Македонија
(Видео) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ излегува на блокади во Скопје и 10 градови во Македонија, Заев да каже за што разговара
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека од утре започнуваат со блокади на три места во Скопје и во десет градови низ Македонија сè додека, како што рече, на јавноста не ѝ биде покажан документот којшто го преговарале двоецот Заев-Бучковски со официјална Софија.
„Ова можеме да го спречиме само на еден начин, а тоа е јавноста со својата критика, а истовремено и народот на улиците, во рамките на ВМРО-ДПМНЕ, секој ден почнувајќи од утре да ги блокира Скопје и десет градови во Македонија во периодот од 15 до 17 часот на три места, сè додека на јавноста не ѝ биде покажан документот ‘Патоказ’, или како сакате наречете го, којшто го преговараа двоецот Заев-Бучковски со официјална Софија, а се однесува на прифаќање на Декларацијата што е усвоена во бугарскиот парламент во 2019 година, да биде дел од преговарачкиот процес или, да бидам чекор попрецизен, тоа е првиот кластер ‘фундаменталс’ или претпоглавје. Доколку ова биде дел од преговарачкиот процес, ние ќе бидеме доведени пред двоен избор, а тоа е или асимилација – бугаризација еден ден кога ќе ги завршиме реформите и бидеме дел од ЕУ или замрзнување и напуштање на сонот за ЕУ“, рече Мицкоски.
Тој рече дека од високи дипломатски извори, од Брисел, но и од официјална Софија дознале дека барањата коишто се составен дел од Декларацијата усвоена во бугарскиот парламент практично ќе бидат дел од преговарачката рамка на Македонија со Европската Унија.
„И од тој момент билатералниот проблем што го имаме со официјална Софија, а се однесува на посебноста на македонскиот народ, културата, традицијата, обичаите, македонскиот јазик, антифашистичката борба, сите оние проблеми коишто се содржани во Декларацијата усвоена од бугарскиот парламент ќе бидат проблемшто ќе го имаме ние со Европската Унија, односно од билатерален проблем, тоа ќе прерасне во проблем помеѓу Македонија и Европската Унија“, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Апелираше до сите политички партии да се приклучат на барикадите.
„Да не биде после доцна, затоа што грешката што денес ќе се направи може да има влијание на иднината на генерациите коишто сè уште не се родени и генерациите коишто се денеска со нас и треба да нè наследат“, рече Мицкоски.
„Апелирам до вас, оставете ги овие хегемонистички барања од официјална Софија коишто ги негираат посебноста на македонскиот јазик, идентитетот, историјата, културата, обичаите,и стапете со вредностите на коишто почива идејата за ЕУ. Дајте ни датум да почнеме со преговори со вас и тој датум да биде сега, на 21 јуни. Овој народ тоа го заслужува. Можеби тоа не го заслужува Зоран Заев и оваа Влада, со сигурност не, но овој народ тоа го заслужува. Ние сме за достоинствени преговори и ќе ви покажеме дека можеме и заслужуваме да бидеме дел од вас на таа маса“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Mузичари од БиХ настапувале во локал во Кичево без работна дозвола, поднесена прекршочна пријава
При засилена акциска контрола спроведена на 29 и 30 ноември од полицијата во Кичево и Регионалниот центар за гранични работи Запад, во координација со Пазарниот и Трудовиот инспекторат, во угостителски објекти во Кичево биле затекнати музичари од Босна и Херцеговина кои работеле без соодветна дозвола, соопшти МВР.
Во угостителски објект на магистралниот пат Кичево–Охрид биле затекнати пејачката Џ.Р. (23) и членовите на бендот К.Џ. (27), Е.П. (25), Ф.Ј. (28) и И.К. (24), сите од Босна и Херцеговина. Тие настапувале без претходно обезбедена работна дозвола, соопшти МВР.
Против нив е поднесена прекршочна пријава до Основниот суд Кичево.
Македонија
Герасимовски со УНИЦЕФ: Заедно во превенција на вандализам и воведување општокорисна работа за малолетници
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, одржа работен состанок со тимот на УНИЦЕФ предводен од Лесли Милер, претставничка на организацијата во државата.
На состанокот се дискутираше на тема општокорисна работа и превенција на вандализмот кај малолетните лица.
Беа разгледани насоки за склучување меморандум за меѓународна соработка и отпочнување пилот-проект во општинските училишта, со вклучување на учениците, наставниците и родителите, со цел да се изнајдат решенија и спроведат координирани активности за превенција на девијантни појави кај малолетниците.
Експертите на УНИЦЕФ споделија искуства од регионот и светот, нагласувајќи дека проблемите поврзани со децата можат да се надминат само преку обуки, едукација и активно учество на целата заедница.
Се разговараше и за потребата од дополнителна регулација во областа на правата на децата и малолетничката деликвенција, преку подзаконска рамка и унифицирање на постапувањето на сите надлежни институции на државно ниво.
Општина Центар прва ја покрена иницијативата, која потоа ја поддржа и ЗЕЛС, за меѓуинституционална соработка и воведување општокорисна работа како воспитна мерка за малолетни сторители на вандализам.
„Вандализмот е сериозен проблем што бара итна и координирана реакција. Малолетните сторители мора да се соочат со одговорност, заедно со нивните родители“, порача градоначалникот Герасимовски.
Иницијативата предвидува измени на Законот за прекршочна постапка, Законот за пробација и Законот за правда за децата, со цел општокорисната работа да стане системска мерка која ќе придонесе за превенција и ресоцијализација.
Дополнително, побарани се измени во Законот за семејство и Законот за извршување санкции, со кои би се вовела и одговорност на родителите преку заедничко учество во општокорисната работа.
Македонија
(Видео) Николоски: Пробиени 17 километри за обиколување на „Стража“ на автопатот Гостивар–Букојчани
Интензивно се одвиваат градежните активности на автопатот Гостивар – Букојчани, кој е дел од Коридорот 8 на релацијата Скопје – Струга – Охрид, објави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски на „Фејсбук“.
Тој сподели и видео-материјал од теренот, наведувајќи дека досега се пробиени 17 километри од трасата, со што се заобиколува популарната планинска делница „Стража“.
Во објавата Николоски порача: „Ја градиме Македонија!“.
Автопатската делница Гостивар – Букојчани е дел од големиот инфраструктурен пакет на Коридор 8, кој треба да ја подобри поврзаноста меѓу Скопје, западниот регион и Охридско-струшкиот крај.

