Политика
СДСМ: Македонија живее на кредит
Опозициската СДСМ, во среда, обвини дека владејачката структруа, ја довела Македонија во состојба да живее на кредит, задолжувајќи ја земјата за 1.870.000.000 евра од 2008 година, до сега.
Опозицијата, која ја бојкотира работата на собранието, сепак, во среда, на денот кога на собраниска седница почна расправат за завршната сметка на Буџетот, обвини дека таа е само уште еден доказ за лошото, недомаќинско планирање и реализирање на фискалните и лошите економски политики на власта во 2015 година.„И со овој буџет како и со сите претходни од 2008 год. наваму владата ги задолжила граѓаните и стопанството за нови 320 милиони евра само по основ на дефицити на буџетите. Од 2008 година до денес владата создала нов долг од неверојатни една милијарда и осумстотини и седумдесет милиони евра доведувајќи го јавниот долг во 2015 год на историски највисоко ниво во изминативе 25 год. од 46,5 отсто од БДП. Ваквото живеење на кредит и во 2015 година се должи на неспособноста на оваа влада дури и во годината кога растот на БДП е повисок од планираниот (планиран 3.5% остварен 3.7%) да не може да ги релизира планираните приходи во 2015 год“,рече Хари Локвенец, од СДСМ, на прес-конференција.Тој додаде, дека потфлање во реализацијата на Буџетот за 2015 година нема само кај приходите туку и кај расходите при што кај тековните расходи има потфрлување за 45 милиони евра, а најзагрижувачко е потфрлањето кај капиталните расходи за цели 58 милиони евра.Локвенец наброја дека потфрлување има кај инвестициите клучни за граѓаните и развојот, кај инвестициите во железничка, кај водоснабдувањето и одведувањето на отпадни води, кај изградбата на нов клинички центар во Штип, кај инвестициите во изградба на основни училишта, кај финансиската подршка на земјоделството и руралниот развој и друго.„СДСМ не ја подржува завршната зметка за 2015 год и истата само е уште еден доказ дека дека власта во заминување не сака да штеди на своето чоколадо туку сака да штеди само на лебот на граѓаните. Тоа е уште потврда зошто на Македонија и се неопходни демократски промени и враќање на парите кон граѓаните“, рече Локвенец./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ковачевски: Имаме задача да не се откажеме од европскиот сон за подобра и просперитетна држава за идните генерации
„Нашата генерација има задача да не се откаже од европскиот сон на земјата и да направи сè за Македонија да стане рамноправна членка на Европската Унија“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на митингот на Коалицијата за европска иднина во Кичево.
Ковачевски истакна дека денеска кога чествуваме 121 година од смртта на македонскиот револуционер, идеолог и учител, Гоце Делчев, важно е да се потсетиме дека низ историјата нашиот народ не се откажувал дури ни пред најтешките предизвици. Порача дека 8 мај е нов историски крстопат, денот кога сите прогресивни и демократски сили во државата треба да одлучат државата одлучно да продолжи на патот кон Европската Унија.
„Само така ќе изградиме подобра и просперитетна држава за идните генерации. Држава со европски животен стандард, европски вредности, европски правила на игра“, рече Ковачевски.
Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел и ќе можеме да се збогуваме од ЕУ, истакна Ковачевски.
„Не смееме да ја повториме грешката од минатото и да дадеме преголема моќ во рацете на десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ. Уште се свежи раните што ѝ ги нанесоа на државата за време на нивното 11-годишно владеење на Македонија. Сетете се на заробените медиуми, замолчените вработени во јавниот сектор, натепаните студенти во библиотеките и плоштадите. Сетете се на милионите потрошени за жални врби, лажен барок, евтин стиропор само за да се богатат поединци од ВМРО – ДПМНЕ“, истакна Ковачевски.
Лидерот на СДСМ пред граѓаните на Кичево најави повисоки плати и пензии, пакети за поддршка на учениците и студентите, одговорна социјална политика и одлучна борба против криминалот и корупцијата.
