Контакт

Европа

ЕУ и САД сакаат да гo зголемат притисокот врз Русија

Објавено пред

Челниците на Европската унија и’ се заканија во неделата на Русија со нови санкции поради зголемувањето на насилствата во побунетиот исток на Украина, а американскиот претседател Барак Обама, исто така, порача дека ќе го зголеми притисокот врз Москва, а загриженост од ескалацијата на насилствата изрази и папата Франциск, додека рускојазичните бунтовници тврдат дека станува збор за провокација на прозападните власти во Киев кои сакаат да го сменат форматот на преговорите од оној во Минск во оној од Женева.

dobivaj vesti na viber

Во саботата украинската армија соопшти дека бил гранатиран источниот град Мариупол од при што загинале 30 цивили а 96 биле ранети. За тоа ги обвинија проруските бунтовници чии сили се наоѓаат на 25 километри од споменатиот стратешки град со мнозинско рускојазично население кој од април минатата година е под контрола на украинските безбедносни сили. Бунтовниците пак и во неделата тврдат дека станува збор или за грешка во дејствувањето на украинската војска која има позиции во истата област или за провокација од Киев, тврдејќи дека немаат артилерија со која би го извршиле таквиот напад.

Специјалната набљудувачка мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) утврди дека проектилите дошле од две источна и од североисточна насока, но не прецизираше од чии позиции, бидејќи во областа има распоредено и украински и бунтовнички единци. Исто така, беше објавено дека нападот е извршен со повеќецевни системи „Град“ од североисток и од системот „Град“ од исток, со какви располагаат и двете страни.

Сепак Западот е еднодушен во осудата дека гранатирањето го извршиле бунтовничките сили и вообичаено за тоа ја обвинува Русија којашто според нив ги финансира, вооружува и воено и политички ги помага бунтовниците на истокот од Украина.

„Попуштањето повторно го поттикна агресорот на уште поголемо насилство. Време е да ја заостриме политиката на основа на голите факти, а не на илузии“, оцени на Twitter претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по разговорот со украинскиот претседател Петро Порошенко за гранатирањето врз Мариупол.

Латвиското претседателство со Европската унија, исто така, предупреди на можно воведување на новите санкции против Русија и побара вонреден состанок на министрите за надворешни работи на членките на ЕУ, само една седмица откако многу од нив најавуваа преиспитување на одлуката за санкциите.

Високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедноста политика, Федерика Могерини, која пред стапнувањето на функцијата и подоцна се зазема за подобрување на односите со Русија, исто така, на Twitter предупреди дека „насилството неизбежно ќе доведе до ново сериозно влошување на односите меѓу ЕУИ и Русија“.

Латвискиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкивиц беше подиректен. „Сепаратистичкиот напад врз Мариупол ги прекрши договорите од Минск. Русија целосно е одговорна да ги спречи, инаку следува поголема изолација и нови санкции“, напиша на Twitter во неделата, пренесува Reuters.

Државите членки на ЕУ, меѓутоа, се поделени во поглед на санкциите против Русија и прашање е дали може да постигнат консензус за нивното јакнење, забележуваат во неделата западните агенции.

Американскиот претседател Барак Обама во текот на својата тридневна посета на Индија која започна во неделата изјави дека сака да го зголеми притисокот врз Русија по нападот врз Мариупол.

„Ќе продолжиме со пристапот кој веќе го спроведуваме, поточно со јакнењето на притисокот врз Русија и ќе ги разгледаме дополнителните опции со коишто располагаме, освен воен судир. Многу сме за загрижени поради новото кршење на прекинот на огнот агресијата на сепаратистите (како што западот ги нарекува русојзичните бунтовници од истокот на Украина) со руска поддршка, руска опрема, руско финансирање, руска обука и руски единци“, изјави Обама на прес-конференцијата во индиската престолнина Њу Делхи.

Обама истакна дека САД ќе продолжат да го спроведуваат „економскиот притисок“ врз Русија и „дипломатски да ја изолираат“. „Секогаш бев јасен во поглед на фактот дека не би било добро да се впуштаме во воен судир со Русија“, истакна американскиот претседател, пренесе AFP.

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, исто така, изрази „голема загриженост“ поради влошувањето на ситуацијата во Украина и побара „продолжување на дијалогот и прекин на непријателствата“. „Со голема загриженост го следам влошувањето на судирот во источна Украина, кој постојано предизвикува многубројни жртви врз цивилното население“, изјави Папата по завршувањето на неделната литургија во Рим.

Од друга страна, пак, потпретседателот на ткн Народен совет на одметнатата самопрогласена Народна Република Донецк, Денис Пуилин, смета дека властите во Киев ќе ја искористат „провокацијата во Мариупол“ за да го сменат форматот на мировните преговори од оние кои се одвиваа во белоруската престолнина Минск ланскиот септември кога беше договорен прекинот на огнот, во оној од швајцарска Женева претходно.

