Спорт
Роналдо во гаражата има автомобил од 10 милиони евра

Кристијано Роналдо, во понеделникот, заедно со газдите на фудбалскиот клуб Јувентус, Андреа Ањели и Џон Еклан, ја посети фабриката на ферари во Маранело.
Португалецот, обожува брзи и скапи автомобили, па посетата на Маранело ја искористи за да си купи кола од 1,6 милиони евра.
Today we opened the doors of Maranello to a special guest. It was truly a unique experience for @Cristiano. #Ferrari @Charles_Leclerc @Carlossainz55 pic.twitter.com/6OYCePGeMP
— Ferrari (@Ferrari) May 10, 2021
Најскап автомобил во неговата гаража е Bugatti Centodieci. Во светот постојат само десет вакви автомобили. Роналдо за него издвоил 10 милиони евра.
Во гаражата Роналдо има уште два автомобили Bugatti (Chiron I Veyron), како и McLaren Sennu, Lamborghini Aventador, Chevrolet Camaro, Range Rover Sport, Mercedes AMG GLE, Rolls Royce Cullinan, Bentley Continental GT, Ferrari F12 TDF i Mercedes Classe G Brabus.
Автомобилската ергела на Кристијано Роналдо вреди 18 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Анчелоти осуден на една година затвор за затајување на данок во Шпанија

Трофејниот италијански фудбалски тренер Карло Анчелоти е осуден од шпанскиот суд на една година затвор поради даночна измама направена во 2014 година, за време на неговиот престој во Мадрид.
Судот во главниот град на Шпанија му изрече и парична казна во износ од 386.000 евра.
Според шпанскиот закон, затворски казни пократки од две години може да бидат условно суспендирани доколку осудениот претходно не бил казнет, па се очекува дека актуелниот селектор на Бразил сепак нема да оди зад решетки.
Пред Анчелоти, на мета на шпанските даночни власти беа и Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Жозе Мурињо, но ниту еден од нив не ја отслужи казната во затвор.
Фудбалската федерација на Бразил, како и претставниците на Анчелоти, засега не ја коментираа одлуката на судот.
Анчелоти е единствениот тренер кој пет пати ја има освоено Лигата на шампионите (три пати со Реал Мадрид и двапати со Милан), како и единствениот со титули државен првак во Англија, Шпанија, Италија, Германија и Франција.
Спорт
Седлоски пред натпреварот против Ла Фиорита: „Само максимален пристап носи победа“

Вардар утре го игра првиот натпревар во квалификациите за Конференциската лига против Ла Фиорита од Сан Марино, на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Тренерот Гоце Седлоски на прес-конференција изјави дека очекува сериозен пристап од своите играчи и победа на враќањето на клубот на европска сцена по седум години.
„Нема фаворити во денешниот фудбал. Насочени сме кон самите себе, а не кон противникот. Подготвени сме, ја анализиравме Ла Фиорита и нема простор за опуштање“, рече Седлоски, нагласувајќи дека најважен е настапот на неговите фудбалери, со оглед на тоа што следува и реванш за седум дена.
Спорт
Реал Мадрид и Пари Сен Жермен вечерва во Њујорк

Европските шампиони Реал Мадрид и Пари Сен Жермен вечерва од 21 часот ќе се соочат во полуфиналето на Светското клупско првенство. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Метлајф“ во Њујорк, пред повеќе од 80.000 гледачи.
Пари Сен Жермен неодамна го освои својот прв трофеј во Лигата на шампионите, постигнувајќи историски успех. Сега тимот има нова шанса да се докаже против најтрофејниот европски клуб.
Натпреварот има дополнително значење поради првиот настап на Килијан Мбапе против својот поранешен клуб. Францускиот напаѓач седум години настапуваше за ПСЖ, каде што стана најдобар стрелец во историјата на клубот со 256 погодоци.
Победникот од дуелот меѓу Реал Мадрид и ПСЖ ќе се сретне со Челзи во финалето на Светското клупско првенство.