Свет
ООН ги предупреди Израел и Хамас: Намалете ги тензиите
Високата комесарка на ООН за човекови права Мишел Башле ги предупреди Израел и Хамас да ги намалат тензиите и да престанат со „погрешните активности на двете страни“.
Башле посочи дека воинствената реторика што ја користат двете страни се чини дека сака да ја зголеми напнатоста наместо да ја смири ситуацијата и предупреди дека лансирањето огромен број ракети кон Израел, дури и во густо населените области, претставува јасно кршење на меѓународното хуманитарно право и е на работ на воени злосторства, пренесуваат светските агенции.
Таа исто така посочи дека во некои акции на израелската армија во Газа, мета биле цивилни објекти кои, според меѓународното хуманитарно право, не можат да се сметаат за воени цели и додаде дека непочитувањето и кршењето на меѓународното хуманитарно право може да претставува воен криминал .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

