Македонија
Делегација од кабинетот на Претседателот положи цвеќе по повод 9 мај – Ден на победата над фашизмот
Делегација од Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски по повод Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа, им оддадоа почит на борците.
Делегоацијата која беше во состав Блерим Кољали, посебен советник за национална безбедност, Валентин Димевски, посебен советник за безбедност и одбрана и Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот, положи цвеќе на партизанските гробишта во Бутел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Марковска Илиевска со порака до Арсовска: Не може да не се почитуваат закони и да не се реализираат програмите
„Уште на првата седница кога разговаравме за извештаите, укажав на дел суштински, а не само технички грешки. Еден час да немате реализирано вие програма, да немате формирано во дел од училиштата ученички заедници, да имате најавено активности, а да не ги реализирате тоа е нефункционална ученичка заедница“, јасно истакна советничката на ВМРО-ДПМНЕ Анета Марковска Илиевска на денешната седница за советнички прашања, обраќајќи се на градоначалничката Данела Арсовска, во контекст на реализирање на програмите усвоени од Советот.
Марковска Илиевска во своето обраќање посочи за низата неправилности којшто се случувале во делот на реализација на програмите за работа во одредени училишта. Дополнително додаде дека инспекторатот ќе проверува дали и колку е извршена реализација. Напомена дека нема да дозволи да се врши злоупотреба и од таа причина нема да гласа.
,,Во делот на спортските активности односно тимовите да немате реализирана програма. Да си назначувате претседател на училишен одбор на наставнички совет е кршење на закон и повлекува кривична одговорност. Ве молам, не се работи за технички грешки, се работи за суштински грешки од таа причина таму каде што нема реализирано програма нема да гласам“, децидна беше Марковска Илиевска.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија со јачина од 3 степени
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, регистрира земјотрес, чиј епицентар се наоѓа на 132 km југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Валандово, со Рихтерова локална магнитуда ML 3.0.
Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југоисточниот дел на државата со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Новиот Централен одбор на СДСМ вечерва ќе ги избира членовите на раководството
Новиот Централен одбор (ЦО) на СДСМ вечерва ќе ја одржи својата прва седница на која се очекува да бидат назначени и останатите партиски органи.
Централниот одбор беше избран викендов, а го сочинуваат 115 членови, за кои претседателот на партијата, Венко Филипче, рече дека се поединци кои се почитувани во својата заедница, кои знаат да го почитуваат членството и ќе работат во најдобар интерес на сите граѓани.
Се очекува ЦО да избере нов Извршен одбор (ИО), по што ќе следува и избор на потпретседатели, генерален секретар и двајца организациски секретари.
На партискиот конгрес викендов за заменичка на Филипче беше избрана Фани Каранфилова-Пановска – активистка и поранешна претседателка на фондацијата Отворено општество.
Каранфилова-Пановска дојде на местото на Сања Лукаревска, која си поднесе оставка по изборниот пораз на СДСМ.