Црна хроника
Скопјанец без дозвола изградил угостителски објект на плажа во Струга

Управител на хотел во Струга без дозвола изградил угостителски објект иако знаел дека рокот за закуп на земјиштето е истечен.
„Пријавениот К. Б. како управител и одговорно лице во правното лице, иако знаел дека договорот за закуп и користење плажа во близина на Струга, склучен помеѓу правното лице и Министерството за транспорт и врски, бил изминат по што требало земјиштето да го врати во сопственост и во владение на Република Северна Македонија, без одобрение за градење во текот на јуни 2020 изградил угостителски објект и без решение извршил реконструкција на постоен објект. Тој исто така со пријавениот Д. Г. склучил договор за закуп на наведеното земјиште и објект за рок од 4.5.2020 до 4.5.2022 година“, соопшти МВР.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против К. Б. (58) од Скопје и правно лице – хотел од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувањето и бесправно градење и против Д. Г. (37) од Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело узурпација на недвижности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со тврд предмет ги нападнал сопругата и малолетната ќерка: уапсен скопјанец

Синоќа во 20:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 39-годишник од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека во семејниот дом, физички ги нападнал неа и нивната малолетна ќерка, при што употребил и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Ги претепал двете сестри: кривична за 19-годишник од Тетовско

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 19-годишник од тетовско село.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено на 09.08.2025 во семејниот дом, пријавениот физички ги нападнал двете негови сестри, од кои едната е малолетничка.
Црна хроника
Прегазено седумгодишно дете во Скопје

Вчера во 17:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Максуд Садик“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната А.А. од Скопје, удрило во седумгодишно дете-пешак од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.