Спорт
Златан помина лесно, УЕФА го казни само со 50.000 евра

УЕФА не се реши на строга казна, казнувајќи го Златан Ибрахимовиќ со 50.000 евра, а Милан со 25.000 евра за неговата вклученост во обложувалница на Малта (тој е сопственик на 10 отсто од веб-сајтот „Бетхард“).
Фудбалерите и тренерите не смеат да имаат уддели во обложувалници според правилата на УЕФА и кога почна истрагата минатиот месец се најавуваше дека Ибрахимовиќ дури може да добие двегодишна суспензија, што би значело крај на неговата кариера.
39-годишниот ветеран имаше одлична сезона за „росонерите“ со 17 гола во сите натпреварувања, но се повреди во финишот на сезоната, по што пропушти шанса да заигра за Шведска на Европското првенство ова лето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Норис со брутален круг до пол-позицијата во Австрија

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Австрија.
Британецот до третата пол-позиција оваа сезона дојде со брилијантен круг 1:03.971 минути. За речиси половина секунда го остави зад себе шарл Леклер од Ферари, а тимскиот колега Оскар Пајстри беше уште подалеку.
Вторито ред за утрешната трка го комплетира Луис Хамилтон од Ферари. Зад него се Џорџ Расел (Мерцедес) и Лијам Лосон (Рејсинг Булс). Актуелниот светски првак, Макс Ферстапен ќе стартува од седмата позиција, веднаш до него е дебитантот од Заубер, Гавриел Бортолето.
Топ 10 ги комплетираа Кими Антонели (Мерцедес) и Пјер Гасли (Алпин).
Трката на патеката Спилберг се вози в недела со почеток во 15 часот.
Спорт
Ѓоковиќ: Сакам да играм уште неколку години

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ им се обрати на медиумите пред учеството на претстојниот Гренд слем – Вимблдон.
Ѓоковиќ има 24 Гренд слем титули, а новинарите беа заинтересирани дали токму Вимблдон е негова најголема шанса да дојде до 25 Гренд слем трофеј.
„Дали е ова мојот последен танц? Не знам. Имам желба да играм уште неколку години! Би сакал да бидам физички здрав и ментално мотивиран да продолжам да играм на највисоко ниво. Тоа е мојата цел, но на оваа возраст којзнае. Би се согласил дека Вимблдон е мојата најголема шанса, поради резултатите овде и како се чувствувам и како играм овде.“
Новак Ѓоковиќ седум пати во кариерата победил на Вимблдон. Рекордер со осум трофеи е Роџер Федерер.
Спорт
Браќата Маркез ја продолжија доминацијата во спринт трките – Марк победи пред Алекс

Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше на спринт трката одржана во рамките на Големата награда на Холандија. Маркез во 10. спринт трки сезонава има девет победи, не успеа да слави само во Сливерстон кога победата му припадна на неговиот брат Алекс од Гресини.
Зад Марк, се пласира неговиот брат Алекс. Вепчатокот е дека помладиот Маркез во ниту еден момент не сакаше да го нападне лидерот во трката, а имаше шанси, бидејќи во поголемиот дел од спринтот разликата меѓу нив двајца беше една десетинка.
Третото место му припадна на возачот на Априлија, марко Бецеки.
Освојувачот на пол-позицијата, Фабио Куартараро, воо вториот ктуг во две кривини ја загуби позицијата од браќата маркез, а во четвртиот круг пред него излезе и Бецеки. На крајот возачот на Јамаха не ја заврши трката, излета на четири круга до крајот на трката.
Четвртото место му пропадна на Фабио Диџанантонио од ВРР46 тимот, а вториот возач на Дукати, Франческо Бањаја, кој беше незапирлив во Асен во претходните години возеше уште една лоша трка. Стартуваше од второто место, на крајот заврши на петтата позиција.
Големата награда на Холандија на програмата е утре од 14 часот.