Црна хроника
За една недела во Тетово запленети 10.000 кутии цигари
Околу 7 часот утринава во две возила паркирани пред зелениот пазар во Тетово, пронајдени и одземени се вкупно 4.070 кутии разновидни цигари со косовски и грчки бандероли, но и кутии без бандероли, наменети за продажба на заинтересирани купувачи, јавија од СВР Тетово
Во возило „Мерцедес’’ со тетовски регистерски таблици, сопственост на 52-годишниот Р.И. од село Ларце , пронајдени се 1660 кутии, а во возило „Голф’’, исто така, со тетовски таблици, сопственост на 50-годишниот Б.З. од Тетово, 2410 кутии.Осомничениот од поодамна беше познат на службите на СВР Тетово како нелегален продавач на цигари во градот и околината и против него ќе следи соодветна пријава, според член 59 и 60 од Законот за акцизи.Пронајдените количини цигари ќе и бидат предадени на Агенцијата за одземен имот, додека против Р.И и Б.З ќе бидат поднесени пријави според членовите 59 и 60 од Законот за акцизи.Изминатава недела во Тетово вкупно беа запленети околу 10.000 кутии цигари без или со странски бандероли.Пред четири дена, околу 7 часот и 30 минути, со судска наредба, беше извршен претрес во домот на 47-годишниот тетовчанец И.А, на улица „Јордан Златановски’’ во Тетово, при што во ходник зад влезната врата од дворот на куќата и во една од собите, пронајдени и одземени беа 5.400 кутии разновидни цигари со косовски и грчки бандероли, а дел и без никакви бандероли.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.