Црна хроника
Убиство и самоубиство го потресе Охрид
Недоразбирањата меѓу сопругот педагог во едно од основните училишта во градот и сопругата полицајка вработена на охридскиот аеродром, завршија со убиство и самоубиството што се случи попладнево околу 17.30 часот во семејна куќа на улицата „Момчило Јорданоски“, јавува Ohridnews
Иако постојат одредени индиции полицијата сеуште не соопштува како се случила и што ја предизвикало семејната трагедија, освен тоа дека според првичните неофицијални информации од истрагата, убиството и самоубиството биле извршени со пиштол.Соседите со неверување ја примија веста за смртта на двајцата сопружници на возраст од околу 30 години, кои зад себе оставија две малолетни деца, од 7 години и 7 месеци. Видно вознемирени се воздржаа од секаков коментар.На местото на несреќата во тек е увид кој според информациите од охридската полиција ќе продолжи во текот на ноќта, а со официјална информација за немилиот настан надлежните органи најавија дека ќе излезат во текот на утрешниот ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