Македонија
Проданоски: Експресниот пат Градско-Прилеп ни од далеку не е готов, да ставиме крај на лагите на СДСМ на 8 мај
Тука сме на лице место за да ги разобличиме лагите кои што СДСМ се обидуваат да ги пласираат до јавноста, рече Дејан Проданоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
– Овде во Дреновската клисура каде што сме на самиот старт на почетни градежни активности, а за кои што слушнавме дека во 90 % експресниот пат е завршен. Овие се истите лаги исто како оние на почетокот на нивниот мандат кога Фејсбук и Гугл чекаа на граница, истите лаги како фабриката за автомобили во Тетово. Но, македонските граѓани треба да видат и да знаат дека овде на ова место е сам старт на почеток на градежни активности, а не е видлив ниту крајот на она како што тие сакаат да го пласираат. Да не зборувам тука и за третата фаза од експресниот пат за која што има обезбедено средства и за која што можеше исто да биде завршена ако не беа платени пеналите кон компанијата на која што и се бараше рекет за да остане да го гради автопатот и се изгуби значително голем период од изградба на патот и барање на друга компанија, рече тој.
На лагите од СДСМ им нема крај, овие лаги мора да завршат, затоа на 8-ми мај ве повикувам сите да заокружите број 2 за да и ова автопатско решение биде завршено и биде ставено во функција на секој граѓанин на Република Македонија, додаде Проданоски.
Македонија
Димитриевски од Куманово упати порака до „загржените“: Ние не менуваме страни, ние едноставно за разлика од сите нив имаме став
Преседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска, заедно со носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 2, Даниел Стојчевски и останатите кандидати имаше средби со граѓаните во Куманово.
Во изјавата за медиумите Димитриевски упати неколку прашања до поранешниот премиер Ковачевски и, како што рече, луѓето коишто ја узурпирале социјалдемократијата во Македонија.
„Сакам да го прашам Ковачевски каде беше додека режимот на Груевски ја газеше Македонија, додека пратеници беа исфрлани од Собрание, додека луѓе маршираа по улици и се бореа за демократија и праведно општество? Каде беше Ковачевски кога крвави излеговме од Собрание? Дали беше во друштво на Мијалков и Груевски во свечената ложа на Македонската филхармонија и уживаше во концертите? Дали тогаш беше вистински социјалдемократ, како што денеска глуми загрижен
социјаладемократ? Воедно да го прашам дали таа социјалдемократија за којашто тој се бори е всушност истата којашто се откажа од Гоце Делчев, ги избриша АСНОМ-ските повелби од Уставот на Македонија, дополнително ги прогласи за админстратори, а не за бугарски окупатори. Учествуваше во менувањето на македонската историја и погубното потпишување на меѓудржавни договори со коишто се нанесе долгорочно зло на Македонија и на следните генерации“. Димитриевски истакна дека патот на ЗНАМ е јасен.
„Ние продолжуваме заедно со граѓаните напред. Нашата цел е да бидеме со граѓаните и без рзлика кој со каква иделогија
е да ги застапуваме соодветно во идниот парламентарен состав. Повеќе од убеден сум дека витинските социјалдемократи денеска се во ЗНАМ. Ние не менуваме страни, ние едноставно за разлика од сите нив имаме став. А тие решија да ја уништат социјалдемократијата во целост грижејќи се за сопствените функции и позиции со тоа што се ставија самите себе си на
добитни места на пратеничките листи, кои се всушност листи за обезбедување на имунитет на сите оние коишто учествуваа во тешки кривични дела во државата за коишто треба да сносат одговорност, а воедно со тоа даваат еден лош пример на реалните социјалдемократи“.
Тој ги повика сите социјалдемократи, сите слободоумни граѓани да дојдат и да се приклучат во ЗНАМ.
„Во ЗНАМ има место за сите. ЗНАМ е граѓанска партија којашто не прави разлика помеѓу граѓаните ниту на верска, ниту на етничка,ниту на било која друга основа. ЗНАМ е место за сите, мместо кадешто сите Македонци и сите останати граѓани на Македоннија можат да се обединат“, рече Димитриевски и упати честитка за претстојниот празник.
„Во оваа прилика сакам да им го честитам претстојниот празник на сите христијани од православна исповед и да посакам здравје и среќа. Воедно ве повикувам заедно да се бориме против црно-сивиот свет којшто е изграден во овие изминати 33 години“, рече Димитриевски во изјавата за медиумите денеска во Куманово.