Европа
Путин ќе ги притисне бунтовниците, бара Западот да го притисне Киев
Рускиот претседател Владимир Путин вети во вторникот дека Русија ќе го искористи своето влијание врз бунтовниците во источна Украина да овозможат непречена истрага на местото на падот на малезискиот авион, но истовремено рече дека Западот мора да ја притисне владата во Киев да бидат прекинати судирите во тие области.
Рускиот челник го повика Западот да не се меша во внатрешните работи на Русија и додаде дека Москва мора да ги засили своите воени капацитети поради агресивните потези на НАТО и да ја заштити економијата и своето стопанство од надворешните закани. „Од нас е барано да го искористиме своето влијаени врз бунтовниците во југоисточна Украина. Секако дека ќе сториме сé што е во наша моќ, но тоа ни одблиску не е доволно“, изјави рускиот претседател Владимир Путин на средбата со воените и безбедносните функционери. „Неопходно е да бидат повикани и властите во Киев да ги почитуваат основните норми на достоинството и бараме накусо да прогласат примирје“, порача Путин.Ова е неговиот прв одговор преку медиумите на критиките на Западот поради наводната руска улога во Украина и особено во наводното нејзино учество во уривањето на малезискиот патнички авион во источна Украина на 17-ти јули, при што загинаа 298 лица, од кои, како што руските медиуми постојано истакнуваат – 85 биле деца.Путин повтори оти е убеден дека протестите со коишто во март годинава беше соборен од власта поранешниот украински претседател Виктор Јанукович биле поттикнувани и финансирани од странство. И покрај санкциите против Русија и заканите за нивно проширување и заострување од страна на Западот, рускиот претседател истакна дека Москва ќе биде на страната на бунтовниците во источна Украина, каде мнозинството се нејзини сонародници или припадници на големата рускојазична заедница, коишто според Путин покренале народен бунт против нелегалниот државен удар изведен во март во Киев. „На Русија и’ е даден речиси ултиматум: ’Дозволете да го уништиме тој дел од населението кое е етнички и историски близок на Русија, па нема да воведуваме санкции. Тоа е чудна и неприфатлива логика“, порача рускиот претседател./крај/мф/сн
Извор: РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“.
Видеото го прикажува моментот на нападот.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

