Контакт

Европа

Специјалниот статус за Донбас во собраниска процедура

Објавено пред

Украинскиот претседател, Петро Порошенко,  го внесе во собраниска процедура предлог законот за специјален статус на реонот во Донецката и Луганската област, пренесуваат украинските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Според France press овој предлог бил дел од мировниот план кој беше потпишан со проруските бунтовници на петти септември, со цел ставање крај на петмесечниот крвав конфликт.

 

Агенциите соопштуваат дека Порошенко стигнал на заседанието на Врховната рада која, како што е најавено, денеска би требало да го ратификува договорот за придружување на Украина во ЕУ.

 

Укринформ известува дека пратениците не го усвоиле предлогот да биде одржана затворена седница, поради што беше побарана пауза.

 

UNN наведува и дека планирано е парламентот на седницата да ја разгледа и ситуацијата во зоните на „изведување на антитерористичките операции“ во Донецкиот регион и се очекува излагање на министерот за одбрана, Валериј Гелетеј.

 

Порошенко во понеделникот на состанокот со шефовите на пратеничките групи образложил дека клучна точка на неговиот мировен план е прашањето за специјалниот статус на одредени реони во Донецката и Луганската област, кој ќе има точно временско ограничување од три години, „што всушност се елементи за децентрализација со полно и безусловно почитување на суверенитетот, територијалната целовитост и независност“ на Украина.

 

За  време на трите години специјален статус, ќе биде овозможено „спроведување во живот на прашањето за длабока децентрализација, кое исто така треба да биде предмет на одредени измени во Уставот“, нагласил украинскиот претседател.

 

„Украинска правда“ пишува дека Порошенко предложил по истекот на трите години да се воведе посебен систем на самоуправа во одредени реони на Донецката и Луганската област, кои се наоѓаат во зоните каде се изведуваат специјалните операции.

 

„Според тој закон привремено, три години од стапување на сила на Законот, ќе се воведе цврст систем на локална самоуправа во одредени региони на Донецката и Луганската област, реони, градови, села, кои на денот на стапување на сила на Законот се во рамки на реонот на изведување на антитерористички операции“, пишува весникот.

 

РИА Новости од Донецк јавува дека властите на самопрогласената Народна Република Донецк сметаат дека предлогот на Порошенко за нив „не е актуелен“, а премиерот на самопрогласената Народна Република Луганск, Генадиј Ципкалов, истакнал дека народот веќе направил избор односно дека се залага за „одвоена Народна Република Луганск“.

 

Руската агенција навела дека статусот на Донбас е камен на сопнување во преговорите на Киев и бунтовниците, чии лидери изјавиле дека претендираат на цела територија која е во составот на овие две области во источна Украина и дека нема да се согласат со специјален статус само за дел од териториите кои се наоѓаат под нивна контрола./крај/мф/ап

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Експлозии во Киев и Харков, дел од населението заробено под урнатините

Објавено пред

Украинската воздушна одбрана дејствуваше рано утринава во украинскиот главен град Киев против комбиниран руски напад со беспилотни летала и ракети. Ројтерс јавува дека очевидци пријавиле серија силни експлозии.

dobivaj vesti na viber

Според првичните информации, загинале 9 лица, а 63 се повредени, од кои 42 се хоспитализирани, меѓу кои и шест деца.

Станбени згради се урнаа, а во тек е потрага по луѓе под урнатините. Психолозите и екипи со кучиња трагачи од Државната служба за итна помош се на терен.

„Во тек е комбиниран напад. Опасноста останува висока“, напиша на Телеграм Тимур Ткаченко, шеф на градската воена управа на Киев.

Тој, исто така, истакна дека пожари и урнати летала и делови од проектили се регистрирани во два квартови на западниот брег на реката Днепар, која го минува низ градот.