„Намалувањето на бројот на нападите, сепак, покажа други прповокации. Вчера во Мариупол тоа се случи – уште еден обид да се обвинат (проруските) милиции. Да нé претстават во таква светлина“, изјави Пушилин, пренесе РИА Новости.

Според него на Киев „тоа му е неопходно за да го промени форматот за преговори од минскиот во женевскиот каде што ќе ги вклучи и САД. „Тоа е она што го вели самиот Порошенко“, тврди Пушилин.

„Минскиот“ формат на преговорите, кои се одржаа во септември и декември, подразбира учество на преговорите директно меѓу претставниците на самопрогласените републики ви Донецк и Луганск со посредство на ОБСЕ и Русија. Преговорите, пак, во ткн. „женевски“ формат се одвиваат меѓу Украина и Русија со посредство на Европската унија. Властите во Киев повеќепати понудија враќање на преговорите во форматот од Женева со вклучување на САД како посредници. Во мај преговорите во Минск беа одложени поради обновувањето на борбите и бомбардирањето на главните центри на бунтовниците, особено на најголемиот град Донецк./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

„Фајненшл тајмс“: ЕУ формира нова разузнавачка единица под водство на Фон дер Лајен

Објавено пред

Европската комисија започна со создавање ново разузнавачко тело под претседателката Урсула фон дер Лајен, во обид подобро да ги искористи информациите собрани од националните разузнавачки агенции, објави денес „Фајненшл тајмс“.

dobivaj vesti na viber

Единицата што ќе се формира во рамките на секретаријатот на Комисијата планира да регрутира службеници од целата разузнавачка заедница на ЕУ и да собира разузнавачки информации за заеднички цели, објави весникот, повикувајќи се на четири лица запознаени со плановите.

Ројтерс не можеше веднаш да го потврди извештајот.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Русите велат дека спречиле голем украинско-британски заговор: „Сакаa да киднапираат ‘миг-31’“

Објавено пред

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека осуетила заговор на украински и британски разузнавачки службеници да ги убедат руските пилоти да украдат авион МиГ-31 вооружен со хиперсонична ракета Кинжал за 3 милиони долари, објавија државните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Новинската агенција РИА го цитираше ФСБ како вели дека киднапираниот авион требало да биде пренасочен кон воздухопловната база на НАТО во романскиот град Констанца, каде што би можел да биде соборен од воздушната одбрана, соопшти агенцијата.

ФСБ, главниот наследник на КГБ од советската ера, вели дека Украина и Велика Британија планирале голема „провокација“ користејќи го киднапираниот авион и дека украинските воени разузнавачки службеници се обидувале да ги намамат руските пилоти за 3 милиони долари за да го украдат авионот.

„Преземените мерки ги осуетија плановите на украинското и британското разузнавање за голема провокација“, цитираше РИА функционер на ФСБ.

Државната телевизија емитуваше фотографии од пораки и снимки од човек за кој се вели дека работел за украинската и британската разузнавачка служба и му понудил 3 милиони долари на руски пилот да лета со МиГ до Европа и дека на пилотот му е понудено државјанство.

Рускиот Кинжал е балистичка ракета лансирана од воздух што Москва ја нарекува хиперсонична, способна за големи брзини и маневрирање на патеките на летот за да им го отежни на воздушната одбрана следењето и пресретнувањето.

Русија долго време ја смета Велика Британија за свој главен непријател. Москва го обвинува Лондон за поттикнување на војната во Украина, а британското разузнавање за помагање на Украина да започне серија операции длабоко на руска територија.

Велика Британија ја смета руската инвазија на Украина за империјално присвојување на земјиште. Лондон постојано предупредува дека руското разузнавање се обидува да посее хаос низ Велика Британија и Европа за да ја поткопа демократијата.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украинците ја нападнаа Русија со дронови: погодена голема рафинерија за нафта

Објавено пред

Рафинерија за нафта во рускиот град Саратов беше нападната од украински беспилотни летала во текот на ноќта, според објавите на локалните канали на Телеграм кои споделија снимки на кои наводно се гледаат експлозии во објектот.

dobivaj vesti na viber

Гувернерот на областа Саратов, Роман Бусаргин, потврди на Телеграм дека беспилотните летала оштетиле цивилна инфраструктура, но не кажа директно дали самата рафинерија била погодена. Руските медиуми објавија дека по инцидентот привремено се воведени ограничувања за летови на регионалниот аеродром.

Рафинеријата во Саратов произведува повеќе од 20 видови нафтени деривати, вклучувајќи бензин, дизел, мазут и битумен. Според податоците на украинскиот Генералштаб, во 2023 година фабриката преработила околу 4,8 милиони тони сурова нафта.

Саратов е важен индустриски центар, сместен на околу 150 километри од границата со Казахстан и приближно 600 километри источно од украинскиот фронт.

