Црна хроника
Пронајдена дрога кај скопјанец кој бил во куќен притвор
Синтетичка дрога, амфетамин и марихуана биле пронајдени и запленети кај 38-годишно лице од скопски Карпош кој според полицијата издржувал куќен притвор.
Од МВР соопштија дека денеска во скопската населба Карпош полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Скопје заплениле синтетичка дрога, амфетамин и марихуана.
Врз основа на судска наредба извршен е претрес во дом на лицето Д.Б. (38), кој издржувал мерка куќен притвор, и при тоа е пронајдена синтетичка дрога, амфетамин и марихуана а лицето Д.Б. е приведено во Полициска станица -Карпош, и по насока од јавен обвинител и судија од Основен кривичен суд е спроведен во Истражен затвор Скопје, велат од МВР.
Додаваат дека по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава од Кривичниот Законик и за новото кривично дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Уапсен 16-годишник од Охрид: силувал 12-годишно девојче, друг малолетник го снимал, а трет го уценувал девојчето
Денеска во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на 12.11.2025 извршил обљуба врз 12-годишно девојче од Охрид, а друг малолетник го снимал чинот.
До видео материјалот дошол 14-годишник од Охрид, кој го уценувал девојчето да биде со него, во спротивно ќе го објавел видеото.
СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање и на овој малолетник. Врз малолетничката е извршен медицински преглед, а полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи Охрид, во присуство на родител, извршија службен разговор.
По целосно документирање на настанот, во консултација со јавен обвинител, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Топ
Бебе почина во Општата болница во Кичево: било донесено во тешка здравствена состојба
Вчера во 22:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на детското одделение при Општата болница во Кичево во тешка здравствена состојба било донесено бебе родено 2024 година, кое и покрај пружената медицинска помош и направената реанимација, починало.
Медицинските лица констатирале смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.
Црна хроника
Лишени од слобода мажи во пробиштипско, Неготино и Демир Хисар: возеле пијани, а возачот од пробиштипско предизвикал и сообраќајна незгода
Вчера во 23:00 часот во село Ратавица, пробиштипско, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишија од слобода 20-годишниот Н.В. од село Ратавица. Претходно, околу 21:30 часот на излезот од село Ратавица, тој со патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во заштитан ограда на патот и излетал од коловозот, по што го напуштил местото. По преземени мерки тој е пронајден и по извршено алкотестирање констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,84 промили алкохол во крвта.
Вчера во 20:30 часот на улица „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Љ.Д.(58) од Неготино. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „форд“ со неготински регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,84 промили алкохол во крвта.
Вчера во 16:49 часот во демирхисарско, полициски службеници од Полициската станица Демир Хисар го лишија од слобода М.П.(61) од село Врбјани, општина Дебрца. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,59 промили алкохол во крвта.
Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на настаните, против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

