителството ги товари и за лихварство, односно дека давале позајмици со високи камати, за поседување нелегална коцкарница, и дека преку нивна агенција за обезбедување „Титан груп“ приморувале сопственици на објекти да им плаќаат месечен надомест за обезбедување, иако не ги обезбедувале нивните објекти.
Судењето продолжува со сослушување на останатите обвинети./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена пријавила дека партнерот ја нападнал и ѝ го одзел телефонот, оштетено и нејзиното возило во Кисела Вода
Вчера околу 20:50 часот, 31-годишна жена пријавила во полицијата дека била физички нападната од нејзиниот партнер Љ.З. во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода.
Според пријавата, тој ѝ го одзел мобилниот телефон, ја нападнал, ѝ упатил закани користејќи остар предмет, а подоцна и го оштетил нејзиното возило со тврд предмет, додека било паркирано во дворот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Фирма од Велес оштетена за над 21.000 евра преку фалсификувана електронска фактура
На 3 февруари 2026 година, во 07:15 часот, 60-годишна жителка на Велес пријавила во СВР Велес дека фирмата каде што работи е оштетена за 21.111 евра.
Според пријавата, компанијата извршила уплата на средства врз основа на фактура испратена од деловен партнер. Но, по добиена порака преку електронска пошта дека уплатата не била реализирана, фирмата стапила во контакт со банката и партнерот. Тогаш било утврдено дека оригиналната фактура била пресретната, фалсификувана и пренасочена, по што средствата биле уплатени на туѓа сметка.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Автомобили се судрија на патот Куманово-Скопје, едно лице тешко повредено, возачот бил без дозвола
На 3 февруари 2026 година, околу 10:55 часот, на регионалниот пат Куманово–Скопје, во селото Љубодраг, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила со кумановски регистарски таблички.
Според информациите од СВР Куманово, се судриле „ауди“, управувано од М.А. (47) од селото Љубодраг, и „шкода“, со која управувал Б.С. (51) од Куманово. Во несреќата тешко телесно бил повреден возачот на „шкодата“, додека полесни повреди добиле неговите сопатници Т.Р. (49) од Куманово и М.Ј. (49) од селото Черкези, како и возачот на „аудито“ и неговата сопатничка О.Ц. (45) од Куманово.
При увидот на местото на несреќата било утврдено дека едниот од возачите, немал возачка дозвола. Од полицијата најавија дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

