Македонија
Филипче: Сите граѓани на Скопје над 40 години добија термини за вакцинација

Министерот за здравство Венко Филипче во објава на социјалните мрежи вели дека сите граѓани на Скопје над 40 години добиле термини за вакцинација.
Тој известува дека во следните три дена термини ќе добијат и останатите граѓани во земјава кои се над 40 годишна возраст.
„Термини за вакцинација добија сите граѓани над 40 годишна возраст од Скопје кои до 30.04.2021 изразиле желба за вакцинирање преку веб страницата www.vakcinacija.mk. Во текот на следните три дена и од останатите градови во земјава, термини за вакцинирање ќе добијат граѓаните над 40 годишна возраст кои до крајот на април изразиле желба за вакцинирање на www.vakcinacija.mk.“, пишува Филипче на Фејсбук.
Тој потсети дека од вчера почна вакцинацијата и на пациентите кои се на дијализа, како и пациентите со трансплантација.
Имунизацијата во државата се одвива со засилено темпо, најлесен начин да се вакцинирате е со пријавување на www.vakcinacija.mk, напиша министерот за здравство.
Дополнително Филипче објаснува дека граѓаните над 40 години кои се пријавиле на vakcinacija.mk , а не добиле порака за термин, да проверат кај матичниот лекар за терминот за вакцинација, бидејќи имаат искреирано термин, но најверојатно поради некакви технички причини (погрешен телефонски број, или меил) не добиле смс или електронска порака дека имаат термин за да се вакцинираат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
17 години стар европски бизон угина во Зоолошката градина Скопје

Зоолошката градина Скопје извести дека утрово угинал 17 години стар европски бизон.
„Со голема тага ја споделуваме веста дека нашиот европски бизон кој имаше 17 години утрово угина. Животниот век на овие животни е од 14 до 20 години.
Овој величествен и редок претставник на европската дива фауна од 2011 година беше еден од најимпресивните жители на нашата зоолошка градина.
Пред околу година и половина кај него беше дијагностицирана пневмонија, по што следеше долготраен процес на терапија и внимателно следење од страна на нашиот тим ветеринари и неговите негуватели.
Иако со многу посветеност успеавме да ја стабилизираме неговата состојба, во изминатите две недели повторно покажа знаци на слабост и отежнато дишење. Веднаш беше вклучена интензивна секојдневна антибиотска терапија одредена според антибиограм и постојан надзор, но за жал, и покрај сите наши напори, не успеавме да го спасиме“, велат од Зоолошката градина Скопје.
Македонија
Николоски: Воена болница добива нов лик, ќе добиеме најмодерна бoлница во држвата

Лекарите ќе добијат подобри услови за работа, а пациентите една од најмодерните болници во државата. Со инвестиција од 12 милиони евра целосно се реконструира болницата, истакна потпретседателот на Владата, Александар Николоски при денешната посета на Воената болница заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство, Азир Алиу.
„Ова е проект кој го работиме во рамки на концесијата која што ја има ТАВ за двата аеродроми, скопскиот и охридскиот. Дел од средствата се користат за општествено корисни проекти и 12 милиони евра ќе бидат потрошени за целосна реконструкција на хирушкиот блок, на блокот за патологија, биохемија и целосно опремување по најморедни стандарди.
Она што е многу значајно е дека докторите ќе добијат добри услови за работа, а пациентите ќе добијат најмодерна болница во целата држава. Драго ми е што во една соработка со ТАВ ова успеваме да го реализираме и се надевам дека ќе имаме други општествено корисни проекти“, изјави потпретседателот на Владата, Александар Николоски.
Македонија
Забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште“

Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, на денешната 7-ма седница, предложи до Владата, а Влада усвои следниве заклучоци: забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште”, како итна мерка во насока на справување со пожарот на депонијата „Вардариште“ во општина Гази Баба, а за надлежен за оваа проблематика го назначи првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, извести Министерството за животна средина и просторно планирање.
Заклучоците се донесоа по дискусијата за состојбата со пожарот на депонијата „Вардариште“ во општина Гази Баба, кои по исцрпната дискусија, членовите на Комитетот, поради зголемените ризици по животот и здравјето на граѓаните и поради загадувањето на животната средина, ги донесоа за превенција и отстранување на штетните последици од пожарите на депонијата „Вардариште“.
Овие заклучоци се во насока на заштита на животната средина и безбедноста на граѓаните, како и превентивно управување со потенцијални кризни ситуации од ваков тип.
Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи будно ја следи целата ситуација вои и околу Вардариште и ќе биде вклучена се до трајно решение на овој проблем, за што бара трпение од засегнатите граѓани, се додава во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање.