Свет
(Видео) Најмалку 20 загинати, меѓу нив 9 деца во синоќешните израелски напади
Палестинците рано утрово лансираа десетици ракети од Газа, а Израел возврати со нови воздушни напади.
Израелската армија објави дека во ракетните напади на палестинските сили утрово се ранети шест цивили.
Војската исто така потврди дека извршила десетици воздушни напади врз Појасот Газа во текот на ноќта, насочени кон воени објекти и припадници на Хамас.
???? | Gaza: pic.twitter.com/HuhhswMl8S
— Alerta News 24 (@AlertaNews24) May 10, 2021
Во Газа синоќа во израелските напади беа убиени 22 лица, од кои девет деца, а над 700 Палестинци беа повредени во судирите со израелските сили во Ерусалим и преку Западниот Брег во последните 24 часа, 500 од нив беа примени во болници, пренесуваат светските агенции.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека терористичките организации во Газа ја преминале црвената линија и извршиле ракетен напад врз предградијата на Ерусалим.
Во изјава утрово, водачот на Хамас, Исмаил Хание, рече дека ракетните напади ќе продолжат сè додека Израел не ги запре дејствата на тероризам и насилство во Ерусалим во близина на џамијата „Ал-Акса“.
Доцна синоќа изби конфликт, при што Хамас лансира десетици ракети, а во Ерусалим се огласија сирените за воздушна опасност.
Нападот се случи откако Хамас му даде рок на Израел да ги повлече силите од комплексот „Ал-Акса“. Палестинските демонстранти вчера се судрија со израелската полиција пред џамијата „Ал-Акса“ во Ерусалим пред најавениот марш на еврејските националисти.
Локалните медиуми тврдат дека повеќе од 300 лица биле повредени, демонстрантите фрлале камења кон полицијата, а тие возвратиле со шок-бомби. Претходно, полицијата им забрани на Евреите да доаѓаат во делот на градот околу џамијата „Ал-Акса“ за време на маршот по повод Денот на Ерусалим, што беше одбележан вчера во спомен на настанот кога израелската армија го зазеде источен Ерусалим во 1967 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви
Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз што доаѓаше од спротивната насока. Полицијата се сомнева во убиство и започна истрага, а според првичните информации, сторителот и жртвата не се познавале, пишува Шпигел.
Според досегашните сознанија на полицијата, жртвата е 18-годишна девојка која чекала на перонот воз во правец на центарот на градот.
Сторителот, 25-годишен маж по потекло од Јужен Судан, стоел одвоено од неа. Во еден момент, тој одеднаш ѝ се приближил, ја зграпчил и, од сè уште непознати причини, ја влечел на шините, точно пред возот што влегувал во станицата. Двајцата починале на местото на несреќата.
Свет
46 жртви во железничката несреќа во Шпанија
Смртта на 43-годишна жена која била на одделот за интензивна нега во болницата Реина Софија во Кордоба го зголеми бројот на жртви во железничката несреќа кај Адамуз, која се случи на 18 јануари, на 46, соопштија владини извори.
Дваесет и осум од вкупниот број жртви биле од провинцијата Уелва, пренесе „Паис“.
Жртвата, жителка на Ла Палма дел Кондадо, била меѓу патниците на возот Алвија од Мадрид. Во моментот на несреќата се враќала по полагање испит за затворски чувар. По несреќата била на интензивна нега поради сериозни проблеми со белите дробови.
Од вчера, 16 од 126-те повредени патници и понатаму се во болниците во Андалузија, од кои двајца се на интензивна нега. Андалузиската здравствена служба извести за уште едно отпуштање од болница и за еден пациент кој го напуштил одделот за интензивна нега.
Поради смртта на најновата жртва, шпанската влада одлучи да ја одложи државната комеморација закажана за денеска. Шпанскиот премиер Педро Санчез вети дека државата ќе продолжи со истрагата и ќе им дава поддршка на семејствата погодени од трагедијата.
Свет
Пак загинати во израелски напади во Газа
Најмалку 12 Палестинци утрово загинаа во израелски напади на јужниот и северниот дел на Појасот Газа, соопштија болниците во Газа.
Ова е еден од израелските напади со најголем број жртви откако стапи во сила примирјето во Појасот Газа на 10 октомври.
Во нападите се погодени локации на северот и југот на Појасот Газа, вклучувајќи станбена зграда во градот Газа и шатор во Кан Јунис, рекле официјални претставници на болниците. Тие навеле дека меѓу жртвите има две жени и шест деца.
Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500 Палестинци се убиени во израелски напади од почетокот на примирјето на 10 октомври.

