Црна хроника
Изминатата недела во Скопје санкционирани 1.018 учесници во сообраќајот
СВР Скопје изминатата недела спроведе зајакнати контроли на подрачјето на градот и од страна на сообраќајната полиција санкционирани се вкупно 1.018 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.
Кај 45 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 74 лицa управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 44 возачи, кај 22 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, 37 возачи управувале возила со над дозволената брзина, и 28 возачи управувале возило со над 90 км на час во населено место.
Изречени се 69 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 42 прекршоци за зборување на мобилен телефон, потоа 32 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 343 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, за недавање на првенство на минување изречен е 1 прекршок, за недавање првенство на минување на пешаци изречени се 5 прекршоци, за непрописно престројување изречени се 15 прекршоци, за прекршоци што ги чинат пешаците изречени се 70 прекршоци, за сообраќаен прекршок претовар изречени се 3 прекршоци, а кај 10 возила е утврдена техничка неисправност и со пајак возило подигнати се вкупно 357 возила.
СВР-Скопје и понатаму ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли по однос на прекршоци кои доведуваат до сообраќајни незгоди и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, при преглед пронајдена дрога
Вчера околу 21:00 часот од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен е преглед на 38-годишниот Ф.Ш. од Скопје при што пронајдена е марихуана.
Ф.Ш. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Топ
Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството
Во врска со тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Прилеп – Росоман, во близина на Плетвар, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп вечерва изврши увид на лице место.
Според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судар помеѓу два автомобили што се движеле во иста насока. Од ударот две лица го загубиле животот, меѓу кои и возачот на едното возило, додека петмина се здобиле со повреди и биле пренесени во болниците во Прилеп и Кавадарци.
Јавниот обвинител издал наредби за прибирање на траги од местото на настанот, како и за сообраќајно и машинско вештачење на двата автомобили со цел утврдување на причините за несреќата. Врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција, а кај преживеаниот возач ќе се испитува евентуално присуство на алкохол или други супстанции.
Надлежните институции продолжуваат со активности за целосно расветлување на околностите под кои се случила трагедијата.
Црна хроника
Двајца турски државјани уапсени на скопскиот аеродром со фалсификувани визи
Денеска околу 10 часот на скопскиот аеродром, полицијата ги приведе Г.М. и К.М., двајцата државјани на Република Турција.
При излез од државата, при извршена гранична контрола, било утврдено дека визите за Обединетото Кралство што ги приложиле биле фалсификувани.
Двајцата се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