Кличко: Тимови лекари испратени во различни делови на градот
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, рече дека дронови летаат над централните области, наредувајќи им на тимови од лекари итно да се упатат во различни делови на градот. Ткаченко нагласи и дека пет лица се повредени во градската област Свјатошински, додека Кличко истакна дека жителите на една зграда останале под урнатините. Пожари и паѓање на метални остатоци од проектили се забележани и во други делови на Киев.

Нападнат е и Харков
Харков, вториот по големина град во Украина, исто така беше подложен на силен ракетен напад рано утринава, напиша на Телеграм градоначалникот на градот Игор Терехов. Тој рече дека се слушнале неколку експлозии во градот, кој е честа цел на руски напади.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украинците нападнаа објект со беспилотни летала 1.000 километри длабоко во Русија

Објавено пред

Украинската војска вчера вечер соопшти дека погодила постројка за производство на беспилотни летала со долг дострел во Татарстан, оштетувајќи ја клучната монтажна линија.

dobivaj vesti na viber

Од почетокот на тригодишната војна, Русија интензивно користи Шехид, ирански автономни камикази беспилотни летала, како и други видови беспилотни летала за напади низ Украина.

Украина вчера вечер соопшти дека соборила 134 руски беспилотни летала. „Засега знаеме дека е оштетена лентата за склопување на беспилотни летала, беспилотни летала“, објави украинскиот Генералштаб на Телеграм, додавајќи дека капацитетот на оштетениот објект е 300 дронови дневно.

Локалните власти во Елабуга известија за еден соборен дрон, а Маш, канал Телеграм близок до руските безбедносни служби, објави дека најмалку четири дронови биле соборени во близина на фабрика во тој град.

Украинските сили задолжени за беспилотни летала и други единици извеле експлозии во близина на фабриката, на 1.054 километри од украинската граница, соопшти украинскиот Генералштаб.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Почна преместувањето на телото на папата

Објавено пред

Првата снимка доаѓа од капелата во Домот Света Марта, каде кардиналите се собрани во молитва.

dobivaj vesti na viber

„Го придружуваме Франциско на ова последно патување“, се вели во преносот, „со сите добри дела што ги направи за доброто на Црквата“.

По префрлањето на телото на починатиот папа од неговата резиденција во базиликата Свети Петар во Ватикан, телото буквално ќе им биде изложено на верниците.

Поворката започнува од капелата на Домот. Во него учествуваат кардинали и патријарси, а потоа кардиналот одаран и господарот на литургиските празнувања.

Носителите ќе го пренесат телото на починатиот папа Франциско, а ќе ги следат неговите секретари, членовите на семејството и персоналот.

Поворката ќе помине низ Via della Sacrestia, потоа преку плоштадот на римските првомаченици и сводот на камбаните за да влезе на плоштадот Свети Петар. Откако ќе поминат низ секторот Свети Петар, ќе се упатат кон централниот дел на плоштадот, ќе се искачат на централната зграда и потоа преку централниот портал ќе влезат во базиликата Свети Петар, каде што минувајќи низ главниот кораб ќе стигнат до гробот на Свети Петар.

Верниците ќе имаат можност да му оддадат почит на Папата во деновите пред погребот во сабота.

Базиликата ќе биде отворена во следните периоди:
Среда, 23 април – од 11:00 до 12:00 часот по локално време

Четврток, 24 април – 07:00 до 24:00 часот

Петок, 25 април – од 07:00 до 19:00 часот

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

ВМРО-ДПМНЕ: Тошковски не сокри нешто, не рече дека законот не важи за неговиот татко

Апасиев е фрустриран од работата на Тошковски, бидејќи законот важи за сите, Левица да одговори како освен сутерен во строг...

Македонија40 минути

ДУИ до Мицкоски: Ако целта е уривање на Охридскиот договор, која е алтернативата

Премиерот Мицкоски, со своето однесување, изјави и постапки, постапува на начин кој ги поткопува стандардите и одговорноста што се очекуваат...

Свет1 час

Рубио: Ова не е наша војна, ние не ја започнавме

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека „сите треба да му се заблагодарат“ на американскиот претседател Доналд Трамп за мировните...

