Црна хроника
“Метастаза“ – сведоците на обвинителството лажат, тврди обвинителот
Судскиот процес „Метастаза“ продолжи со распит на првите сведоци. Тоа се сведоци на обвинителството кои добиле инвалидски пензии и за кои платиле поголеми суми пари. Беа сослушани неколкумина кои кажаа дека ниту платиле пари ниту ги познаваат докторите ниту пак се сеќаваат кога оделе на лекар
Сите сведоци кажаа дека се тешко болни луѓе кои поради семејни трагедии или други причини станале депресивни или агресивни личности. Некои додека сведочеа плачеа. Оделе по психијатриските болници и посетувале лекари. Примале терапија и апчиња но во судница ретко кој од нив можеше да препознае некој од лекарите што го лекувал. Дури изјавуваа дека не се сеќавале што јаделе претходниот ден и дека не знаат каква терапија примаат бидејќи секогаш се со придружба која се грижи за нив. Жена болна од депресија поради смрт на синот и мајката во детали кажа како и каде се лечи, дека за нејзината пензија не платила три илјади евра, како што пишува во обвинението. Еден од сведоците дури и препозна лекар за кој кажа дека го лекувал во државна болница, а обвинетата лекарка всушност е психијатар во болница Бардовци. Еден од сведоците кажа дека боледува од шизофренија и за тоа има документација. Сведоците нејасно зборуваа и не знаеја да кажат кога се разболеле. Тешко се изразуваа, но сите на прашањето дали дале пари за инвалидски пензии кажаа одречно не. Додека зборуваа сведоците во судската сала присутните се смееја. Судијата што го води процесот наместо да ги опомене на некои од сведоците им поставуваше прашања, за потоа кога ќе го чуеше одговорот заедно со адвокатите гласно и тој да се смее. Жена сведок, со психички проблеми му рече : “Што се смеете, ништо не е смешно”. На сите сведочења реагираше обвинителот и приговараше дека неговите сведоци лажат. Судскиот процес против лекари и нивни соработници обвинети за примање пари за да одобрат инвалидски пензии продолжува со сослушување на нова група сведоци на обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возило од Албанија излетало од патот во Струшко: повредени се повеќе лица
Утрово во 08.10 часот, на магистралниот пат Ќафасан – Подмолје, кај клучката за струшкото село Радожда, патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од Ѓ.А.(55) од Елбасан, Република Албанија, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил совозачот Б.Х.(31), а со телесни повреди се здобиле возачот Ѓ.А. и сопатниците М.Џ.(51), Ц.П.(34)и Д.Х.(24), сите од Република Албанија, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Надлежните информираат дека увид извршиле полициски екипи.
Црна хроника
Во оптек пуштил лажни евра: уапсен маж од Кичевско
Вчера во 03.00 часот, во казино на булеварот „Туристичка“ во Охрид, од слобода бил лишен Р.Б.(28) од кичевското село Долно Страгомиште.
Тој се сомничи дека во оптек пуштил лажни евра кои сакал да ги прикажи како вистинити, со што сторил кривично дело „фалсификување пари“, според член 268 од Кривичниот законик.
Полицијата соопшти дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Жена од Скопско тешко повредена: ја прегазил трактор
Вчера во 18.55 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Р`жаничино, скопско, трактор „ИМТ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(50) од с.Р`жаничино, удрил во пешакот С.Л.(57) од истото село.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Л., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.