Свет
Директорката на ЦДЦ со убава вест: САД се на пат да излезат од пандемијата

Директорката на Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), Рошел Валенски, изјави дека се чини дека САД се на пат да излезат од пандемијата, нагласувајќи дека последниот просек од седум дена на нови случаи на Ковид-19 и бројот на смртни случаи е најнизок од почетокот на пандемијата.
Валенски, сепак нагласи дека последните податоци покажуваат дека „сите треба да имаме претпазлив оптимизам“, пренесува „Гласот на Америка“.
Високиот советник на Белата куќа за Ковид-19, Енди Славит, додаде уште една добра вест дека бројот на случаи се намалил минатата недела во сите 50 земји, исто така за првпат во пандемија.
Иако стапката на вакцинација е забавена, Валенски рече дека САД продолжуваат да вакцинираат 1,5 и 2 милиони луѓе на ден. Таа изјави дека за помалку од една недела откако американската Администрација за храна и лекови и ЦДЦ одобрија и препорачаа употреба на вакцината на „Фајзер“ за адолесценти на возраст од 12 и повеќе години, повеќе од 600.000 млади луѓе ја примија вакцината.
Валенски додаде дека 60 проценти од Американците постари од 18 години примиле барем една доза вакцина, што е добар знак дека нацијата лесно ќе ја исполни целта на американскиот претседател Џо Бајден, 70% да има барем една доза од вакцината до 4 јули.
Главниот медицински советник во Белата куќа, Ентони Фаучи, ги презентираше неодамнешните студии кои покажаа дека вакцините што моментално се достапни во САД се покажаа ефикасни во обезбедувањето заштита од видовите на вирусот, вклучувајќи ја и индиската варијанта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Фото) Авион на „Рајанер“ удри во ограда на грчки аеродром, оштетено крилото

Авион „боинг 737 MAX 8-200“ на „Рајанер“ претрпел оштетување на врвот на десното крило кога удрил во заштитна ограда при движењето на аеродром во Грција. Нема повредени патници или членови на екипажот, а авионот оттогаш е вратен во употреба.
Летот „ФР6080“ на „Рајанер“ полетал од аеродромот „Станстед“ во Лондон вчера во 9 часот наутро. Иако патниците пријавиле дека доживеале турбуленции за време на летот, авионот безбедно слета на меѓународниот аеродром „Каламата“ во 14.24 часот по локално време.
Ryanair flight FR6080 Right winglet hit a fence at Kalamata airport in Greece during taxiing after landing.
The Boeing 737 aircraft had arrived from London Stansted when the incident happened.
Ryanair spokesperson said the aircraft had landed safely, but as it taxied, “the… pic.twitter.com/4cKoHi5Pk8
— FL360aero (@fl360aero) June 19, 2025
По слетувањето на јужната писта, авионот скршнал од пистата кон платформата. За време на движењето неговото десно крило удрило во црвено-бела заштитна ограда и застанало. Фотографиите објавени на интернет покажуваат дека долниот дел од закрилата виси лабаво, делумно одвоен од остатокот од структурата.
Свет
Ирански нуклеарен научник убиен во напад во Техеран, тврдат израелските медиуми

Ирански нуклеарен научник е убиен во напад во Техеран, објавија израелските медиуми.
Нападот, според државната телевизија „Кан“ и други локални извори, се случил во иранската престолнина.
Ни Техеран ни Тел Авив сè уште официјално не ги коментирал тврдењата, но Израел и претходно, за време на конфликтот, нападна нуклеарни научници.
Свет
Макрон: Нападите врз цивилите и инфраструктурата мора да престанат, Иран мора да се врати на преговорите

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нападите врз цивили и цивилна инфраструктура во тековниот конфликт меѓу Израел и Иран мора да престанат.
Макрон ја даде изјавата пред новинарите по пристигнувањето на аеромитинг во близина на Париз.
„Франција со денови има јасна и едноставна позиција: нема оправдување за напади врз енергетски објекти и цивили“, рече Макрон.
Тој додаде дека Иран мора да ја покаже својата подготвеност да се врати на преговарачката маса.