Македонија1 час

Левица: И таткото на Тошковски бил дел од бизнисот со мито за инвалидски пензии

Додека се обидува да изгради слика дека го руши корумпираниот систем, фактите кои се обзнануваат во јавност укажуваат како и...

Свет2 часа

Лавров: Спремни сме да се договориме со САД за Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Кремљ е подготвен да постигне договор со САД за Украина, но...

Свет3 часа

Руте: Русија е долгорочна закана за алијансата

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вчера, по разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека членовите се согласуваат дека...

Спорт11 часа

(Видео) Ѓоковиќ ги загуби нервите: Да ти е..м тенисот

Новак Ѓоковиќ целосно ги загуби нервите на официјалниот тренинг во Мадрид. Додека во главниот град на Шпанија се одржуваа натпреварите...

Македонија13 часа

Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“: меѓу нив и претседателката на Антикорупциска

Во рамките на постапката што се води за предметот Адитив, како резултат на екстрахираните електронски докази обезбедени во досегашната постапка,...

Македонија15 часа

Образ ѓон, се уште седат и земаат илјадници евра плата: Мицкоски за членовите на Судскиот совет

„Вие пратениците изгласавте недоверба на членовите на Судскиот совет. Но, и покрај тоа што тие ја добија недовербата од страна...

Македонија20 часа

Измами во давањето туѓа нега и инвалидски пензии, под истрага 49 лица, вмешани и лекари

Сузбиени две криминални групи, кои вршеле злоупотреби на постапката за стекнување право за туѓа нега и право на инвалидски пензии,...

Македонија20 часа

Битола, Струга, Чаир се меѓу општините кои не аплицирале за проекти, рокот истекува за помалку од една недела

Седумнаесет општини воопшто не аплицирале за инфраструктурни општински проекти, за што Владата доделува средства од унгарскиот кредит. Во оваа група...

Македонија22 часа

(Видео) Трајчулески до Мицкоски: Дали се разводнува истрагата за Кочани за да се заштитат актуелни функционери?

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до премиерот Христијан Мицкоски, кое...

Македонија22 часа

Таравари го поддржа апсењето лекари: Директорот на Геријатрија првин го разрешив, а потоа го исклучив од партијата, сите што грешат нека одговараат

Сите што грешеле, вклучително и лекарите, треба да одговараат, смета министерот за здравство Арбен Таравари по вчерашната полициска акција, која...

Македонија23 часа

Речиси третина од фирмите, чии лиценци ќе се одземаат, имаат блокирана сметка или се неактивни, според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за фирмите кои се на списокот што го објави Министерството за транспорт и...

Македонија23 часа

Владата ја прави премиерот, ако тој смета дека Алијансата за Албанците не му треба, ние немаме никаков проблем, вели Таравари

Министерот за здравство и лидер на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, не сака да избрзува со носење какви било политички...

Македонија1 ден

Еден загинат по удар на гром во Прилепско

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, информира, дека преку 112 во ЦУК во 17.39 часот, била добиена пријава...

Македонија1 ден

ДУИ: Она што порано доаѓаше однадвор, денес се спроведува однатре со Албанци што молчат или соработуваат на штета на колективните права на сопствениот народ

„Претставниците на коалицијата ЛЕН, кои со само 9 пратеници (1.3% ) тврдат дека ги претставуваат над 29% од Албанците во...

Свет1 ден

(Видео) Трамп до американски ветеран без нозе: Значи, те погодија, прекрасно

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера во Овалната соба се сретна со група ранети американски ветерани, каде потпиша голем број нови...

Регион1 ден

Вучиќ оди во Русија на прославата на Денот на победата, ќе се сретне со Путин

Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека на 9 мај ќе отпатува за Москва, каде ќе присуствува на парадата за Денот...

Европа1 ден

(Видео) Експлозии во Киев и Харков, дел од населението заробено под урнатините

Украинската воздушна одбрана дејствуваше рано утринава во украинскиот главен град Киев против комбиниран руски напад со беспилотни летала и ракети....