Контакт

Надворешна политика

Попоски: Интеграцијата во ЕУ е нашата главна стратегиска определба

Објавено пред

Европската интеграција е надворешен главен приоритет поради условите за подигнување на стандардот на живеење во Република Македонија, сигналот на стабилност, можноста за привлекување странски инвестиции, а истовремено,процесот на европската интеграција е најсилниот кохезивен фактор во Република Македонија што ги обединува сите политички структури, и мислам дека со враќање на кредибилитетот во еден таков процес во голема мера би ги релаксирале и внатрешните политички процеси, кои се услов за натамошен развој и обезбедување подобра иднина за сите граѓани на Република Македонија, вели во интервју за „Агенција Анадолија“ (Anadolu Agency – AA), министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски.

dobivaj vesti na viber

Говорејќи за политичката криза во земјата и за договорот за нејзиното надминување,кој беше потпишан мината година меѓу најголемите политички партии во земјата, Попоски истакна дека минатото лето со овој договор, всушност е договорен излезот од таа криза.

„Доколку погледнеме што содржеше тој план, повеќето точки, би рекол, речиси сите се исполнети, меѓутоа една клучна точка не е спроведена, а тоа се изборите, кои требаше да се одржат во април, а потоа во јуни. Изборите што беа дел од барањата на најголемата опозициска партија и за која постоеше согласност меѓу владината коалиција и опозициските партии, да бидат спроведени“, вели Попоски, кој смета дека излезот треба повторно да се насочи кон спроведување на изборите, но смета дека голем дел од обврските што беа преземени минатото лето се исполнети.

„Изненадивме со фактот што голем дел од многу тешките обврски беа спроведени во претходниот период“, вели Попоски. Тој смета дека единствениот начин земјава да ја надмине кризата ќе биде со домашни ресурси, односно преку дијалог на политичките партии.

„Не верувам дека некој однадвор, од каде и да доаѓа, може да ги реши проблемите во Република Македонија на политичко ниво доколку ние самите не го сториме тоа. Добро е што се покажува определен интерес од европските партнери и од Америка, бидејќи, сепак, голем дел од проблемите веројатно не би се случувале, или не би се случувале на таков начин доколку ние имавме кредибилен пат за интегрирање со Европската унија и НАТО“, смета Попоски.

Тој истакна дека не мисли оти тоа е причината за определени конфронтирања, бидејќи, како што вели, политички конфронтирања постојат во многу земји што се дел од ЕУ, но се надминуваат на поелегантен начин доколку стe дел од заедницата.

„Многу поголеми проблеми има доколку се соочите со такви политички конфронтирања поради повеќето блокади што ѝ се имаат случено на Македонија кон ЕУ и НАТО и немате кредибилен пат во кој можат сите граѓани да веруваат околу тоа“, наведува македонскиот министер за надворешни работи.

Постигнатите резултати од реализацијата на договорот за решавање на политичката криза од минатата година, одложувањето на предвремените парламентарни избори во два наврата, првпат за 24 април, а вторпат за 5 јуни, Попоски ги смета како немање чувство на опозицијата дека е корисно да се одржат изборите.

„Тоа што го видовме е дека во два наврата се одложуваа изборите поради немање чувство на опозициската партија дека е корисно сега да имаме избори. Тоа не можем еда го санираме на друг начин освен нивна одлука за тоа кога да имаме избори. Во секоја од тие комбинации треба да се посочиме на организирање на изборите, создавање услови штоќе имаат доверба кај сите политички субјекти и, конечно, да оставиме граѓаните да одлучуваат како треба да се однесуваме, кое треба да биде политичкото мнозинство штотреба да ги носи одлуките и одговорноста“, уверува министерот Попоски.

Не треба странските амбасадори да одлучуваат за избори во Македонија

Осврнувајќи се на забелешките на странските дипломати во земјава, посебно на амбасадорите на САД и на ЕУ, кои во неколку наврати излегоа со став дека сѐуште не постојат услови за одржување кредибилни избори, Попоски изјави дека не треба странските дипломати да одлучуваат дали има или нема услови за одржување избори во земјата.

„Не мислам дека кои било амбасадори треба да одлучуваат дали има или нема услови во Македонија. Се согласувам со фактот дека не треба да имаме избори во кои најголемата опозициска партија нема да учествува, бидејќи тоа ќе даде една негативна конотација за самиот изборен процес. Впрочем, и идејата за избори е нешто што го бараше најголемата опозициска партија. Владината коалиција беше со став изборите да се случат во редовен термин, а тоа е 2018 година. Без разлика на ова, им беа нагласени три фактори, Избирачкиот список, климата во медиумите и обезбедување механизми за одвојување на партиското дејствување, државно дејствување и комоција на граѓаните да се чувствуваат дека можат да избираат сами“, вели шефот на македонската дипломатија во разговор за АА.

