Свет
Помпео: Во Вухан и натаму се спроведуваат тајни експерименти

Поранешниот директор на ЦИА и државен секретар на САД Мајк Помпео изјави дека на Институтот за вирусологија во кинескиот град Вухан и натаму се спроведуваат тајни воени експерименти и истражувања и дека има многу докази дека коронавирусот протекол од лабораторијата.
Помпео ова го изјави неколку дена откако сегашниот претседател на САД, Џо Бајден, нареди да се спроведе разузнавачки процес за да се утврди потеклото на Ковид-19 вирусот во следните 90 дена.
„Со сигурност можам да кажам дека знаеме дека луѓето од таа лабораторија биле вклучени во соработка со Народноослободителната армија. Значи, таму во исто време се одвивале и воени активности , иако тие тврдеа дека станува збор за исклучително цивилни истражувања “, изјави Помпео.
Тој додаде дека Кина одбила да каже на што работат, а го одбила и пристапот на Светската здравствена организација (СЗО), заклучувајќи дека самата операција укажува дека таму се случуваат многу работи што не се познати.
„Таа лабораторија за тестирање вируси сè уште е таму и работи. Најверојатно таму се прават тестовите што доведоа до протекување на коронавирусот од лабораторијата. Само кинеската комунистичка партија го знае одговорот, но целиот свет заслужува одговор и тие треба да ни кажат што се случило“, рече Помпео.
Тој изрази задоволство од наредбата на Бајден да се испита потеклото на вирусот.
„Се надевам дека истрагата ќе се спроведе сериозно. Разузнавачите ја следат оваа состојба многу подолго од 90 дена “, рече поранешниот директор на ЦИА.
Од почетокот на пандемијата минатата година Помпео се залагаше за теоријата дека вирусот протекол од лабораторијата во Вухан, пренесуваат американските медиуми.
„Од пролетта 2020 година, постојат докази дека коронавирусот потекнува од лабораторија. Знаеме дека имало луѓе кои се разболеле таму, научници кои се разболеле таму “, рече Помпео, додавајќи дека вирусите во лабораториите биле модифицирани да бидат заразни и потенцијално смртоносни и дека сегашната администрација мора да го испита тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Илјадници Иранци на улиците, имам ја водеше молитвата со пушка во рака

Илјадници луѓе денес излегоа на улиците на Техеран и други ирански градови, одговарајќи на повикот на режимот да се соберат во голем број за традиционалните петочни молитви и протести против Израел.
Демонстрантите мавтаа со знамиња и скандираа антизападни слогани, а многумина носеа фотографии од ирански команданти убиени од почетокот на конфликтот со Израел.
Молитвата во Техеран беше проследена со големи протести во центарот на градот, а државната телевизија прикажа слики од толпата како гази по израелските и американските знамиња. Знамињата на Хезболах, сојузникот на Иран од Либан, исто така се вееја на улиците.
Според снимките од полуофицијалната агенција Тасним, толпата скандираше против Израел и Обединетото Кралство.
Скај њуз, исто така, ја цитира изјавата на жена од Карај, град западно од Техеран, која им рекла на жителите на Тел Авив да „ги подготват ковчезите“.
Слични собири беа одржани и во други градови, вклучувајќи го и Ахваз, каде што имам ги водеше молитвите во воена униформа со пушка во рака.
Свет
ОН алармира: Децата во Газа ќе почнат да умираат од жед

УНИЦЕФ предупреди во Женева дека Појасот Газа се соочува со недостиг на вода.
„Децата ќе почнат да умираат од жед… Само 40 проценти од инфраструктурата за вода за пиење е функционална“, изјави портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер, за новинарите.
„Ние сме далеку под кризните стандарди кога станува збор за вода за пиење…“
УНИЦЕФ, исто така, изјави дека бројот на деца на возраст од шест месеци до пет години примени на лекување од неухранетост во Појасот Газа се зголемил за 50 проценти од април до мај и дека половина милион луѓе гладуваат.
УНИЦЕФ го обвини Хуманитарниот фонд за Газа, поддржан од САД, за влошување на ситуацијата со дистрибуцијата на храна.
Свет
Во напад на Израел врз Газа загинаа 44 Палестинци

Најмалку 44 Палестинци се убиени во израелските напади во Појасот Газа, многумина додека се обидувале да добијат храна, соопштија локалните власти, а УНИЦЕФ предупреди дека жителите се соочуваат со недостиг на вода поради уништувањето на системот за водоснабдување.
Најмалку 25 лица кои чекале камиони со помош беа убиени во израелски оган јужно од Нецарим во централниот Појас Газа, соопштија локалните здравствени власти.
Израелската армија, на прашање од „Ројтерс“, рече дека војниците испукале предупредувачки истрели кон можни милитанти кои се движеле кон нив во толпа.
Потоа израелски авион „ги погодил и елиминирал осомничените“, соопшти армијата, додавајќи дека е свесна дека и други лица се убиени во инцидентот и го истражува случајот.
Лекарите во Газа изјавија дека најмалку 19 лица се убиени во други израелски воени напади во енклавата, вклучувајќи 12 лица во куќа во Деир Ал-Балах во централниот дел на Појасот Газа, при што во петокот загинаа најмалку 44 лица.
Хамас го обвини Израел дека систематски ги таргетира Палестинците што бараат храна низ енклавата. Израел го негира ова и го обвинува Хамас за кражба на храна, што не го признава.