Европа
Европските градови се предупредени за можни напади
Виенската полиција соопшти во саботата дека „пријателска“ разузнавачка служба предупредила бројни европски главни градови на можност од пукања или бомбашки напад во Европа пред Нова година, поттикнувајќи ги полициите ширум континентот да ги зајакнат безбедносните мерки.
„Споменати се неколку можни имиња на потенцијални напаѓачи кои се проверувани и истрагата темелена на тие проверки досега не даде конкретни резултати“, се наведува во соопштението на полицијата на Австрија, шест седмици по исламистичките милитанти во Париз кога беа убиени 130 луѓе.„Неколку дена пред Божик пријателска разузнавачка служба испрати предупредување во бројни европски главни градови, наведувајќи дека може да дојде до напади со експлозиви или пукања во периодот меѓу Божик и Нова година на локации на кои има многу луѓе“,се наведува во соопштението.Предупредувањето од разузнавачката служба, којашто не е именувана во соопштението, предупредува на зголемено ниво на закани отколку што е „општото неодредено ниво, како што беше наведено претходно, соопшти виенската полиција замолувајќи ги Австријците за разбирање за зголемените контроли.Дополнителните безбедносни мерки вклучуваат надзор на местата на коишто се собираат многу луѓе, „особено на манифестациите и сообраќајните центри, како и зголемени контроли на идентитетите и засилено внимание за предмети во кои може да се носи експлозив, како што се „патни торби, ранци и рамови од велосипеди“, се додава во соопштението./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Филипинка се породила на крузер и го сокрила бебето: тоа починало
Истражен судија во Гросето, Италија го отфрли обвинението за убиство против Чан Џенсел Пиа Салахид, 28-годишна Филипинка која се породила на бродот за крстарење „Сребрен шепот“ на 17 мај, а потоа беше уапсена за смртта на детето.
Истражниот судија го потврдил приведувањето, а младата жена останала во затвор, но под обвинение за напуштање дете со смрт. Нејзините двајца колеги, кои ја делеле кабината со неа и кои исто така биле уапсени поради смртта на бебето, биле ослободени.
Тие и помогнале да се породи и биле соучесници во прикривањето.
Како што пишува „Rai News“, по добивањето на резултатите од обдукцијата, судот ги отфрли обвиненијата за убиство. Засега не се знае за што точно ќе биде обвинета жената освен за напуштање на детето.
А, таа цело време пред истражителите, според италијанските медиуми, тврдела дека не сакала да го убие својот син, кого го нарекла Тејлор.
Само се плашела дека ќе остане без работа, па го сокрила. Секогаш кога можела, доаѓала да го дои, според исказите. Бебето го оставала во плакарот со подотворена врата за да не падне од креветче и никој да не го види или слушне неговиот плач.
Европа
Состојбата на Фицо е стабилна, забележително е благо подобрување, велат од болницата
Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо по минатонеделниот атентат е стабилна со благо подобрување, соопштија денеска од болницата каде што е сместен Фицо.
„Состојбата на премиерот е стабилна со благо подобрување. Веруваме дека напредокот ќе продолжи“, соопшти болницата на платформата Х (Твитер), пренесе Ројтерс.
Фицо минатата среда беше застрелан од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.
Словачкиот премиер во тешка состојба беше пренесен во болницата каде му беше извршена операција.
Словачкиот суд во саботата одлучи Цинтула да биде задржан во притвор, а тој се соочува со казна од 25 години до доживотен затвор.
Европа
70-годишен маж застрелал девојче: му пречела вревата во дворот во Германија
Мајката Алиса Карина не можела да насети дека нејзиното дете од дворот ќе и се врати со рана на десната рака, бидејќи со однесувањето наводно ја налутило соседот Карл Хајнц М.(70) од Германија, па ја застрелал со воздушна пушка.
„Ќерка ми Мајли дојде од соседното игралиште викајќи: „Мојата рака, мојата рака!“, а потоа и видов дупка на надлактицата“, вели Алиса.
Остар проектил од воздушна пушка завршил длабоко во десната рака на Мајла, поради што имала комплицирана лекарска интервенција.
Соседот Карл-Хајнц М. (70) во вторникот се појавил пред судот во Бад Сегеберг каде рекол дека „пукал во врапче“.
„Не пукам во деца кои си играат. Имав проблем со врапче“, објаснил соседот во судот.
Порано се обидувал да ги исплаши птиците со петарди. Полицијата му запленила воздушна пушка и муниција, пренесува „Билд“.
Мајли е тешко болно девојче на кое му е дијагностициран тумор на мозокот и боледува од неизлечива болест неврофиброматоза, која предизвикува болни израстоци да се појавуваат како промени во нервното ткиво.
„Би сакал да ви се извинам за мојата глупост“, рекол соседот Карл и се согласил на итна исплата на отштета од 7.500 евра за девојчето, а судот го осудил на 16 месеци условна затворска казна, пренесува „Телеграф“.