Спорт
Зверев се загреа за „Ролан Гарос“ со титула од Мадрид

Александер Зверев покажа дека на него мора да се смета како на еден од фаворитите за „Ролан Гарос“ откако по тешка битка со 6:7(8)/6:4/6:3 го совлада Италијанецот Матео Беретини за да ја освои својата втора титула од Мадрид опен и четврта мастерс 100 круна.
Зверев, кој на патот до финалето ги победи специјалистите за игра на земја, Рафа Надал и Доминик Тим, го загуби првиот сет на турнирот од Беретини, но успеа да се врати за негова прва титула на земја од 2009 година.
Беретини го играше своето прво мастерс 1000 финале откако го доби тај-брејкот во првиот сет со 8:6, но Зверев направи еден брејк во вториот сет за да принуди одлучувачки сет. Италијанецот имаше брејк-топка на 2:2 во последниот сет, но потоа загуби сервис и Зверев ја запечати победата по 2 часа и 40 минути игра.
За Зверев сега следува италијанскиот опен во Рим пред да се обиде да стигне до првата гренд слем титула во Париз, каде што претходно го нема минато четврт-финалето.
SASCHA’S HOUSE ?
The moment @AlexZverev captured his fourth Masters 1000 title – his second in Madrid!#MMOpen pic.twitter.com/mxr15lyymZ
— Tennis TV (@TennisTV) May 9, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Манчестер сити ќе го вклучи Мекати во „операцијата Вирц“

Манчестер сити започнаа со реконструкција на тимот во зимскиот преоден рок. Клубот потроши повеќе од 200 милиони евра за трансферите на четворица фудбалери. Според медиумите реконструкцијата ќе заврши во летниот преоден рок.
Пеп Гвардиола на пазарот бара плејмејкер, некој што ќе ја преземе улогата на Кевин Де Брујне кој ќе го напушти клубот.
На „Етихад“ не кријат дека прва желба е играчот на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц. Проблем за Сити е интересот на Реал Мадрид и обесштетувањето од 120.000.000 евра.
Англиските медиуми тврдат дека „граѓаните“ имаат план како да го намалат обесштетувањето. Подготвени се да го вклучат во трансферот младиот фудбалер Џејмс Мекати.
На оваа идеја во клубот дојдоа откако во зимскиот преоден рок го одбија предлогот на Баер да го испрата Мекати на позајмица во Леверкузен.
Мекарти од најмала возраст е член на Сити, беше позајмен во Шефилд, а оваа сезона, главно како резерва настапи на 19 натпревари во сите натпреварувања и постигна шест гола за 648 минути.
Спорт
Бекам: Меси е најдобриот на сите времиња

Прославениот англиски фудбалер Дејвид Бекам го даде своето мислење за трката за најдобар фудбалер на сите времиња.
Сопственикот на Интер Мајами, логично се определи за најголемата ѕвезда на неговиот клуб, Лионел Меси.
„Лео е најдобриот играч на светот и на сите времиња“, рече Бекам за време на разговорот на аудиовизуелниот саем МИП во Лондон.
Тој зборуваше и на други фудбалски теми, прогнозираше дека Реал Мадрид повторно ќе ја освои Лигата на шампионите, а го пофали и Пеп Гвардиола, кој минува низ најтешкиот период во кариерата.
„Пеп е еден од најдобрите тренери во светот. Секој голем клуб поминува низ периоди на транзиција, особено кога има промени во тимот. Понекогаш е потребно време за тимот да се стабилизира”, рече Бекам.
Спорт
(Видео) Меси повторно стрелец против Канзас, Интер ја мина првата рунда во ЛШ на КОНКАКАФ

Интер Мајами се пласираше во осминафиналето на Купот на шампионите на КОНКАКАФ, откако и во реваншот го победи Спортинг Канзас Сити. Интер на гости победи 1:0, а во реваншот на домашен терен забележа триумф 3:1.
Натпреварот го одбележа првиот гол на натпреварот, кој го постигна Лионел Меси во 19. минута од натпреварот, кога проработе врската од Барселона. Во улога на аистент беше Луис Суарез, а стрелец Меси.
MESSIIIIIIII 🐐😱
What a goal for Inter Miami!! 🌴 pic.twitter.com/UHUuEPfE4V
— FOX Soccer (@FOXSoccer) February 26, 2025
До крајот на полувремето Тадео Аљенде ја удвои предноста на својот тим, а во судиското надополнување Суарез го постигна третиот гол. Во второто полувреме, замениот Мемо Родригез го постигна единствениот гол за гостите.
Интер Мајами во четвртфиналето ќе се соочи со Кавалирс, шампионот на Јамајка.