Свет
Шефот на европската дипломатија повика на прекин на огнот меѓу Израел и Палестина

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска повика на итен прекин на насилството и прекин на огнот меѓу Израел и Палестина.
„Целта е да се заштитат цивилите и да се овозможи пристап на хуманитарна помош до Газа“, рече Борел по вонредниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ додавајќи дека оваа изјава ја има поддршката на 26 од 27 земји членки на ЕУ, освен Унгарија.
Борел оцени дека големиот број цивилни жртви, вклучително и жени и деца, е неприфатлив.
„Ние ги осудуваме ракетните напади од Хамас и другите терористички групи на израелска територија и целосно го поддржуваме правото на Израел да се брани, но тоа треба да биде на пропорционален начин и со почитување на меѓународното хуманитарно право“, додаде Борел.
Борел исто така оцени дека е потребно вистинско политичко решение за безбедноста на Палестинците и Израелците. Иако сега приоритет е ставањето крај на непријателствата, високиот претставник на ЕУ истакна дека треба да се воспостави политичка рамка по тоа за да се најде решение за повеќедеценискиот конфликт меѓу двете страни.
Унгарија денеска одби да ја поддржи изјавата на ЕУ, со која се повикува на прекин на огнот меѓу Израел и Палестина велејќи дека ваквите ставови се делумни и небалансирани.
„Имам проблем со европските изјави за Израел воопшто. Тие не помагаат многу, особено во сегашните околности кога тензиите се толку големи“, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, за АФП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Шахта во Њујорк експлодира неколку секунди откако по неа помина жена со деца

Безбедносна камера во американскиот град Паукипси, Њујорк, снимила драматичен момент кога капак на шахта експлодирал неколку секунди откако покрај неа поминала жена со количка и две деца, објави Би-Би-Си.
На видеото се гледа како жена турка количка и држи дете за рака додека оди по улица. Во моментот кога се оддалечени само неколку чекори има силна експлозија и од земјата избива оган и чад.
Според соопштението на противпожарната служба во инцидентот нема повредени, но во неколку згради во блокот била откриена висока концентрација на јаглерод моноксид.
„Жителите од околните згради се евакуирани додека нивото на гас не се сведе на безбедно ниво“, соопштија пожарникарите.
Причината за експлозијата се уште не е официјално потврдена, но се сомнева дека има технички дефект во електричната или гасната инфраструктура под коловозот.
Свет
Објавен мистериозниот портрет на Трамп кој Путин му го подари на американскиот претседател

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен го објави портретот што рускиот претседател Владимир Путин му го испрати на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.
На него е претставен американскиот претседател по обидот за атентат, а автор на портретот е рускиот уметник Никас Сафронов.
Сликата го покажува Трамп со крената тупаница и траги од крв на лицето – потсетување на моментот на атентатот за време на настап во кампањата во Пенсилванија на 13 јули 2024 година.
Зад него се вее американско знаме, а во позадина се видливи Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.
Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.