Со соседните земји и земјите од регионот градиме клима на доверба

„Мошне е значајно што во нашиот регион работиме сѐ повеќе и повеќе на создавање клима на доверба и во рамките на билатералните односи и во рамките на регионалните иницијативи за интеграција на Балканот”, истакнува Попоски, осврнувајќи се на односите со соседните земји и со земјите од регионот. Шефот на македонската дипломатија овие односи ги дели на три нивоа, така што, според неговото мислење, најдобри се односите меѓу земјите штонемаат заедничка граница.

„Јас би ги поделил односите на три нивоа. Едно, најдобри се односите меѓу оние земји штонемаат заедничка граница, во Југоисточна Европа тоа е како правило, така што многу полесно од македонски аспект се менаџираат односите со Словенија, Хрватска и БиХ отколку со оние земји со кои имаме реално граница. Втора категорија, земји со кои имаме заедничка граница, а не се дел од ЕУ. Албанија, Косово, Србија би биле земји со кои поедноставно се справуваме во рамките на билатералните односи“, вели Попоски.

Најкомплексни односи се меѓу земјите со кои имаме заеднички граници, каде штоедната земја е внатре во ЕУ а другата е надвор, додава тој.

„Во нашиот случај, најмногу напори и енергија би требало да посветиме на односите со Грција и со Бугарија, како членки на ЕУ, чија поддршка ни е неопходна за да станеме дел од тоа семејство и во услови во кои секогаш, барем на Балканот, тие односи се предмет на исполнување на некакви очекувања од другата страна. Ние знаеме со што сме соочени, во поглед на спорот со името, кој ни е главната пречка за европската интеграција, но веруваме дека генералното подобрување на меѓусебните односи во регионот и нашите напори за релаксирање на односите и намалување на тензиите во однос на такви проблематични прашања, како што е спорот со името, за кое чувствуваме многу високо ниво на неправедно оспорување. Со текот на времето мора да влезат во слика на порелаксирани односи. Бизнис-заедницата, туризмот, односите меѓу луѓето се тие штоби требало да ги надвладеат оние политички стравувања штопостојат во нашиот регион.

Договорот меѓу ЕУ и Турција за бегалците е најдобриот можен договор во овој момент

„Договорот меѓу ЕУ и Турција можеби не е идеален во повеќе аспекти, од едната и другата страна има некакви предизвици со кои треба да се соочат страните. Договорот е најдобриот можен договор што би можеле да го постигнеме во овој момент. Мислам дека договорот не треба многу евтино да се отфрла, туку од сите страни треба да се вложат максимални напори за негово спроведување. Колку да изгледа тоа тешко во овој момент, со оглед на фактот што некои од аспектитеод неговото спроведување сериозно доцнат“, вели Попоски, коментирајќи го Договорот меѓу ЕУ и Турција за решавање на бегалската криза.

„На пример, само неколку стотици бегалци или мигранти се предмет на тој договор за реадмисијаштое досега спроведен, многу малкумина се реалоцирани од приемните земји, пред сѐ, Грција во другите членки во ЕУ, и има низадруги проблеми, но јас верувам ова е најдобриот договор и за Турција и за ЕУ и за сите други земји низ кои транзитираат бегалците, вклучително и Република Македонија“, додава Попоски, објаснувајќи го својот став.

„Ниту една земја не може да го реши сама, вклучително ни Турција, ни Грција, ни Германија, ни земјите што се крајна дестинација, затоа неопходен ни е овој договор. Македонија е подобро подготвена отколку што беше во 2015 г. за соочување со голем бран мигранти. Не мислам дека Македонија е во позиција да го реши тој предизвик сама по себе, но мислам дека нивото на комуникација е подобрено и меѓу Турција и Грција, и меѓу Грција и Македонија, и веројатно сите други земји штосе на север на таа рута“, истакна Попоски, и додаде дека сега е воспоставена дневна комуникација со грчките власти за избегнување сценарија како оние од минатото лето, кога илјадници мигранти сакаа да преминат од една надруга граница.

„Таа соработка да се пренасочи во правец на дислоцирање на сите оние луѓе штосе во шатори да бидат дислоцирани,трасферирани во центри за прием, за кои ЕУ има префрленопари за да имаат и хуман и безбеден третман“, смета министерот Попоски.

Турција е еден од клучните партнери за Република Македонија

Турција е еден од клучните партнери за Република Македонија, и во регионален и во глобален аспект, истакнува Попоски, зборувајќи за односите меѓу Република Македонија и Република Турција.

