Контакт

Скопје

Виз Ер Скопски Маратон годинава се очекува да биде најмасовен

Објавено пред

Виз Ер Скопски Маратон, кој оваа година се одржува на 8-ми мај по повод Денот на Европа, и според најавите ќе биде најмасовен до сега.

dobivaj vesti na viber

Имено, до денес се пријавени повеќе од 4.500 учесници од 38 земји од светот, а организаторите велат дека овој број се очекува брзо да се зголеми бидејќи до утре, 8 април, е рокот за пријавување по поволна цена. „Очекуваме 12-то издание на Скопскиот маратон да биде најмасовно, како и најпосетено до сега. Бројката до денеска e 4.500 пријавени учесници, а има уште еден месец и еден ден до почнување на маратонот. Постојаното зголемување на бројот на учесници се должи на  тоа што секоја година се зголемува бројот на љубителите на трчањето во нашата земја, но радува фактот што се зголемува и интересот на странските учесници, бидејќи од година во година работиме на подобрување на квалитетот на маратонот во секој поглед, како организациски, така и содржински и се обидуваме да ги следиме сите трендови во маратонското трчање“, рече изјави Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски Маратон.И оваа година Скопски маратон е под покровителство на Град Скопје, Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт. Главниот спонзор Виз Ер како и минатата година, така и оваа, на сите пријавени маратонци им доделува вредносен ваучер во износ од 20 евра за некој од нивните летови. Она што ќе се случува пред маратонот е Женска трка која ќе се одржи во недела, во 10:00 часот во Градски парк во Скопје кај Школка. „Станува збор за трка која од година во година се здобива со голема популарност, а и бројот на жените кои учествуваат е сè поголем. За во недела се очекува бројка од 1000 жени да земат учество. Оваа година трката ќе биде на 2км и ќе има натпреварувачки карактер, каде на најдобрите во неколку возрасни категории ќе им доделиме и медали и дипломи, а ќе се организира и лотарија за сите учеснички“, додава Синадиновски.На денешната прес-конференција која се одржа во ЕУ инфо центар, свое излагање пред медиумите имаше и Аиво Орав, амбасадорот на ЕУ во Р.Македонија, како и претставниците од Град Скопје и Агенција за Млади и спорт, кои заеднички го поддржаа маратонот и најавија настан кој се смета за еден од најголемите во регионот.Скопскиот Маратон се одржувa по повод 9-ти мај, Денот на Европа, уште од неговото прво одржување во 2007 година. Маратонот, поддржан од Делегацијата на Европската Унија од самиот почеток, е еден од централните настани во програмата за  одбележување на роденденот на Европската Унија. „Ги поддржуваме спортските настани бидејќи спортот го пренесува концептот на мир, толеранција, меѓусебно разбирање и образование – вредности кои се во срцето на европската идеја”, рече евроамбасадорот Аиво Орав.   На пресот беше најавено и дека до 8-ми април пријавувањето е по поволна цена, а последниот рок е  до 29-ти април (или додека не се пополнат предвидените места). Како и што беше ветено, пријавените учесници во маратон, полумаратон и штафетниот маратон од 2015-та ќе добијат бесплатно учество на трките во 2016-та година. Начинот како може да се искористи тоа право ќе можат да го најдат на официјалната веб страница на маратонот  www.skopskimaraton.com.mk.Стандардните трки – маратон (42.195км), полумаратон (21.097км) и трката на 5 километри остануваат и оваа година главно обележје на маратонот, а организаторите најавуваат и штафетен маратон, со што остануваат 4 трки на програмата како и што беше планирано и за минатиот маратон. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Без вода денеска дел од Центар

Објавено пред

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:

dobivaj vesti na viber

· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Карпош денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“

Објавено пред

Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

dobivaj vesti na viber

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија2 часа

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија2 часа

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија3 часа

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија3 часа

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...

Македонија7 часа

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...

Топ8 часа

Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца

Кавадаречкото Обвинителство  споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15...

Свет8 часа

Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина

Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу...

Свет8 часа

Претседателката на Молдавија: На референдум би гласала за обединување со Романија

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку тоа прашање некогаш се најде на...

Свет8 часа

Германија предупредува: Плановите на Трамп за Гренланд може да го загрозат НАТО

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека сојузниците во НАТО мора да соработуваат кога станува збор за безбедноста...

Свет9 часа

Конгресмен предлага закон за анексија на Гренланд

Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн предложи закон до американскиот Конгрес со кој на САД би им се овозможила анексија на Гренланд...

Македонија19 часа

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ23 часа

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија1 ден

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија1 ден

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура1 ден

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија1 ден

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија1 ден

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија1 ден

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија1 ден

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...