Свет
Нетанјаху најави уште поостра реакција во следните неколку дена

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека земјата ќе го засили својот одговор на ракетните напади во следните неколку дена.
По состанокот со водачите на локалната заедница во Газа, тој рече дека воените операции ќе продолжат во следните неколку дена по што Израел ќе го засили својот одговор на каков било ракетен напад, пренесуваат израелските медиуми.
„Операцијата ќе трае уште неколку дена, а потоа ќе биде проследена со многу посилен одговор“, изјавил Нетанјаху.
Израелскиот премиер рече дека палестинскиот Хамас добил удари што не ги очекувал и дека Израел ја вратил екстремистичката организација назад со години.
Ова го изјавил Нетанјаху за време на посетата на воздухопловната база во близина на Бершева на југот на Израел додека се слушале сирени за ракетна тревога, пренесоа израелските медиуми.
„Нашите непријатели уводоа која цена треба да ја платат за агресијата против нас“, рече израелскиот лидер.
Тој најави продолжување на операцијата сè дури е потребно за да се врати мирот за граѓаните на Израел.
„Не се сомневам дека ги вративме многу години наназад“, рече израелскиот премиер.
Нетанјаху ја посети воената база на југот на земјата на деветтиот ден од конфликтот меѓу израелската армија и палестинските екстремистички организации во Газа, во кој беа убиени 213 Палестинци и 12 лица во Израел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Германскиoт министер за одбрана: Упадот на руски беспилотни летала во Полска не е грешка

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека руските беспилотни летала што влегле во полскиот воздушен простор биле „јасно насочени на тој начин“.
Писториус ја отфрла можноста за случајна грешка.
Одговарајќи на прашања од пратениците во Бундестагот во Берлин, Писториус рече: „Нема причина да се сомневаме дека станува збор за корекција на курсот, грешка или нешто слично“.
Тој нагласи дека ова покажува како тие се „постојано изложени на закани од провокации“ од руските сили – во Балтикот од морето, а за Централна Европа преку „хибридни напади“ или летови како овие дронови.
Свет
Поплави на Бали, најмалку девет лица загинаа

Поплавите на индонезискиот остров Бали оваа недела убија најмалку девет лица, ги блокираа главните патишта во главниот град и го нарушија животот во прометната туристичка дестинација, соопштија денес официјални лица.
Силните дождови помеѓу вторник вечерта и среда предизвикаа големи поплави и убија пет лица во главниот град на Бали, Денпасар, изјави Абдул Мухари, портпарол на државната агенција за природни катастрофи.
Уште четири лица загинаа во регионите Џембрана, Џијањар и Бадунг, додаде Мухари. Две лица сè уште се водат како исчезнати.
Од 600 жители погодени од поплавите, речиси 200 се евакуирани од своите домови во училишта и џамии бидејќи нивните куќи се сè уште поплавени, соопшти агенцијата.
И. Њоман Сидакарја, раководител на агенцијата за пребарување и спасување на островот, изјави дека поплавите уништиле две згради во Денпасар и додаде дека пристапот до меѓународниот аеродром, кој се наоѓа недалеку од Денпасар, е ограничен бидејќи по патиштата можат да се движат само камиони.
Индонезискиот претседател Прабово Субианто изрази сочувство и му нареди на раководителот на националната агенција за катастрофи да отпатува на Бали за да ги води итни интервенции таму и да ги гарантира основните потреби на населението.
Свет
Руското Министерство за надворешни работи: Полска шири митови

Руското Министерство за надворешни работи ги отфрли обвинувањата дека беспилотните летала намерно влегле во полскиот воздушен простор, нарекувајќи ги митови.
Ја обвини Варшава за „понатамошно ескалирање на украинската криза“ со вакви тврдења, но потврди дека е подготвена да учествува во евентуални разговори со Полска.
Претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека „ниту една педа на територијата на Полска не е планирана како цел“ и дека максималниот дострел на руските беспилотни летала што се користат во нападот врз Украина не надминува 700 километри.