Европа
Борел: ЕУ е подготвена да и даде три милијарди евра на Белорусија ако Лукашенко замине од власт
Европската Унија е подготвена да и` даде на Белорусија три милијарди евра доколку претседателот Александар Лукашенко биде сменет од власт и се случи демократска транзиција, изјави денеска Жосеп Борел, високиот претставник на ЕУ за безбедност и надворешна политика.
Претходно, Европската комисија извести дека му претставила на Советот план за економска поддршка на „идната демократска Белорусија“.
„Ние сакаме да ја покажеме нашата посветеност кон народот на Белорусија. Тој план ќе се активира кога Белорусија ќе ја започне транзицијата кон демократија, а не пред тоа “, рече Борел во Лисабон, каде што присуствува на неформален состанок на министрите за одбрана на ЕУ.
„Лукашенко не е среќен од оваа идеја“, додаде тој.
Пакетот од три милијарди евра вклучува грантови и заеми за да ѝ се помогне на Белорусија да ја стабилизира својата економија и да ги реформира своите институции, објави Европската комисија. Парите би дошле од различни извори во рамките на ЕУ.
Лукашенко, пак, денеска во Сочи се состана со рускиот претседател Владимир Путин.
„Не знам дали се одржа или не, нивниот состанок, не сум запознаен со тоа“, рече Борел. „Путин и Лукашенко не ме информираат за нивните агенди, па затоа не знам. „Путин е силен поддржувач на Лукашенко, тоа е јасно, но не знам ништо за нивната средба“, додаде Борел.
Во исто време, Европската Унија има намера да ги засили санкциите против Белорусија откако властите на земјата го принудија авионот на „Рајанер“ да слета во неделата и уапсија опозициски активист.
Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас рече дека санкциите можат да ги опфатат клучните компании во секторот ѓубрива и дека ЕУ може да ја спречи белоруската влада да издава обврзници во Европската Унија. Министрите од 27-те земји на ЕУ размислуваат за проширување на списокот на лица подложени на санкции. По претседателските избори минатата година, 88 лица блиски до режимот и седум компании се под санкции на ЕУ, анализираат медиумите.
Белорусија не требаше да биде тема на неформалниот состанок на 27 министри за надворешни работи на ЕУ собрани во Лисабон, но со оглед на актуелните настани околу присилното слетување на авионите, оваа тема беше ставена на дневен ред.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Десет ранети, тројца мртви во руски ракетен напад врз Украина
Во руски ракетен напад врз источноукраинскиот град Балаклија загинаа три лица, а десет беа повредени, меѓу кои и три деца, изјави во понеделник регионален воен претставник во регионот Харков.
Нападот што се случи ноќеска го погоди центарот на градот, при што беа повредени деца родени во 2007, 2010 и 2011 година, изјави преку апликацијата за пораки Телеграм Виталиј Карабанов, началник на воената администрација на Балаклија.
Деветмина од повредените се хоспитализирани, рече тој.
фото: принтскрин
Европа
Сијарто: Брисел сака да ја преплави цела Европа со мигранти
Само патриотска влада може да ја спаси Унгарија од војната во Украина, од нелегалната миграција и родовата идеологија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Сијарто предупреди дека унгарската опозиција „ќе ја предаде Унгарија на Брисел“, објави агенцијата МТИ.
„Брисел сака ситуацијата да се влоши, војната да трае уште подолго и да ескалира понатаму. Не им е грижа што илјадници, десетици илјади луѓе умираат на фронтот и што милиони се принудени да ги напуштат своите домови. Не им е грижа што малку по малку целата земја е уништена. Не им е грижа што секој нов ден е ризик од избувнување на трета светска војна“, рече Сијарто.
Според него, парите и оружјето на европските даночни обврзници бесрамно се испраќаат во Украина за потребите на „воената мафија која не објаснила каде потрошила милијарди евра“.
– Влезот на Украина во Европската Унија би бил еквивалентен на увоз на војна, украинска мафија и жито со низок квалитет – рече Сијарто и предупреди дека „Брисел сака да ја преплави цела Европа со мигранти“.
Европа
Орбан: Европа е на работ на војна
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, денеска изјави дека ситуацијата е опасна и дека Европа е на работ на војна.
Граѓаните на Европа мора да го кренат својот глас, во спротивно европските лидери ќе влезат во војна, рече Орбан, додавајќи дека ги гледа „истите знаци како и пред Првата светска војна“, пренесува МТИ.
Ставот на унгарската влада не е обликуван од интересите на другите, рече Орбан, додавајќи дека се води од интересите на Унгарија и ќе ги промовира само тие интереси, дури и ако тие не се совпаѓаат со интересите на другите.
Тој повика на „искрени и длабоки разговори“, но додаде дека медиумите финансирани од странство не се суверени и не треба да се водат дискусии со нив. Орбан исто така рече дека има многу левичари со кои може да соработува околу важноста на мирот и ги повика Унгарците кои го сакаат мирот да се приклучат.
Во врска со војната во Украина, Орбан оцени дека ниту Русија ниту Украина не се подготвени за мир и дека е потребно влијание од големите сили за преговори. Според него, Украина повеќе не е суверена и преживува благодарение на западната помош.

