Контакт

Спорт

Еванс со победа на Португалското рели

Објавено пред

Велшанецот Елфин Еванс триумфираше на Португалското рели пред Дани Сордо, за да надополни по драматичниот пораз на последната трка, Хрватското рели кога заврши делови од секундата зад својот колега од Тојота, Себастиен Ожие. Еванс по неговата четврта победа во кариерата е втор во генерален пласман со само 2 поени зад Ожие.

Еванс го презеде водството во саботата попладне, кога естонскиот лидер От Танак во Хјундаи се повлече откако го оштети својот автомобил. На крајот тој имаше 28.3 секунди предност пред Сордо во Хјундаи, додека Ожие беше далеку на третото место речиси минута и пол заостанување.

На четвртото место, првпат во кариерата се пласираше Јапонецот Такамото Кацута во третата Тојота, а топ 5 го комплетираше Гас Грисмит во М-Спорт Форд.

Возачите немаат многу време за одмор бидејќи веќе на 3 јуни стартува Италијанското рели на Сардинија.

Спорт

Пренос во живо од Европското првенство во фудбал во паркот „Нирнберг“ во Ново Лисиче

Објавено пред

Општина Аеродром организира пренос во живо од Европското првенство во фудбал во паркот Нирнберг во Ново Лисиче и можност за групно следење на натпреварите од ЕУРО 2020.

Првиот пренос ќе биде утре, 13 јуни (недела), од 17 часот, кога македонската репрезентација ќе игра против Австрија во Букурешт.

Натпреварите ќе бидат пренесувани на голем екран, а еден час пред настапите на нашите репрезентативци ќе има организирана програма со водител и гости.

Инаку, преносот на натпреварите ќе се организира секоја вечер од сите натпревари, односно сè додека трае учеството на нашата репрезентација.

Овој настан се организира во согласност со сите протоколи и се молат присутните да ги почитуваат пропишаните мерки.

Прикажи повеќе...

Спорт

Англија против Хрватска во 4-2-3-1, Кејн го предводи нападот

Објавено пред

Англија и Хрватска утре ќе го започнат својот настап на Европското првенство.

Англичаните се во најтесниот круг на фаворит за највисок пласман, додека светски вице-шампиони од втор план ќе се обидат да приредат изненадување слично на она пд пред три години во Русија.

Токму во Русија, во 2018 година, последен пат се сретнале Англија и Хрватска. Во полу-финалето, по продолженијата победија Хрватите со 2:1.

Англиската јавност со нетрпение очекува да види со каков тим Герет Саутгејт ќе ја напдне Хрватска. Според некои информации, во почетниот состав нема да има место за најкреативниот Англичанец, Џек Грилиш, а Суатгејт ќе започне во формација 4-2-3-1.

Јасно е дека овој мече ќе го пропуштат Џордан Хендерсон и Хари Мегваер.

Ангиличаните тврда дека против Хрватска ќе започнат: Пикфорд – Вокер, Стонс, Мингс, Чилвел – Филипс, Рајс – Маунт, Стерлинг, Рашфорд – Кејн.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ѓорѓевиќ ја освои титулата со Виртус челниците му подготвиле отказ

Објавено пред

Виртус Болоња по две децении пауза, повторно се шампиони на Италија. Виртус, во доминатен стил, го освоија трофејот, во финалната серија со 4-0 славеа над Армани Милано.

И покрај освоената титула, неизвесна е судбината на тренерот Александар Саша Ѓорѓевиќ. Поранешниот српски селектор, не е во добри односи со челните луѓе на клубот. Пред неколку месеци тие му врачија отказ, но откако играчите јавно го искаѓаа незадоволството од таквата одлука, тие по само 24 часа го вратија на работното место.

По освојувањето на титулата, сопственикот Масимо Занети, рекол дека ќе разговара со Ѓорѓевиќ, околу продолжувањето на соработката, меѓутоа италијанските медуми лансираа поинакви информации.

Според овие извор, Виртус веќе ги започнале преговорите со познатиот Серџио Скариоло, кој работи како помошник во Торонто Репторс.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Османи: Зголемена е активноста на ЕУ за почеток на преговорите, но исходот е непредвидлив

Се забележува една невообичаена зголемена активност од сите земји членки за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, истакна министерот...

