Македонија
(Видео) Колариќ: Шилегов делел субвенции за инвертер клими на партиски луѓе
Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Светлана Колариќ на денешната прес-конференција обвини за измама и злоупотреба во врска со најавените субвенции за инвертер клими. Таа додаде дека на повидок е нов скандал, и повторно, како што рече, во центарот на овој скандал е скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
„ Имаме основани сомневања дека многу најавуваните субвенции за инвертер клими се голема измама и злоупотреба зад кое стои половична реализација на проектот, и истите се делени без исполнување на критериумите, селективно, и сето тоа базирано на партиски и лични основи. Исто така имаме сомневања дека личните податоци на апликантите не се заштитени и третирани согласно закон при што можна е злоупотреба на истите“ ис=зјави Колрачиќ.
Таа нагласи дека овие основани сомневања ги темелат на претходна дојава од самите служби на градот и како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата побарале увид во документацијата, при што констатирале нецелосна документација, со бројни пропусти и аномалии.
„ Се сомневаме дека се делени субвенции за инвертер клими на партиски луѓе кои живеат во централното градско подрачје, на улицата Никола Кљусев, улица Македонија, Народен фронт и други улици низ центар каде е познато дека има парно греење или и досега граѓаните се грееле на струја, додека цели населби како Ѓорче Петров, Драчево, Лисиче, Радишани и други каде нема парно и загадувањето е големо, нема доволно субвенции. Она што го затекнавме во градот е запрепастувачки. Нецелосни досиеја, расфрлани документи по ходници.
Од ВМРО-ДПМНЕ го прашуваат Шилегов јавно да каже колку контроли се направени кај граѓаните корисници на субвенциите за исполнети услови?
„ Зошто на едни граѓани се барани потврди од БЕГ а на други изјави од нотар? Го прашуваме Шилегов јавно да каже дали го познава воопшто и зошто не го применува Законот за заштита на лични податоци. Или пак како и се друго за него и неговите партиски послушници законите не важат. Го повикуваме Шилегов да појасни, зошто досега на ниту еден апликант не му е побарано да даде изјава за согласност за обработка на лични податоци? Да одговори дали е точно дека се печатени лични карти и покрај софтверско чување на истите при апликација за субвенции? Да одговори зошто регистри со досиеја на граѓани апликанти и корисници на субвенции се расфрлани по ходници на дотраена барака бр.14?
Шилегов да одговори, дали е точно дека раководител на сектор дал наредба да се сечат документи, складирани во вреќи и изнесувани надвор од бараката? Да одговори каква документација е уништена и под чија наредба?? Шилегов треба да одговори кој е одговорен за личните податоци на апликантите и корисниците на субвенции“ порача Колариќ.
ВМРО-ДПМНЕ ја повикув Агенцијата за заштита на лични податоци да изврши увид и примена на законот и инспекторатот на државен архив за ништена документација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини
Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните избори за градоначалници на општините Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, информира Државната изборна комисија.
„Вкупно 249 болни или немоќни лица можат да го остварат своето право на глас на овие избори. Од нив, 146 лица се пријавени за гласање во Гостивар, 32 болни или немоќни лица имаат право да гласаат во Врапчиште, 69 лица може да гласаат за градоначалник на општина Маврово и Ростуше и 2 лица може да гласаат за градоначалник на општина Центар Жупа. Со почеток во 7:00 часот во 7 казнено поправни установи, своето право на глас можат да го остварат 94 лица кои се на издржување казна затвор или притвор“, велат од ДИК.
Оттаму додаваат дека гласањeто досега се одвива непречено и без проблеми.
Македонија
ЦУК: Поплавени дворови и земјоделски површини, одрони на повеќе патни правци
Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти најнови информации за последиците од обилните врнежи на територијата на Македонија – состојба заклучно со 09:00 часот.
Кочани и Штип
Кај Оризарска река во село Грдовци има излевање. Водостопанство Брегалница интервенира со багер гасеничар. Механизацијата е сѐ уште на терен. Од понеделник ќе започне чистење на речното корито на Оризарска река од Грдовци кон Оризари со цел да се спречат идни несакани последици.
Сообраќајот на патниот правец Кочани Грдовци е нормализиран.
На повеќе патни правци во источниот дел се појавуваат одрони и Македонијапат интервенира за нивно расчистување.
Битола
Во населбата Стрчин КЈП Нискоградба интервенира со механизација за расчистување на нанос од чакал и земја.
Во селото Кравари има заезерени земјоделски површини без опасност по објектите.
Во селата Жабени и Породин има поплавени земјоделски површини и ЈП Водостопанство интервенира на Жабјанска река.
Елешка река е излеана и има поплавени земјоделски површини.
Нивото на водата во реките е во опаѓање.
Ресен
Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка.
Нивото на Голема река е намалено од 2,20 метри на 1,40 метри.
Ангажирани се екипи од ЕЛС Ресен, Македонијапат и ЈКП Пролетер Ресен кои вршат обиколка и проценка на состојбата на терен. Состојбата е нормализирана.
Крушево
Поради поројните врнежи водата за пиење е заматена и се препорачува да се преврива најмалку 10 минути.
Нивото на Црна река кај село Бучин е покачено но водата на местата каде што беше излеана е повлечена.
Екипи од ЈП Комуна, ТППЕ Крушево, ЕЛС Крушево и надлежни служби интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки.
Демир Хисар
Локалниот пат кон село Мренога е затворен за сообраќај поради оштетување на мост на Боишка река. Надлежните служби ја обезбедуваат локацијата.
Прилеп
Во селото Лажани пријавена е штета кај еден жител поради поплавен двор и приземни простории и оштетување на тутунот.
Во селото Пешталево исто така имало поплавувања поради неисчистени канали.
Во двете села интервенираше градежна механизација за расчистување на каналите.
Тетово
Патот кон Бање Тетово е исчистен но СВР Тетово го има забрането сообраќајот од безбедносни причини.
Патот кон село Жерма и кон село Бродец е прооден.
Состојбата во село Стримница Општина Желино се следи континуирано од надлежните служби.
Македонија
Заладување и снег низ цела Македонија
Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд и снег во пониските предели, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег. Поради продор на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите на целата територија ќе преминат во снег.
Пообилни снежни врнежи се очекуваат во западните делови од земјата, каде снежната покривка на планините ќе се зголеми за околу 20 сантиметри, додека во останатите места се очекува снежна покривка од 5 до 10 сантиметри. Минималните температури ќе се движат од -3 до 3, а максималните од 3 до 8 степени Целзиусови.
Во Скопје, претпладне ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, кои попладне и во текот на ноќта ќе преминат во снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од минимални -2 до максимални 4 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, утре се очекуваат локални снежни врнежи и засилен северен ветер, кој ќе продолжи да дува и во понеделник. Од почетокот на следната седмица, утринските температури на одделни места ќе се спуштат и под -10 степени Целзиусови, додека дневните ќе останат под нулата.