Инцидентот се случил во време кога Русија бележи серија слични експлозии и пожари во објектите на енергетската инфраструктура, а Москва сè повеќе ја обвинува Украина за напади со беспилотни летала врз цели длабоко на руска територија.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Топ3 часа

Трагична несреќа во Конче: 46-годишен маж убиен за време на лов, бил застрелан во стомакот и раката

Едно лице вчера е убиено за време на лов во селото Габревци. Според информациите на МВР, уапсени се 11 лица...

Македонија3 часа

(Видео) Кузеска: Власта да ги објави бројките и да го разреши Трипуновски

Откако скандалот кој го најави СДСМ се потврди, денес е време власта да почне да одговара на клучните прашања кои...

Македонија4 часа

Изнервирана затоа што бебето плачело, го удирала со раце и тупаници по устата и носот: Обвинителството поведе истрага против мајката

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна жена со престојувалиште во ‘Ржаничино, која е осомничена...

Македонија5 часа

(Видео) Мицкоски побарал да се стопираат исплатите од ИПАРД за да се види до каде одела злоупотребата: Ќе одговараат сите, од прв до последен

Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска беше во посета на фабриката „Костал“ во Охрид, негираше дека средствата од ИПАРД се блокирани...

Македонија5 часа

Арсовска со повик до Ѓорѓиевски: Ако сакаш како маж да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор

Поранешната градоначалничка на град Скопје, Данела Арсовска, побара од новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски да ги објави сите фирми со долг,...

Македонија5 часа

„Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку“, истражување на Центарот за граѓански комуникации за јавните набавки во здравствениот сектор од 2015 до 2024 година

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за јавните набавки во здравствениот сектор во периодот од 2015 до 2024 година....

Топ6 часа

Расчистен случај со лажна сообраќајна несреќа во Битола, уапсени две лица

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Г.(54) од Прилеп и С.И.(31) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено...

Европа7 часа

Русите велат дека спречиле голем украинско-британски заговор: „Сакаa да киднапираат ‘миг-31’“

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека осуетила заговор на украински и британски разузнавачки службеници да ги убедат руските...

Свет7 часа

(Видео) Силна експлозија на автомобил во главниот град на Индија, најмалку 10 мртви

Силна експлозија на автомобил-бомба потресе прометна област на индискиот главен град вчера, при што загинаа најмалку 10 лица, а десетици...

Европа8 часа

(Видео) Украинците ја нападнаа Русија со дронови: погодена голема рафинерија за нафта

Рафинерија за нафта во рускиот град Саратов беше нападната од украински беспилотни летала во текот на ноќта, според објавите на...

Свет9 часа

(Видео) Трамп му се закани на Би-би-си со тужба од 1 милијарда долари: ќе ја повлече ако ги исполнат неговите три барања

Британската јавна радио-телевизија е во длабока криза откако беше откриено дека говорот на Доналд Трамп бил измамнички монтиран во документарец...

Свет9 часа

Американскиот Сенат ги одобри мерките потребни за прекин на најдолгата блокада на владата

Во понеделникот, Сенатот ги одобри потребните мерки за прекинување на најдолгото затворање на владата на САД во историјата, кое траеше...

Свет9 часа

Сирија се приклучува на меѓународната коалиција против Исламската држава

Сирија ќе се приклучи на меѓународната коалиција против Исламска држава (ИСИС) предводена од САД, изјави во понеделник американски функционер под...

Македонија18 часа

Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци,...

Македонија19 часа

Детали за кражбата на кабли во која е вмешан и полицаец: Направиле штета од 600.000 евра, а поради пожар граѓаните останале без струја

Основното јавно обвинителство Скопје објави детали за кражбата на кабли во кругот на фабриката „Железара“ во која е вмешан и...

Македонија24 часа

Исплатите од ИПАРД програмата привремено прекинати поради проверка на законитоста

Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата...

Македонија1 ден

Пендаровски му одговори на Фрчкоски: Никогаш не сум мешетарел, тоа го прават други кои се занимаваат со кафеанско озборување

Поранешниот претседател Стево Пендаровски ја отфрли изјавата на Љубомир Фрчкоски дека мешетари во СДСМ и дека има улога во можни...

Топ1 ден

Приведена жена од Кавадарци поради напад врз своето 6-месечно бебе

Утрово, околу 6 часот, полицијата во Скопје приведе 23-годишна девојка од Кавадарци, која се сомничи дека ноќеска, околу 00:37 часот,...

Македонија1 ден

„’Вреди’ до Јаневска“: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација

Вчера, за време на јавен настап, министерката за образование, Весна Јаневска, во два или три наврати изрази незадоволство од комуникацијата...

Македонија1 ден

Половина од младите во Македонија не веруваат дека земјата некогаш ќе стане членка на ЕУ

Повеќе од 46 отсто од младите во Македонија не веруваат дека земјата ќе стане членка на Европската унија, покажува новиот...