„Исто така, многу значаен фактор што Турција како членка на НАТО е еден од посилните поддржувачи на НАТО во балканскиот простор и членството на Македонија во НАТО. Тука не е битен безбедносниот аспект, кој можеби е помалку релевантен, со оглед на тоа дека не верувам оти има крупни безбедносни закани во балкански контекст, но е голем симбол за стабилност,за релаксирање на определени тензии штопостоеле во минатото. Тука мислам дека Турција игра улога на голем поддржувач и на РМ и на другитеземји за членство во НАТО-алијансата. Имаме одлични односи во делот на туризмот, економијата и инвестициите. Сето тоа е пресликано и на високото ниво на комуникација и средби штого имаме на највисоко ниво. Тоа би рекол дека е дел од еден стандард штое воспоставен во македонско-турските односи во изминатите децении, и тоа можеме само да го надградуваме во иднина“ , истакна министерот за надворешни работи Никола Попоски во интервјуто за АА./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Борче Стамов и д-р Ирфан Ахмети ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“

Борче Стамов од „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија, денеска во Собранието ќе ја...

Македонија10 часа

(Видео) Во потрага по храна, мечка се качи на тераса од семејна куќа во Тетовско

Мечка се качила на тераса од семејна куќа во тетовското село Отуње. Членовите на семејството биле во внатрешноста на куќата,...

Македонија16 часа

Голема акција на Финансиската полиција: уапсени седум лица за даночни измами и перење пари, го оштетиле буџетот за 430 милиони денари

По двегодишна опсежна предистражна постапка, во текот на денешниот ден Управата за финансиска полиција спроведе акција во која беа извршени...

Македонија18 часа

Предложен притвор за таткото што тепаше играчи на фудбалскиот натпревар во Штип

Основното јавно обвинителство Штип денеска поведе итна постапка против едно лице за кривично дело – Насилство. Осомничениот извршил грубо насилство...

Свет18 часа

Застрашувачки снимки од напад врз болница во Газа, меѓу загинатите има и новинари

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“ во градот Кан Јунис во...

Македонија19 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика,...

Македонија20 часа

Алиу на средба со д-р Кедев: Сите што имаат информација за евентуални неправилности да се обратат до Министерството

Министерот за здравство Азир Алиу денеска оствари средба со д-р Сашко Кедев, на која беа разменети информации во врска со...

Македонија20 часа

Зеленски: Украина високо ја цени непоколебливата солидарност на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода

Украина високо ги цени непоколебливата солидарност и силниот глас на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода, достоинството и правото...

Топ21 час

Тешко повредена жена во Автокоманда, маж ја удрил во главата со гајба полна со стаклени шишиња

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка...

Европа24 часа

Русија уништи 21 украински дрон во текот на ноќта, два летаа кон Москва

Руските одбранбени единици уништија 21 украински дрон во текот на ноќта, објави руската државна новинска агенција, повикувајќи се на податоци...

Свет1 ден

Канада отворена за испраќање мировни сили во Украина

Канадскиот премиер Марк Карни му рече вчера на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ги поддржува барањата на Украина за силни...

Европа1 ден

Мерц: Никој повеќе не треба да има илузии, Германија е во структурна криза

Германскиот канцелар Фридрих Мерц призна дека справувањето со економските предизвици се покажува како многу поголем предизвик отколку што првично очекувал....

Македонија1 ден

На Табановце за излез од државата се чека 30-ина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е...

Македонија1 ден

Вкупно девет пожари на отворен простор, активен еден, а два се под контрола

На територијата на државата денеска до 18:00 часот имало вкупно девет пожари на отворен простор, од кои еден е активен,...

Свет1 ден

Лавров ги соопшти условите на Русија за постигнување мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ги изложи клучните услови на Русија за постигнување мир во Украина, предлагајќи...

Македонија2 дена

Мицкоски очекува историска победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, приоритет ќе биде хигиената во Скопје

Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата овие два дена, претставува, навистина, новитет на политичката сцена во Македонија. Добро е...

Топ2 дена

Во возило откриени 15 мигранти од Египет и Сирија

Вкупно 15 мигранти од Египет и Сирија се пронајдени синоќа во возило на регионалниот пат Богданци–Гевгелија, на место викано „Македонија...

Регион2 дена

Вучиќ најави намалување на цените на јајцата, зеленчукот, овошјето, млечните производи…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави денеска дека од идната недела ќе се ограничат маржите во трговските синџири, што ќе...

Свет2 дена

Палестински камерман убиен во појасот Газа

Палестинската новинска агенција (ВАФА) објави дека израелските војници убиле палестински камерман во северниот дел на Појасот Газа. Камерманот Калед ал...

Македонија2 дена

Пратениците се одморија, од утре почнуваат со редовни активности во Собранието

Пратениците од утре официјално почнуваат со работа по годишниот одмор. Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре закажа неформална средба...