Спорт
Драма во Премиер лигата – колапс на Челси, но Лестер е најголемиот лузер!
Можеби немаше борба за титулата и за опстанок во последното коло од Премиер лигата, но тоа не значеше дека нема драма, откако на крајот Челси и покрај поразот од Астон вила, следната година ќе игра во Лигата на шампиони заедно со Ливерпул, откако Лестер загубија со 3:2 од Тотенхем дома и покрај тоа што имаше предност од 2:1.
Челси пред последното коло беше на третата позиција во лигата со 67 поени, пред Ливерпул и Лестер со 66, и „лисиците“ беа во најнезавидна позиција, на петтото место со послаба гол-разлика од Ливерпул.
Меѓутоа, откако доживеаја „колапс“ во финалето на ФА купот, препородот на тимот на Томас Тухел „заглави“ и на „Вила парк“ и може само да се заблагодарат на Тотенхем, кои успеаја да стигнат до импресивна 2:3 победа кај Лестер.
Ливерпул најсигурно го визираа билетот за ЛШ откако со двата гола на Садио Мане стигнаа до 2:0 победа над Кристал палас, додека многу подраматично беше на „Вила парк“ и на „Кинг пауер“. Лестер во 18. минута стигнаа до водство преку Џејми Варди од пенал, но Тотенхем израмни преку Хери Кејн во 41. минута од мечот. Варди, повторно од белата точка, во 52. минута донесе 2:1 водство, но потоа следуваше стопирање на „лисиците“. Во 76. минута, тие си постигнаа смешен автогол преку Каспер Шмајхел, а потоа Герет Бејл во 87. минута и во 95. минута стави крај на надежите за камбек.
ПРЕМИЕР ЛИГА, 34.КОЛО
Астон вила – Челси 2:1
Лестер – Тотенхем 2:4
Ливерпул – Кристал палас 2:0
Арсенал – Брајтон 2:0
Фулам – Њукасл 0:1
Лидс – ВБА 3:1
Манчестер сити – Евертон 5:0
Шефилд јунајтед – Барнли 1:0
Вест хем – Саутемптон 3:0
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1-29415”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

