Македонија
Заев не размислува за предвремени парламентарни избори

Премиерот Заев вели дека не размислува за предвремени парламентарни избори.
Иако, неговиот политички ривал, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека партијата работи на обезбедување на ново мнозинство во Собранието и се разговара со пратеници, Заев е категоричен дека сегашното мнозинство може да расте, а не да се намали.
Премиерот останува на ставот дека оваа Влада треба да има четиригодишен мандат.
„Парламентарното мнозинство може да расте, не да паѓа. Политиките кои ги води СДСМ и политиките кои ги води ВМРО-ДПМНЕ – од тоа зависи миграцијата од лево кон десно и обратно. Зошто да одиме на парламентарни избори, зошто не дадеме можност за еден мандат од четири години. Сите политики во изминатите 4 години, како договорите со Грција, Бугарија, законот за јазиците, се за подобар стандард и поквалитетен живот на граѓаните. Ваквите политики можат да ја гарантираат добрата економска иднина на целиот наш народ“, рече Заев.
Мицкоски вчера побара распуштање на Владата и предвремени парламентарни избори.
Смета дека Владата на Заев лошо раководи со земјата.
Најавите за ново парламентарно мнозинство, Мицкоски не ги кажа првпат вчера.
На почетокот на февруари тој исто така најави дека се крои ново парлемтарно мнозинство. Но тогаш, тоа не се случи. По ова, се гласаше доверба на Владата, која доби поддршка од 62 пратеници, колку што брои и мнозинството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче: Најновите економски податоци се алармантни, денеска ќе ги објавам за граѓаните да ја знаат вистината

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во објава на социјалните мрежи најави дека на прес-конференција во 12 часот ќе ги објави најновите економски индикатори кои, како што вели, не се само загрижувачки, туку навистина алармантни.
„Денес ги добив најновите економски индикатори – и тие не се само загрижувачки, туку навистина алармантни. На денешната прес-конференција во 12:00 часот ќе ги објавам, граѓаните да ја знаат вистинската состојба со економијата. Бројките се фрапантни и јасно укажуваат на сериозни ризици за буџетот и економската стабилност на државата“, стои во објавата на претседателот Филипче.
Македонија
Салиу: Промена во Шуто Оризари мора да има

Кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Шабан Салиу, во предизборно видео обраќање повикува за промена и за враќање на локалната власт во Шуто Оризари кон реални резултати и отчетност.
„Осум години слушаме едно исто: големи зборови, мали дела“, порачува Салиу.
Осврнувајќи се на политичката недоследност на актуелното раководство, тој додава дека „Курто Дудуш денес не знае ни од која партија е. Те СДСМ, те ЛДП, те ДОМ, те ДУИ и која уште не.“
Во видео пораката, Салиу нагласува дека промена во Шуто Оризари мора да има, промена за подобра инфраструктура и урбан развој.
„Промена за подобро образование, култура и идентитет. Промена за подобро здравје и социјална заштита. Промена за подобра локална економија и нови работни места. Промена за зелено и транспарентно Шуто Оризари“, додава Салиу.
Салиу нагласи дека неговата кампања е заснована на мерливи цели и институционална одговорност.
„Нашата понуда е едноставна — работа што се гледа и отчетност што се чувствува. Општината мора да стане сервис на граѓаните, а не приватна сцена на поединци“, порачува Салиу.
Завршувајќи ја видео пораката со повик за граѓанска мобилизација на изборниот ден, Салиу апелира: „На 19-ти октомври заокружете го бројот 24 – НЕ ВЕТУВАМЕ, ОСТВАРУВАМЕ.“
Македонија
Венецијанската комисија преглага јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието

Венецијанската комисија и Генералниот директорат за човекови права на Советот на Европа препорачуваат јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието, а Уставот да се измени за да се ограничи неговиот реизбор.
Во мислењето се нагласува потребата при изборот да се вреднуваат и менаџерските и организациските способности.
Комисијата препорачува и поголема транспарентност при изборот на членовите на Советот на јавни обвинители, суспендирање на функцијата на обвинителите додека се членови на Советот, како и дополнителни заштитни мерки за автономијата на обвинителството.
Актуелните членови, според предлогот, би ја завршиле својата функција до истекот на мандатот.