Македонија
17 пациенти хоспитализирани за 24 часа во ковид-центрите во Скопје, се лекуваaт вкупно 258 лица
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 258 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, голем дел од пациентите е на кислородна поддршка, информираат од Министерството за здравство (МЗ).
Во последното деноноќие на интерните клиники имало 9 приеми.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 2 примени пациенти и 6 билe примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 42 оздравени пациенти.
Во ковид-центрите на интерните клиники се лекуваат 75 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 86 болни, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 89 пациенти, а на Иститутот за белодробни заболувања кај децата во Козле има 5 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид-19.
Бројот на приеми во изминатите денови се намалува и, утрово, до 8 часот, имало 340 слободни места, а се очекува во текот на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места, велат од МЗ.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и може да згрижат пациенти што имат потреба од кислородна поддршка.
Од утрово, поради намалениот број на пациенти, затворени се ковид-центрите на Клиниката за кардиологија, Клиниката за ОРЛ, Клиниката за очни болести и на Институтот за физикална терапија. Од почетокот на неделава без ковид-пациенти се и клиниките за урологија и пластична хирургија, кои веќе почаа со редовна хируршка програма. В петок ќе се затвори и ковид-центарот на Клиниката за трауматологија при ТОАРИЛУЦ и од понеделник Клиниката за ортопедија и Клиниката за трауматологија почнуваат со редовни хируршки програми, известува Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денес во 12 затворени улици во Скопје, ќе се протестира против Усје
Во централното подрачје на Скопје денеска ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради протестниот марш „Стоп за Цементара“, закажан во 12 часот.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, маршот почнува пред Владата на булевар „Илинден“, десно по булевар „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улица „11 Октомври“ до пред Собрание и лево по улица „Филип Втори Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
– Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, се наведува во соопштението.
Македонија
Прoменливо облачно со слаб повремен локален дожд
Времето денеска ќе биде прoменливо облачно со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места ќе има слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до шест, а максималната ќе достигне од седум до 11 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 10 степени.
УХМР информира дека ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има утре кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ реагира: Ако СДСМ не ја краделе државата, минималната плата денес ќе беше и повисока
Предлог-законот на СДСМ за минимална плата од 600 евра е доказ дека доколку не ја краделе државата додека биле на власт, работниците денес ќе имале и повисока минимална плата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека СДСМ денес поднеле предлог-закон со кој се предвидува минимална плата од 600 евра и дека во истиот навеле дека за таа мерка се потребни околу 7,5 милијарди денари, односно околу 110 милиони евра, но не објасниле од каде би се обезбедиле тие средства.
Според ВМРО-ДПМНЕ, добрата страна на предлог-законот е што, како што велат, покажува дека СДС имале можност во минатото да ја зголемат минималната плата и до 600 евра, но тоа не го направиле.
Во реакцијата се наведува и дека доколку не била дозволена злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари за набавка на, како што велат, канцероген мазут со кој бил загадуван воздухот, работниците денес можеле да имаат и повисока минимална плата, можеби и од 700 евра.
Од ВМРО-ДПМНЕ дополнуваат дека СДСМ и ДУИ, според нив, наместо да работат во интерес на граѓаните, гледале како да ја ограбат државата и да си ги наполнат сопствените џебови.

