Црна хроника
Од затворот во Штип подигнал кредит со податоци на друго лице
Охриѓанец додека бил во затвор преку лажен профил на Фејсбук успеал да измами друго лице и со туѓи податоци да подигне брз кредит.
„ Тој во периодот февруари-април оваа година, кога издржувал казна затвор во Казнено-поправната установа ‘Затвор’ – Штип, со намера да стекне со противправна имотна корист, преку лажен фејсбук-профил, остварил контакт со Г.П. од Охрид и доведувајќи го во заблуда, го убедил да обезбеди валидни лични податоци и документи од трето лице, кои подоцна ги злоупотребил за подигнување кредит од финансиско друштво кое се занимава со издавање брзи кредити“, соопшти СВР Охрид.
Против СВР Н.С.(52) од Охрид е поднесена кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела измама и злоупотреба на лични податоци
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Граната од Првата светска војна најдена на нива во Битолско
Вчера, во битолската полиција било пријавено дека во 9 часот во нива во селото Драгожани, Битолско, од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување била подигната артилериска граната во калибар од 105 милиметри.
Гранатата е од Првата светска војна, информираа од МВР во дневниот полициски билтен.
Топ
Mладо момче со автомобилот излета на патот кон Средно Водно, тешко повредено
Дваесет и двегодишен скопјанец со иницијали М.П., синоќа по 1 часот по полноќ, со автомобилот излетал од локалниот пат за Средно Водно.
Од МВР инфомираа дека во несреќата момчето се здобило со тешки телесни повреди, и е хоспитализирано на Комплексот клиники.
Изврешен е увид.
Црна хроника
Претрес во Куманово, пронајдена дрога
На 24.11.2024 во 17.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.А.(45) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена кафеава прашкаста материја.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.