Македонија2 часа

Регистрирани 21 нов случај на коронавирус, почина едно лице

Денеска се регистрирани 21 нов случај на Ковид-19, оздравени се 7 пациенти, а пријавенo е едно починатo лицe. Во последните...

Македонија2 часа

Заев отвори канцеларија за директни средби со граѓаните во Струмица

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска во Струмица ја отвори Канцеларијата за непосреден контакт со граѓаните. Од Владата велат дека...

Македонија4 часа

„Кога пилите ќе стивнат“ – утре протест против сечата на дрвја

За утре со почеток во 12 часот, на улицата Орце Николов , најавен е протест против сечата на дрвја. Зад протестот...

Македонија5 часа

Средношколскиот сојуз: Училишта бараат пари од учениците за издавање на свидетелства

Сојузот на средношколците реагира дека некои училишта бараат од учениците пари за издавање на свидетелства. „Изминативе неколку денови Сојузот на...

Македонија6 часа

Македонија повеќе не е на германската листа на ризични земји

Според новите податоци, објавени од државниот германски институт „Роберт Кох“, Македонија повеќе не се смета за ризична држава од Ковид-19....

Спорт7 часа

Арнаутовиќ: Не го отпишувајте Пандев поради неговите години

Македонија и Австрија, утре ќе го одиграат првиот натпревар во Ц-групата на Европското првенство. Дуелот на двете селекции, во Букурешт,...

Спорт19 часа

Пандев со обраќање до нацијата: Генерацијата која ја обедини цела Македонија

Капитенот Горан Пандев преку Инстаграм прати порака до нацијата пред историскиот настап на Европското првенство во фудбал, во кое зборува...

Регион22 часа

Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца од 12 до 15 години

Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ за деца на возраст од...

Македонија23 часа

Заев – Брнз: Извршната наредба на Бајден ги штитат САД, Северна Македонија и сојузниците

Премиерот, Зоран Заев, денеска имаше средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз, при што во фокусот на разговорите...

Македонија1 ден

Андоновска: Системот за вакцинирање со сериозен недостаток, ако се пријавите повеќе пати, се регистрира последното пријавување

Ако веќе еднаш сте пријавени на vakcinacija.mk не се пријавувајте повторно, затоа што се евидентира само датата на вашата последна...

Македонија1 ден

Регистрирани 20 нови случаи на Ковид-19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 2.885 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на КОВИД-19 од: Куманово – 5,...

Македонија1 ден

Еко-активистите бараат увид во извештајот за состојбата на исечените дрвја, Богдановиќ тврди дека биле стари и суви

Еко-активистите изразија револтираност од, како што велат, масакрот на дрвјава на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало, направен вчера. Од...

Македонија1 ден

Македонски полицајци ќе се грижат за безбедноста на Европското фудбалско првенство

По повод Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020, на кое првпат ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација, Министерството за внатрешни...

Македонија1 ден

Продолжен притворот на Орце Камчев

Бизнисменот Орце Камчев останува во затворот во „Шутка“. Кривичниот совет му ја продолжи мерката за нови 30 дена. Судиите сметаат...

Македонија1 ден

САД со поддршка за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, без одложување

САД изразија поддршка за итен почеток на преговорите за Македонија и Албанија во ЕУ, објави портпаролот на американскиот Стејт департмент,...

Македонија1 ден

Во тек се двете трансплантации на бубрег од починатата донорка

Во моментов на Клиниката за урологија во тек се двете трансплантации на бубрег од 44-годишната пациентка која вчера беше дијагностицирана со...

Топ1 ден

Албански државјанин им дал мито на полицајците, кои во неговиот камион пронајдоа дрога вредна 200.000 евра

Албанскиот државјанин кој вчера беше фатен со голема количина дрога во камион со приколка на патот Прилеп-Градско, претходно им понудил...

Свет1 ден

Кина ја одобри вакцината на „Синофарм“ за деца постари од три години

Вакцината против Ковид-19 на кинеската компанија „Синофарм“, што ја направи Институтот за биолошки производи во Пекинг, доби одобрение за употреба...

Свет1 ден

(Видео) Бајден: Ќе донираме половина милијарда вакцини за сиромашните земји и нема да бараме против-услуга

Американскиот претседател Џо Бајден, кој најави дека САД ќе донираат половина милијарда вакцини против Ковид-19 во 92 земји кои се...

Досие