Европа
Веќе е невозможен живот како пред пандемијата, тврди австриски виролог

Австрискиот виролог Кристоф Штајнингер цени дека животот како што беше пред пандемијата повеќе нема да биде возможен.
Во изјава за виенскиот дневен весник „Прес“, Штајнингер укажува на тоа дека психологијата кај луѓето исто така се променила при примената на епидемиолошките мерки.
„Никогаш повеќе нема да прифатиме некој да го внесе вирусот во болниците или десетици илјади луѓе кои не биле вакцинирани, излекувани или тестирани на корона да можат да бидат едни покрај други на концерт. Во такви ситуации, веќе нема да се чувствуваме добро“, нагласува експертот од Медицинскиот универзитет во Виена.
Тој поаѓа од фактот дека населението ќе мора да се навикне на нови мерки и да води живот кој на многу начини ќе наликува на претходниот.
„Нема да можеме да ја контролираме пандемијата само со вакцини“, предупредува Штајнингер.
Вирoлогот вели дека, во однос на вакцинацијата, има долг пат, бидејќи засега само десет проценти од светската популација се целосно имунизирани.
„На тој пат мора да сметаме и на нови мутации, кои можат да ја заобиколат вакцината. Ние сме во трка во која можеби нема да победиме, иако со вакцините го имаме вистинскиот инструмент во наши раце“, смета Штајнингер.
Тој смета дека се потребни и други основи за одржлива борба против пандемијата и посочува дека се потребни рутински тестови за пристап до одредени места, но и за утврдување на нивото на антитела, со цел да се дознае повеќе за статусот на имунитет на населението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Украина разнесе руски брод што превезувал иранско оружје

Украинските специјални сили извршија напад врз руското пристаниште Оља во регионот Астрахан погодувајќи брод што превезувал делови од беспилотните летала „Шахед“ и иранска муниција. Се сомнева дека украинските беспилотни летала истовремено нападнале рафинерија за нафта во регионот Самара, објавува „Киев пост“.
Според соопштението од Генералштабот, нападот е извршен во четвртокот во соработка со Силите за специјални операции и други единици на одбранбените сили со цел да се намали способноста на Русија да спроведува воздушни напади.
Пристаништето Оља е еден од клучните логистички центри за увоз на воена опрема од Иран. Бродот „Порт Оља 4“, кој наводно превезувал делови за беспилотни летала и муниција, бил погоден. Процената на штетите е сè уште во тек.
Рано утрово беспилотни летала од Краснодар нападнаа рафинерија во градот Сизран во регионот Самара. Мештаните пријавија до 10 експлозии од 4 часот наутро, а снимки и фотографии од пожар во објектот се појавија на „Телеграм“. Руските власти сè уште не ја потврдија штетата.
Украина официјално не коментира до моментот на објавување.
Руското Министерство за одбрана тврди дека неговата воздушна одбрана соборила 53 украински беспилотни летала преку ноќ.
фото: принтскрин
Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин