Спорт
Зошто Ролан Гарос му приреди „тажна“ фарса на Роџер Федерер?

Роџер Федерер го „преживеа“ третото коло на Ролан Гарос во неверојатен меч по 7:6(5)/6:7(3)/7:6(4)/7:5 победа над Германецот Доминик Кепфер во меч кој заврши во 45 минути по полноќ пред празни трибини по што призна дека ќе направи одлука дали ќе продолжи на турнирот, а многу тениски експерти се чудеа зошто организаторите му приредија вакво нешто на 20-кратниот гренд слем шампион.
Федерер, кој ја освои титулата во 2009 и најверојатно го игра својот последен Ролан Гарос по долга пауза поради повреди и две операции на коленото, и да потсетиме има 39 години.
„Имаше уште неколку луѓе тука, не знам кои беа, спонзори, новинари, мојот тим. Им благодарам на сите за тоа што ми го овозможија. Го сакам тенисот, сакам да играм, и ќе бев понервозен да имаше публика. Задоволен сум што можам да играм 3 часа и 30 минути против одличен тенисер и тоа покажува дека сум на вистински пат“, изјави Федерер.
Откако го зеде првиот сет, Федерер пропушти брејк во вториот и дозволи Германецот да израмни. Германецот поведе со 3:1, пред Швајцарецот да се врати и да земе уште еден тај-брејк. Ова беше првпат во 424 меча на Федерер тој да игра тај-брејк во првите три сета. Федерер доби ран брејк во четвртиот сет откако Кепфер загуби поен откако плукна на страната на Федерер. Со уште еден брејк во 11. гем, тој стигна до победата.
Wide awake ?#RolandGarros |@rogerfederer pic.twitter.com/BxIFzGzPFi
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 5, 2021
Just for the record, it's not true that nobody's watching Federer and Koepfer in person pic.twitter.com/cFWBUkuKen
— Christopher Clarey (@christophclarey) June 5, 2021
Something about seeing Federer in an empty stadium feels even sadder than the rest of all this lame crowdless tennis we've slogged through in this past year. No one gets crowds like his.
— Ben Rothenberg (@BenRothenberg) June 5, 2021
Im not bothered by the outcome of this match at all. Just seeing Federer at 39 off the back of 2 knee surgeries playing to an empty stadium at 12.30am getting fired up is inspirational to me. Do what you ❤️
— Andy Murray (@andy_murray) June 5, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) ПСЖ за полувреме го декласира Интер Мајами

Пари Сен Жермен се пласираше во четвртфиналето на Светското клупско првенство со убедлива победа против Интер Мајами.
Европскиот шампион победи со 4:0 (4:0).
ПСЖ првиот гол го постигна по само шест минути игра. Витиња изведе одличен слободен удар од левата страна, го пронајде Невеш кој остана сам и ја испрати топката во мрежата. Мрежата на Интер се тресеше во 15-та минута, но голот на Руиз беше поништен поради офсајд.
А потоа на крајот од полувремето, три гола.
Прво, во 39-та минута, Невеш го постигна вториот гол на натпреварот по одлична акција, Руиз изнуди грешка во одбраната, одигра двоен пас со Баркола и на крајот го пронајде Невеш.
Интер потона дополнително кога во 44-та минута автоголот си постигна Авилес, а во третата минута од судиското продолжение, Баркола ја прими топката во шеснаесетникот, му ја додаде на Хакими, кој ја пресретна одбиената топка и ја испрати во голот.
Во четвртфиналето, Пари Сен Жермен ќе игра против подобриот од дуелот во кој Баерн и Фламенго се среќаваат во 22 часот.
Спорт
Помладиот Маркез мора да се оперира по несреќата во Асен

Возачот на Гресини, Алекс Маркез, се здоби со фрактура на раката во несреќа за време на Големата награда на Холандија.
Помладиот од браќата Маркез излета од патеката по дуелот со Педро Акоста, веднаш беше јасно дека има проблем со левата рака.
Прегледите во медицинскиот центар открија дека шпанскиот мотоциклист ја скршил втората метакарпална коска. Гресини објави дека е сигурно дека Маркез ќе биде опериран во Мадрид во текот на вечерта, а повеќе информации се очекуваат во понеделник.
Дуелот помеѓу Маркез и Акоста беше под истрага, но директорот на трката процени дека нема потреба од никаква казна.
Победата на Големата награда на Холандија ја освои постариот Маркез, пред Марко Бецеки на Априлија и тимскиот колега од Дукати, Франческо Бањаја.
По таков исход, постариот Маркез има предност од 68 поени во однос на својот помлад брат во шампионатот, додека Банџаин заостанува 126 поени на третото место.
Следната трка од шампионатот Мото ГП се вози за Големата награда на Германија на патеката Заксенринг од 11 до 13 јули.
Спорт
Бојан Богдановиќ објави крај на кариерата

Хрватскиот кошаркар Бојан Богдановиќ одлучи да се пензионира.
Богдановиќ ја објави својата одлука на социјалните мрежи.
„Понекогаш во животот не го избирате моментот. Тој ве избира вас. По 14 месеци борба со повреда на стапалото, две операции и безброј обиди да се вратам на теренот, време е да се затвори едно поглавје. По повеќе од две децении поминати на паркетот, дојде моментот да се збогувам со кошарката. Не само како спорт, туку и како дел од мене. Тешко е да се опише во неколку реченици сè што ми донесе кошарката. Ме обликуваше како спортист, но уште повеќе како личност“, напиша меѓу другото Богдановиќ.
Бојан Богдановиќ пристигна во НБА лигата во 2014 година. Ги бранеше боите на Бруклин, Вашингтон, Индијана, Детроит, Јута и Њујорк. Просечно постигнуваше 15,6 поени во 719 натпревари.
Пред тоа, играше во Европа за Зрињски, Реал, Цибона, Мурсија и Фенербахче.