Црна хроника
Запленети 1.570 фалсификувани парфеми

Царинските работници од Одделението за оперативни работи вчера, спречија обид за влез на голема количина парфеми, за кои постојат основани сомненија дека се фалсификат на заштитени трговски марки
Имено, за спроведување на транзитна постапка на граничниот премин Деве Баир се пријавил камион со турски регистарски ознаки, натоварен со разна стока со потекло од Турција, наменета за фирма-увозник од Косово. Возилото било селектирано за детална контрола и преупатено на царинската испостава Скопје, каде при преглед на стоката царинските службеници пронајдоа 1570 парфеми со лого на заштитените трговски марки Christian Dior, Versace, Calvin Klein, Joop, Emporio Armani, Kenzo, Hugo Boss, Chanel, Lacoste, Tommy Hilfiger и Bulgari, и 68 касети за видео-камери, со лого на заштитените трговска марка Sony. Согласно одредбите од законот за заштита на права од интелектуална сопственост, Царинската управа на Република Македонија ќе започне постапка за утврдување на оригиналноста на стоката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.