Црна хроника
Откриен нелегален бутик во Штип

Нелегален бутик за облека и обувки откриен е во приватна куќа во Штип при што е запленета поголема количина стока, за која постои сомневање дека е предмет на кривично дело криумчарење
Како што соопшти денеска Царинската управа, нелегалниот бутик бил пронајден при претрес на царински инспектори од Одделението за истраги, поради основано сомнение дека лицето со иницијали С.Д., од Штип, чува криумчарена стока, која по многу ниски цени ја продава на купувачите. При претресот биле пронајдени и запленети 268 разни производи, од кои 65 пара спортски обувки и кондури, 51 кожни јакни, 33 спортски дресови, 25 горни тренерки и 8 долни тренерки, 27 пара панталони и други производи..За да ги привлече купувачите, осомничениот ја објавил стоката за продажба преку интернет на веб страната „Пазар 3“ во рубрика облека, рекламирал патики, јакни, дресови и друга стока од Германија од познати марки, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Уапсен битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Денеска на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола.
Тој претходно, пред угостителски објект на ул. “Широк сокак” со остар предмет се заканувал кон 41-годишен државјанин на Австралија.
По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница, соопшти полицијата.
Црна хроника
Жена ограбена во Ѓорче Петров

Шеесет и петгодишна жена била ограбена во Ѓорче Петров.
Според информациите на МВР, вчера Г.Ј.(65) од Скопје пријавила дека околу 17.05 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице со употреба на сила и го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот
Црна хроника
Насилници уценувале девојче од Скопје – им дала 25.000 евра за да не го нападнат брат ѝ

Девојче од Скопје било уценувано од неколку соученици дека ако не им даде пари, ќе го нападнат нејзиниот брат кој има здравствени проблеми. На тој начин, девојчето од дома земало и им дало на насилниците 25.000 евра.
Според информациите на МВР, ноќеска во 00.30 часот во СВР Скопје, 52-годишник од Скопје пријавил дека неговата малолетна ќерка, ученичка во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, подолг период добивала закани од двајца соученици дека физички ќе го нападнат нејзиниот помал брат, кој е лице со здравствени проблеми, доколку не им даде пари.
Според пријавеното, таа била принудена и во повеќе наврати им давала пари, при што од домот одзела вкупно 25.000 евра.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.