Црна хроника
Двајца повредени припадници на МВР во тепачка
Двајца припадници на МВР рано утрово се повредени во тепачка што се случила кај „Тобако 2“ на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, во момент кога не биле на должност, информираат од Министерството за внатрешни работи.
По инцидентот, две лица побегнале од местото на настанот со автомобил „БМВ“, но по кратко време еден од нив бил уапсен од страна на припадници на единицата „Алфи“. По приведувањето тој признал дека со него бил и неговиот брат, со кого бил остварен телефонски контакт и ќе биде приведен во полициската станица Аеродром. Повредените припадници на МВР се пренесени на лекување во Градската општа болница – Скопје. Како првични причини за тепачката се наведува банална расправија. Полицијата дополнително ќе утврдува кој го предизвикал инцидентот
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

